Забава
Ед Ширан прогласен за најбогата британска славна личност на возраст до 30 години

Ед Шеран е на врвот на листата најбогати славни личности во Велика Британија на возраст од 30 или помалку години, а неговото богатство се проценува на 170 милиони фунти.
Според „Хит магазин“, 28-годишниот пејач речиси двојно го зголеми своето богатство во последните 12 месеци и го презеде местото број еден од Адел.
Даниел Ретклиф (30) е втор на листата најбогати ѕвезди со проценето богатство од 90 милиони фунти, а Хари Стajлс (25) е трет со речиси 64 милиони фунти во банка. Другите имиња на годинешната листа со богаташи на „Хит магазинот“ се ѕвездите Кара Делевињ и Литл Микс.
Списанието ги проучува банкарските сметки, продажбата и банкарските одобренија на најпознатите славни личности во Велика Британија на возраст до 30 години или помалку.
Минатата година Адел се најде на врвот на листата со проценето богатство од 147,5 милиони фунти, но таа во мај наполни 31 година и повеќе нема да биде вклучена во оваа анкета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Џесика Симпсон живеела повлечено по критиките за телото

Џесика Симпсон станала осаменик откако се соочила со интензивно критикување на нејзиното тело кога била млада sвезда, а нејзината мајка Тина Симпсон сега изјави дека коментарите станале толку лоши, што Џесика не сакала да ја напушта куќата.
“Морам да бидам искрена: За мене најтешката работа со Џесика беше тежината, бидејќи начинот на кој луѓето ја проценуваа беше неверојатен. Исмејување на телото е страшна работа и ниту една девојка не треба да помине низ тоа,“ рече мајката на 40-годишната пејачка и актерка во емисијата „Тудеј“.
„Исмејувањето катапултираше различни емоции во нејзиниот живот. Тоа ја натера да се повлече во себе, да стане осаменик и да се крие, не сакаше да излезе од дома.“
Џесика претходно зборуваше за постојаниот надзор на јавноста над неа во своите мемоари „Отворена книга“, каде цитира свој напис во весник во врска со критиките за облеката што ја носела на концерт.
“Денес моето срце се крши затоа што луѓето велат дека сум дебела. Зошто допира до мене суровото мислење на овој свет?” наведува таа во написот што датира од 2009 година.
Забава
Поранешниот дом на кралицата и принцот Филип во Малта ќе стане музеј

Тогашната британска принцеза Елизабета и нејзиниот сопруг Филип живееја во вилата Гвардаменџија во Валета две години, кога првпат се венчаа.
Тоа беше еден од нивните први брачни домови и место каде што тогашната принцеза и поморскиот офицер можеа да живеат релативно нормален живот како сопруг и сопруга, пред ненадејната смрт на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести, да ги смени нивните животи засекогаш.
Сега, вилата Гвардаменџија во Валета, главниот град на Малта, ќе се трансформира во музеј.
Двојката живееше во Валета две години помеѓу 1949 и 1951 година. Изградена во 18. век во стилот на летна палата, вилата Гвардаменџија им беше позајмена на сопружниците од саканиот вујко на Филип, лорд Луис Монтбатен, кој ја изнајми од семејството Шембри.
Оваа куќа, наводно, чува многу среќни спомени за парот, кој подоцна во животот со задоволство се присетувал на безгрижните денови поминати таму. Кралицата, тогашна принцеза, била морнаричка сопруга, купувала во нејзиниот „Морис“ и патувала со брод околу архипелагот, додека нејзиниот сопруг работел напорно во морнарицата, една од неговите големи радости и кариера што ја прекина пред крунисувањето на неговата сопруга за кралица.
Планираниот проект за реставрација на куќата која веќе почна да се распаѓа го надгледува владата на Малта, која го стекна имотот со 18 спални минатото лето.
Забава
(Видео) „Армија на мртвите“ на Зак Снајдер го објави првиот трејлер

Режисерот Зак Снајдер повторно се враќа по мартовската премиера на неговата верзија на „Лига на правдата“ со прв целосен трејлер за претстојниот Army Of The Dead („Армија на мртвите“).
Sвездата на „Чуварите на галаксијата“, Дејв Батиста, ја предводи големата актерска екипа во која се појавуваат Тиг Нотаро и Омари Хардвик додека тој прифаќа мисија шти ѝ пркоси на смртта.
Приказната следи група платеници што планираат да ја изведат најголемата кражба во казино во Лас Вегас. Градот претходно бил ограбен од зомби-месојадци.
Трејлерот сугерира дека „Армијата на мртвите“ на „Нетфликс“ ќе биде комфорна територија за Снајдер, кој првпат се прослави со својот римејк на Dawn Of The Dead („Зора на мртвите“) во 2004 година.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш