Забава
Елтон Џон со апел за масовно тестирање за ХИВ во Англија
Елтон Џон им се придружи на водечките британски добротворниорганизации во повикот за масовно тестирање за ХИВ со цел да се запрат нови трансмисии во Англија следната деценија, во услови на загриженост дека Ковид-19 влијае на пристапот до тестови и лекови.
По повод одбележувањето на Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА, првата британска комисија за ХИВ, која ја основаа три фонда – Теренс Хиџинс , Национален фонд за сида и АИДС фондацијата на Елтон Џон – објави 20 препораки за искоренување на нови случаи на ХИВ-позитивни до 2030 година.
Некои од препораките укажуваат дека тестирањето за ХИВ треба да биде стандардна постапка за пациенти кои се регистрираат кај нов лекар, пациенти на кои им се вршат рутински тестови со брисеви, или пациенти примени во одделенијата за итни случаи во болници.
„Едно нешто што научивме оваа година е важноста на тестирањето, тестот за ХИВ е од круцијална важност за ставање крај на нови случаи на ХИВ во Англија“, рече Џон, чија добротворна организација има собрано приближно половина милијарда долари во борбата против ХИВ-вирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Мисицата од Брегот на Слоновата Коска упадна во претставувањето на хрватската претставничка на Мис Универзум
Хрватската претставничка Лаура Гњатовиќ се пласираше меѓу првите 30 на 74-от избор за Мис Универзум во Тајланд. Сепак, на самиот почеток, пред да се претстави на сцената, кандидатката пред неа имаше мали проблеми.
Пред Лаура, се претстави девојката од Брегот на Слоновата Коска, Оливија Јејс, која го кажа своето име и презиме, но потоа направи пауза и го повтори, што се поклопи со претставувањето на хрватската претставничка.
Por demorona, la representante de Cote D’ Ivoire que además es de las favoritas, no pudo presentarse por completo. #MissUniverso. #MissUniverse #MissUniverse2025 pic.twitter.com/T5PWPhbEiA
— Ric La Torre (@RicLaTorreZ) November 21, 2025
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
View this post on Instagram
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
View this post on Instagram
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
View this post on Instagram
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Облече најмало бикини и помисли дека никој нема да ја види: папараците ја фатија на покривот на хотел
Популарната пејачка Дуа Липа моментално е во Рио де Жанеиро за нејзината бразилска турнеја „Радикален оптимизам“, а слободното време помеѓу настапите и пробите го искористи за да се опушти.

Сепак, папараците не ја пропуштија иако беше далеку од јавноста, и ја фатија на базенот на покривот од луксузниот хотел каде што престојува.

Во тесно црно-жолто бикини, Дуа Липа го покажа своето витко, тонирано и исончано тело, особено нејзините извајани стомачни мускули кои е невозможно да не се забележат и да не се коментираат, кои не избегаа од објективите.

Снимена е додека се обидува да се завитка во парео со ист дезен како бикинито, а како моден додаток носеше очила за сонце. Долгата коса лежерно паѓаше преку грбот, а очигледно е дека немаше ни трага шминка додека го впиваше витаминот Д.
Забележлив е и нејзиниот скап веренички прстен, со кој британскиот актер Калум Тарнер ја запроси кон крајот на декември минатата година.
фото: принтскрин

