Забава
Елизабет Харли позира во бикини, фановите ѝ пишуваат: „Нема шанси да имаш 59 години“
Актерката и манекенка Елизабет Харли (59) ужива во својот одмор додека е уште лето. Таа со своите следбеници сподели видео во бел костим за капење и доби 140.000 лајкови.
View this post on Instagram
На видеото се гледа како Харли се капе во морето, а потоа се тушира. Обожавателите се воодушевени од нејзината линија.
„Нема шанси да имаш 59“, „Подобро тело од многу 30-годишни девојки“, „Ова е чиста убавина“, „Апсолутно совршена“, „59-годишна во тело на 21-годишна“, „Никогаш не си била поубава“, се само дел од коментарите.
View this post on Instagram
Во една прилика Харли ја откри тајната на својата линија – избегнува преработена храна.
View this post on Instagram
„Не држам модни диети. Мојот вкус е прилично едноставен и секогаш внимавав што јадам. Не пијам зелени сокови, но не јадам ниту преработена храна. Ги гледам етикетите на храната уште од тинејџерска возраст“, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Селена Гомез ги поттикна гласините дека е верена, на Еми наградите се појави со дијамантски прстен
Селена Гомез пристигна на доделувањето на Еми наградите облечена во долг црн фустан на Ралф Лорен и неколку забележливи дијамантски прстени, меѓу кои и еден кој ги поттикна гласините за можна свршувачка со музичкиот продуцент Бени Бланко.
Селена и Бени беа многу блиски за време на доделувањето на наградите, а како што претходно објави TMZ, Селена започнала да следи популарен планер за свадби на TikTok.
Да потсетиме, Селена на почетокот на август ги подгреа гласините за нејзината свршувачка со момчето Бени Бланко, кога објави фотографија на која заедно позираат пред огледало, а на прстот стави емотикон со срце.
Сепак, пејачката и нејзиното момче се уште официјално не ја потврдија веста за свршувачката или за можна венчавка, но Бланко во неодамнешното гостување во шоуто „The Howard Stern Show“ потврди дека нивната врска е сериозна и дека сака да започне брак и семејство со Селена.
Забава
(Видео) Шакира се симна од сцената откако забележа дека некој ја снима под фустанот
На социјалните мрежи се прошири видео од Шакира од ноќен клуб. Пејачката била во еден клуб во Мајами кога го отсвириле нејзиниот нов сингл Soltera, кој се очекува да излезе на крајот на годината. Кога песната свирела, Шакира се качила на сцената и танцувала во краток фустан.
Луѓето во клубот веднаш ги вклучиле мобилните телефони за да ја снимат познатата пејачка. Меѓутоа, Шакира на сред танц забележала дека некој ја снима премногу ниско, односно дека камерата е вперена под нејзиниот фустан.
Шакира почнала да го спушта фустанот и набргу нерасположена се симна од сцената.
That’s just beyond gross. Shakira had every right to walk off, no one should have to deal with that kind of disrespect, especially when she’s just out there performing her music. People need to learn how to act with basic decency! 🤔
— SHAVA (@SHAVA787) September 15, 2024
Бројни обожаватели на пејачката го критикуваа човекот кој се однесувал вака.
shakira cant even enjoy and dance to her OWN song like?? 😢
— 🔞Rayne-Arts (@ArtsRayne) September 15, 2024
„Луѓето се одвратни“, „Шакира не може ниту да ужива, ниту да танцува на нејзината песна“, „Кој и да ја снимал вака, треба да биде уапсен“, „Ова е повеќе од одвратно. Шакира е апсолутно во право што си замина“, се дел од коментарите.
Забава
Црвен отпечаток од дланка на устата: што се крие зад потегот на актерот
Вун-А-Таи позира во црн костум, со црвен отпечаток на дланка преку устата, симбол на солидарност за исчезнатите и убиените домородни жени.
Актерот Д’Фараон Вун-А-Таи (22) привлече внимание на доделувањето на наградите „Еми“. Ѕвездата на Reservation Dogs, која беше номинирана во категоријата за најдобар актер, го искористи своето појавување на црвениот тепих за да испрати силна порака.
Вун-А-Таи позира во црн костум, со црвен отпечаток од дланка на устата, со што испрати порака на солидарност за исчезнатите и убиени домородни жени, односно ги „означува сите исчезнати сестри, чии гласови не се слушаат, молкот на медиумите и законот“.
На годинешната церемонија Вун-А-Таи беше номиниран за својата прва награда „Еми“ за улогата во Reservation Dogs, но наградата му припадна на Џереми Ален Вајт за неговата улога во „Мечката“.
Сепак, Вун-А-Таи влезе во историјата како првиот домороден актер што бил номиниран во која било категорија за главна улога.
Reservation Dogs ја следи приказната за домородните американски тинејџери во Оклахома, кои сакаат да се пробијат до Калифорнија. Попатно, тие се подготвени на сè за да добијат пари, па дури и да ги украдат. Серијата е достапна за гледање на платформата „Хулу“.
Вун-А-Таи изјави за списанието „Варајати“ во април дека шоуто го научило на важноста да ја раскаже сопствената приказна.
„Никој не треба да ги кажува нашите приказни во наше име. Тоа трае предолго. Имавме доволно лажни претставувања“, рече Вун-А-Таи.