Забава
Елен Деџенерис најави крај на своето шоу по 19 години во етерот
Елен Деџенерис ќе стави крај на своето долгогодишно ток-шоу во 2022 година по 19 години во етерот.
„Колку и да е одлична оваа емисија и колку и да е забавна, едноставно повеќе не е предизвик“, изјави таа за „Холивуд репортер“.
Најавата доаѓа само неколку месеци откако шоуто се соочи со обвинувања за токсична работна атмосфера. Ваквите наводи доведоа до откази на тројца главни продуценти, а Деџенерис ја отвори новата сезона со јавно извинување.
Шоуто на Елен Деџенерис, кое се емитува од септември 2003 година, ќе заврши во 2022 година по 19-тата сезона.
Секојдневна комбинација од комедија, интервјуа и интересни приказни на луѓе е главна тема на телевизиското шоу иако гледаноста опаѓа во последните години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Скопје во еден ритам: Махмут Орхан пред повеќе од 7.000 посетители
Светски познатиот DJ приреди моќен арена настап и незаборавна електронска вечер во Арената „Борис Трајковски“.

Над 7.000 посетители ја исполнија арената „Борис Трајковски“ во Скопје, каде што светски познатиот турски DJ и продуцент Махмут Орхан приреди спектакуларен настап во рамки на „The Arena Experience“, во организација на Music Rituals.

Вечерта започна со програма на домашни изведувачи Anna Noodle и Danyel, Brancez и Lephonq, и странски изведувачи Stasi Sanlin и People Like Us, кои со своите сетови ја подигнаа енергијата пред главниот настап.

Со врвна продукција, впечатливи визуелни ефекти и својот препознатлив мелодичен електронски звук, Махмут Орхан ја донесе глобалната клубска енергија создавајќи силна атмосфера и незаборавно музичко доживување за публиката.

Настанот уште еднаш го потврди потенцијалот на Скопје како дестинација за големи меѓународни електронски музички продукции и постави нови стандарди за ваков тип на настани во регионот.

Забава
Брижит Бардо ги излудуваше мажите – од хеликоптер ѝ ја посипувале куќата со рози
Француската филмска дива и секс-симбол Брижит Бардо почина вчера на 91-годишна возраст. Нејзиниот бурен љубовен живот, розите фрлани од хеликоптер и искрените признанија за страста и неверството и денес ја фасцинираат светската јавност.
Позната по русата коса, препознатливиот стил и бикините, Брижит Бардо стана секс-симбол на 1950-тите и 1960-тите години благодарение на филмот И Бог ја создаде жената, режиран од нејзиниот тогашен сопруг Роже Вадим.
Она што особено ја издвојуваше Бардо беше нејзината слобода и храброст – се појавуваше на насловни страници во минимална облека, без накит и парфем, често одеше боса или во балетанки. Токму поради тоа, многумина сметаат дека таа „ја измислила голотијата“ во филмот и поп-културата.
Родена во Париз во 1934 година, прво се занимавала со балет, а потоа станала модел и филмска ѕвезда. На само 15 години се појавила на насловната страница на списанието Ел, по што следувале филмски улоги што ѝ донеле светска слава. Нејзиниот изглед инспирирал и музичари како Џон Ленон и Пол Макартни, кои барале нивните партнерки да го имитираат нејзиниот стил.
Брижит Бардо имала четири брака и низа страсни врски. Нејзиниот прв сопруг бил режисерот Роже Вадим, од кого се развела во 1957 година. Вториот сопруг ѝ бил актерот Жак Шарие, за кого се омажила во 1959 година и со кого го добила синот Никола-Жак. Бракот завршил со развод во 1962 година.
Подоцна имала афери со колеги, музичари и актери, меѓу кои Жан-Луј Трентинјан, Жилбер Беко, Глен Форд и други.
Нејзиниот трет брак бил со германскиот милионер Гинтер Закс, кој ја обасипувал нејзината вила со рози фрлани од хеликоптер. Четвртиот и последен брак го склучила со Бернар д’Ормал, со кого останала до крајот на животот и кој ѝ помогнал да го подобри односот со синот Никола-Жак.
Во своите мемоари, Бардо отворено признала:
„Со секоја врска постојано се враќав во потрага по други љубови кога сегашноста ќе станеше млака. Не го сакам она што е помеѓу, помалку добро. Отсекогаш сум барала страст. Затоа често бев неверна. А кога страста ќе беше при крај, ги пакував куферите.“
Во 1970-тите години се повлекла од глумата и се посветила на активизам за правата на животните. Нејзиниот политички ангажман често бил контроверзен, вклучувајќи ја и јавната поддршка за крајно десничарската партија Национален фронт во Франција, што предизвикало бројни осуди.
И покрај повлекувањето од филмскиот свет, Брижит Бардо остана вечна икона на убавината, слободата и страста, а нејзиниот живот и денес ги интригира генерациите љубители на филмот и поп-културата.
Забава
(Видео) Австралиската пејачка во секси костим ги честиташе празниците: Се надевам дека одлично се забавувате
Австралиската пејачка Кајли Миног (57) изгледаше неверојатно додека позираше на Инстаграм во впечатлива црвена кадифена јакна со качулка, украсена со бело вештачко крзно, која се ширеше во мини-здолниште.
Јакната беше стегната на половината со широк црн лакиран кожен ремен, што дополнително ја истакнуваше нејзината зачудувачка фигура.
Сексипилниот изглед, ист како и во нејзиниот музички спот, го комплетираше со црвено-бели пругасти хулахопки и црни кожни чизми до колена.
„Среќен Божиќ, драги мои, се надевам дека се забавувате одлично и ви испраќам многу љубов“, напиша Кајли.
Кајли Миног е позната по својот младешки изглед и совршена фигура со години, па затоа не е тајна дека многу внимава на исхраната и негата на лицето. Нејзините принципи се едноставни, заштитата од сонце е на прво место, но и редовното отстранување на шминката.
Пејачката никогаш не се оптоварувала со годините и решила да ги прифати онака како што најдобро знае.

