Контакт

Забава

Елен Деџенерис повторно ја купи куќата во Монтесито

Објавено пред

Толку добра што ја купи двапати!

Елен Деџенерис ја продаде својата историска куќа во Монтесито, Калифорнија, во 2018 година за 11 милиони долари. И сега таа реши да ја откупи за 14,3 милиони долари.

Познатата водителка на ток-шоу го купи имотот Ранчо Сан Леандрово 2017 година за 7,2 милиони долари, а една година подоцна му го продаде на основачот на „Тиндер“, Шон Рад, за 11 милиони долари.

 

Комплексот се протега на површина од шест акри и е веднаш до масивната хациенда на Опра Винфри од 70 милиони долари, во отмената енклава надвор од Санта Барбара, во која живеат и Роб Лоу, Кети Пери и Орландо Блум, принцот Хари и Меган Маркл.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Софија Вергара блеска во цветен фустан на интимна вечера со сопругот

Објавено пред

Таа е во брак со актерот Џо Манганиело веќе пет години.

А, Софија Вергара и нејзиниот сопруг во понеделникот вечерта прославија поинаква годишнина кога одбележаа седум години од нивниот прв состанок.

48-годишната sвезда на серијата „Модерно семејство“ и 44-годишниот актер од „Вистинска крв“ (True Blood)  уживаа во врвната кујна на популарниот јапонски ресторан „Нобу“ во Малибу.

Атрактивната Колумбијка го истакна својот сексапил во креација од Вероника Бирд, живописен фустан со разголени рамена и прекрасни цветни дизајни.

Софија е магнет за камерите и фотоапаратите каде и да се појави.

Прикажи повеќе...

Забава

Мерил Стрип проговори за методскиот пристап глумејќи ја Миранда Присли

Објавено пред

Последното искуство на Мерил Стрип со методска глума ја оставило многу потиштена.

71-годишната актерка целосно се соживеа со улогата на главна уредничка на модниот магазин Runway („Писта“), Миранда Присли, во филмот „Ѓаволот носи Прада“ од 2006 година и пред камера и надвор од неа, но мразела да биде изолирана далеку од остатокот на актерската екипа, особено кога ќе слушнела колку добро си поминуваат заедно.

Методски пристап е техника на глума кога актерот се стреми целосно да се идентификува со ликот кој го глуми, и физички и ментално.

Во интерју за „Ентертеинмент викли“ Мерил откри дека не си поминала баш најдобро на снимањето на филмот.

„Беше ужасно! Се чувствував јадно во мојата приколка. Ги слушав сите како се забавуваат и се смеат. Бев многу потиштена! Реков: Тоа е цената што ја плаќате за да бидете шеф!“

„Тоа беше последен пат да се обидам со посебен метод на глума.“

Освен што го искористила советот на нејзиниот стар учител по драма, портретирањето на жилавата модна гуру било инспирирано и од актерот режисер Клинт Иствуд.

Таа објасни: „Тоа беше директна кражба на начинот на кој Клинт Иствуд води сцена. Тој е човек кој што луѓето навистина го почитуваат, и никогаш не го крева гласот. Единствениот пат кога го стори тоа, ги преплаши луѓето. Тие беа трауматизирани две недели.“

На училиштето за драма учителот ми велеше: „Како глумиш крал нема никаква врска со тебе – ти си само ти – начинот на кој сите други во собата реагираат кога ќе влезеш е тоа што те прави крал“.

Од нив зависеше како ќе се однесуваат, а јас само зборував и бев малку погадна отколку што сум вообичаено, додаде Мерил.

Прикажи повеќе...

Забава

Лук Еванс во нова серија, претходник на „Убавицата и ѕверот“

Објавено пред

Лук Еванс ќе глуми заедно со Џош Гејд во серија претходник на филмската верзија на приказната за убавицата и ѕверот.

42-годишниот актер ќе го портретира арогантниот Гастон во претстојната серија за „Дизни плус“ откога претходно влезе во истата улога во филмот „Убавицата и ѕверот“ од 2017 година.

40-годишниот Ош исто така ја повторува улогата на Лофу од филмот во кој играа Ема Вотсон и Ден Стивенс.

Лимитираната серија со осум епизоди ќе ги следи Гастон и Лофу додека тргнуваат со Тили, посестрата на Лефу, по големото откритие од нејзиното минато.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 минути

Борел: Три принципи во новата стратегија на ЕУ кон Русија

Новата надворешно-политичка стратегија на ЕУ кон Русија ќе се заснова на три принципи: одбивање, воздржаност и соработка, изјави високиот претставник...

Регион21 минута

Нови мерки во Србија – дозволени се матурски прослави, угостителите може да работат и на затворено

Поради постабилната епидемиолошка состојба во Србија, од денес во сила се нови мерки, од кои повеќето се однесуваат на угостителските...

Македонија58 минути

Од денеска нема полициски час, дозволени се веселби и настани на отворено

Од ноќеска на полноќ престана да важи одлуката за полициски час, а се укина и ограничувањето на работното време на...

Свет2 часа

Средбата Путин – Бајден во Женева под строго засилени мерки

Денеска во Женева американскиот претседател Џо Бајден ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и тоа ќе биде нивна...

Свет2 часа

(Видео) Израел бомбардира позиции на Хамас, прекршено примирјето во Појасот Газа

Израел синоќа ги бомбардира позициите на Хамас, со тоа беше прекршено примирјето во Појасот Газа, јавуваат светските агенции. Израелската страна...

Топ17 часа

Пронајдени 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид

Полицијата пронајде 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Според информациите на МВР, приведени се две...

Македонија19 часа

28 новозаразени од коронавирус, нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на...

Македонија21 час

Актерката Силвија Стојановска доби три и пол години затвор поради учество во шверц на кокаин

Затворска казна од 3,6 години доби актерката Силвија Стојановска за транспортот на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Нејзиниот...

Македонија22 часа

Филипче ја прими грчката донација од 20.000 дози вакцини од „Астра зенека“

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини на „Астра зенека“...

Свет22 часа

„Политико“: Има пет работи поради кои Бајден ја сака Европа, една од нив е Балканот

Малкумина американски претседатели стапиле на таа функција со толку многу поминати километри во меѓународни патувања како што е Бајден, пишува...

Македонија22 часа

Вчера се аплицирани 4.840 вакцини, прва доза примиле 3.222 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани,...

Македонија23 часа

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми влијае за некој предмет

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, тврди дека врз неа не може да влијае ниту еден политичар ниту, пак, да...

Свет1 ден

Израел ги укина маските во затворено

Министерството за здравство на Израел објави дека од денеска веќе не важи обврската за носење заштитни маски во затворен простор....

Македонија1 ден

Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

На седница што ќе почне денеска во 13 часот, според соопштение од владините служби, на дневен ред пред министрите за...

Свет1 ден

СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирус во последните седум недели

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, рече дека има пад на новозаразени од коронавирус во последните...

Свет1 ден

Бајден вети дека ќе му ја каже црвената линија на Путин

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, вчера во Брисел вети дека ќе му каже на својот руски колега Владимир Путин каде е...

Свет1 ден

Кина возврати на обвинувањата на НАТО: Кажувате невистини, ние сме мирољубиви

Кинеската мисија во Европската Унија денеска ја осуди процената на НАТО од вчерашниот самит дека Кина претставува „системски предизвик“. Водачите...

Македонија2 дена

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Свет2 дена

Бајден: Напад врз една членка на НАТО е напад врз секого

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се...

Свет2 дена

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Досие