Забава
Ема Вотсон била вљубена во Том Фелтон

Ема Вотсон се сети на моментот кога како тинејџерка се вљубила во нејзиниот колега од серијалот „Хари Потер“ Том Фелтон.
31-годишната актерка, која ја глумеше Хермајни Гренџер во волшебничката филмска франшиза, се присети на нејзината вљубеност во Том, кој го толкуваше злобниот Драко Мелфој.
Во специјалната емисија на „ХБО макс“ со наслов „Враќање во Хогвортс“ (Return To Hogwarts), актерската екипа повторно се собра за да ја прослави 20-годишнината од првиот филм „Хари Потер и каменот на мудроста“.
На Ема ѝ се придружија нејзините поранешни колеги Даниел Редклиф и Руперт Гринт, и сите заедно се навраќаа на времето кога го глумеа легендарното магично трио Хари, Рон Визли и Хермајни.
Тогаш Ема почна да зборува како срцето ѝ чукало побрзо кога била во близина на Том.
И покрај тоа што со години имаше шпекулации за наводна врска, никогаш ништо не се случило меѓу неа и Том.
34-годишниот актер откри дека бил свесен за својата тајна обожавателка откако некој од тимот му кажал дека многу ѝ се допаѓа на Ема.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Мајка со бебе застана покрај горила во зоолошка градина, реакцијата на животното ги воодушеви сите

Видео од зоолошка градина стана вирално на социјалните мрежи.
На снимката која има речиси 200.000 прегледи на „Твитер“, мајка го донела своето бебе во зоолошката градина и го ставила до стаклото зад кое седи горила.
Evo ga tvit za dobar dan… https://t.co/Xcf8CaVvYv
— Beskrupulozan (@MilosAJovanovic) June 9, 2023
Во тој момент, горилата ненадејно набрзина истрчува некаде… Потоа се враќа – носејќи го своето бебе.
Изгледа дека сакала да му се пофали на посетителот, да покаже дека и таа има свое младенче.
Забава
Меган и Хари ѝ се заблагодарија на продавницата што испрати роденденски подарок за Арчи

Додека принцот Арчи го прославуваше својот четврти роденден во мај, на гордите родители Меган Маркл и принцот Хари им пристигна специјално изненадување на влезната врата.
Војводата и војвотката од Сасекс добија велосипед за своето постаро дете, а убавиот подарок од локалната продавница за велосипеди не остана незабележан.
Сопствениците на продавницата „Мед догс енд инглишмен“ во Монтесито, Калифорнија, се огласија на „Инстаграм“ за да го споделат писмото што го добија од членовите на британското кралско семејство.
„Во име на принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс, ве молиме прифатете ја нивната искрена благодарност за внимателниот подарок што му го испративте на принцот Арчи за неговиот четврти роденден“, стои во писмото објавено на официјалниот „Инстаграм“ на продавницата за велосипеди.
„Велосипедот донесе многу радост, а најмногу го цени семејството. Тие побараа да им ја пренесам нивната благодарност за прекрасното изненадување“.
Писмото, кое било испратено на 6 јуни, го напишал Харисон Колкорд во име на Хари и Меган.
„Се надеваме дека ќе ужива“, објави продавницата ден по роденденот на Арчи. „Неговата сестричка ќе може да го вози кога ќе стане малку поголема“.
Принцот Арчи го прослави четвртиот роденден на 6 мај.
Сопственичката на продавница, Џенифер Блевинс, и нејзиниот сопруг Мартин не очекуваа ништо за возврат откако на Арчи му подарија отмен специјализиран детски велосипед.
„Ние сме британска фирма во градот и сакавме да му дадеме подарок на Арчи“, изјави Џенифер за „Пипл“. „Дојде курир во нашата мала продавница на Кост Вилиџ Роуд и го остави писмото“.
Забава
(Видео) Мечка спасува младенче од Пена во тетовско Бродец

Жители на тетовското село Бродец споделија снимка на која се гледа како мечка се обидува да спаси младенчиња, кои паднале во реката Пена. Од видеото се гледа како таа влегува во реката и се обидува да ги извади.
„Видео е снимено во близина на селото, каде што мечката се обидува да ги спаси младенчињата од реката, а го испрати Азам Амети“, стои во објавата од фејсбук-страницата „Село Бродец“.
Во коментарите на објавата има и видеа од кои се гледа дека претходно мечката трагала по младенче и во планината.