Забава
Елен Деџенерис го промени изгледот
Таа се обидува да го поправи својот имиџ откако летово се најде во центарот на скандал за фрустрирачка атмосфера на работното место.
Елен Деџенерис изминатава недела го претстави својот сосема нов изглед.
Водителката на популарното ток-шоу (62) реши да ја смени вообичаената асимтерична пикси фризура.
Таа беше цел на серија обвинувања од поранешни вработени во продукцијата на популарното ТВ-шоу. На „водителката од пеколот“, како што ја нарекоа во медиумите, ѝ се препишуваат неколку обвиненија во скандалот кој откри недоличен однос кон вработените, расизам и сексуално вознемирување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
