Контакт

Забава

Елен Помпео е подготвена да стави крај на „Вовед во анатомија“ по речиси 20 години

Објавено пред

52-годишната актерка, која ја глуми доктор Мередит Греј во маратонската ТВ-серија „Вовед во анатомија“, се обидува да ги убеди луѓето дека серијата треба да дојде до природен крај.

Во интервју за „Инсајдер“ додека ја промовира својата компанија Betr Remedies, Елен рече: „Се обидував да се фокусирам на тоа да ги убедам сите дека треба да заврши“.

„Се чувствувам како да сум супернаивка, која постојано вели: „Каква ќе биде приказната, каква приказна ќе раскажеме? И сите велат: Кому му е гајле, Елен? Заработува газилион долари“.

„Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy) почна да се емитува во 2005 година и неодамна ја заврши својата 18. сезона.

Забава

Бредли Купер сакал да се откаже од актерството во 2020 година

Објавено пред

Бредли Купер откри дека за малку ќе се откажел од актерството во 2020 година.

Главниот протагонист во „Ѕвездата е родена“ размислувал да стави крај на кариерата кога култниот режисер Пол Томас Андерсон му се јавил и го замолил да глуми во Licorice Pizza.

Во интервјуто Actors on Actors на „Вараети“, Бредли, кој го портретира филмскиот продуцент Џон Питерс во филмот, рече: „Причината што не се откажав од глумата е Пол Томас Андерсон. Кога ме повика да бидам во неговиот филм, сакав да бидам во тој филм, како да ми отвори врата.“

Филмот е снимен во услови на пандемија во летото 2020 година, а 47-годишната холивудска ѕвезда очигледно не сакал да ја пропушти шансата да работи со 51-годишниот режисер на „Буги најтс“, кој го зеде под своја закрила и ја обнови неговата страст за снимање филмови.

Прикажи повеќе...

Забава

Британски актер тврди дека станал бездомник поради неговите антиваксерски ставови

Објавено пред

Поранешниот актер од британската ТВ-серија Coronation Street, Шон Ворд, тврди дека останал на улица без никаков имот како резултат на неговите антиваксерски ставови во врска со пандемијата на Ковид-19.

Британските медиуми цитираат објава на 33-годишниот актер на Инстаграм, во која вели дека морал да го продаде својот стан бидејќи повеќе не може да си го дозволи. Тој, наводно, нема никакви понуди за работа откако искажал ставови против вакцинацијата. Намештајот и личните работи ги префрлил во магацин, и на крајот, ги загубил бидејќи повеќе не можел да ги плати трошоците за магацинот.

„Целиот мој живот е во тој магацин. Изгубив сè. Не можев да побарам помош од никого бидејќи мојот избор беше да проговорам за вакцините. За среќа, навреме го извадив душекот и повеќе од една година спијам на него кај мој пријател“, пишува Шон на својот Инстаграм-профил, додавајќи дека и автомобилот му го конфискувале поради долгови.

Тој тврди дека се откажал од се за да го поддржи движењето против вакцинација. Учесник бил и на протестите против мерките и вакцините. Своите антиваксерски ставови тој редовно ги искажува на социјалните мрежи и тоа го нарекува „борба за слобода“.

Инаку, британски „Метро“ пишува дека Ворд заработувал околу 100,000 фунти годишно за време на снимањето на серијата. Тој го глумеше дилерот Калум Логан.

Прикажи повеќе...

Забава

Крис Нот со сопругата прпат по наводите за сексуален напад

Објавено пред

Крис Нот беше фотографиран со неговата сопруга Тара во Јужна Калифорнија во вторникот попладне за првпат откако четири жени го обвинија за недолично однесување и сексуален напад.

Актерот беше на средба со своето семејство – сопругата Тара, со која е во брак речиси 10 години, и двата сина, Орион (14) и едногодишниот Китс.

Медиумите веднаш забележаа дека Крис (67) го носи својот венчален прстен, а Тара (39) е без нејзиниот. Таа се обидува да продолжи да изгледа нормално по скандалот што моментално го мачи нејзиниот сопруг.

Средбата доаѓа по скандалот со ‘Мистер Биг’, што го поттикна креативниот тим зад новата сезона на „Сексот и градот“ да го избрише неговото камео појавување во завршната епизода.

Нот остана во голема мера надвор од очите на јавноста по сторијата на „Холивуд репортер“, кој објави сведоштва на две жени под псевдоними Зои (сега 40) и Лили (сега 31). Неговата сопруга се отсели од семејниот дом пред Божиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

СОНК: Второто полугодие да почне онлајн, училиштата можат да бидат опасен кластер

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура бара Владата да ја повлече одлуката за почеток на второто полугодие со физичко...

Топ4 часа

Осомничениот за сообраќајката кај Лисиче возел под дејство на алкохол и поминал на црвено

Јавното обвинителство од Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишниот скопјанец за кого постои сомнение за тешки дела...

Европа4 часа

Лавров: САД не одговараат на најважното прашање – ширењето на НАТО кон исток

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека содржината на американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции...

Македонија6 часа

Писмо со закани по живот од терористичка организација добил јавниот обвинител Јовески

Државниот јавен обвинител извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година...

Европа6 часа

Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати...

Европа7 часа

Војник застрелал петмина стражари во фабрика за оружје во Украина

Војник на украинската национална гарда од засега непознати причини пукал во припадници на обезбедувањето во воена фабрика во Днепар, при...

Македонија20 часа

Наставата продолжува со физичко присуство на 1 февруари

Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование на учениците да продолжи со физичко присуство на 1 февруари. Оваа...

Македонија20 часа

Се намалува периодот на карантин на седум дена

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство...

Македонија23 часа

Нови 2.019 случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 968, Битола...

Македонија23 часа

ЦУК апелира до граѓаните да не се движат под опасната карпа на Матка, се преземаат активности за превенција

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да не се движат на местото под опасната карпа на Матка, поточно...

Топ24 часа

(Видео) Разбиена криминална група, запленетa марихуана вредна 50.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал денеска донело наредба за истрага против три лица за кои постои сомнение дека...

Македонија1 ден

Преку снимки од надзорните камери околу мостот Гоце Делчев ќе се расветлуваат причините за несреќата

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа...

Топ1 ден

Пешак прегазен пред мостот Гоце Делчев

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје. Пешак бил прегазен во близина на...

Македонија1 ден

Мицевски: Бараме укинување на Пржинската влада

Дополнување на дневниот ред, со точка за предлог-закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка,...

Топ1 ден

Фатална сообраќајка во Лисиче – загина возач, а тешко повредена е неговата 15-годишна ќерка

Дежурен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу...

Македонија1 ден

Лекарската комора бара промени на казнената регулатива на Фондот

Лекарската комора остро реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување. Оттаму...

Свет1 ден

Италијанските болници одбиваат да лекуваат невакцинирани пациенти, новинари снимиле со скриена камера

Италијанските болници одбиваат да ги лекуваат и оперираат невакцинираните и оние кои не биле заразени. Откако минатата недела во емисијата...

Македонија1 ден

Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи во Западен Балкан

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување...

Свет1 ден

Русија почна големи поморски вежби во Арктикот

Руски воени бродови денеска влегоа во Баренцовото Море за да вежбаат заштита на главната рута на бродскиот сообраќај на Арктикот,...

Свет1 ден

Холандија ги олабавува мерките и покрај силниот бран на инфекции – кафулињата и рестораните ќе работат до 22 часот

Холандија од денеска отвора ресторани, театри, музеи и кина и покрај силниот бран на инфекции со варијантата омикрон на коронавирусот,...

Досие