Забава
Ема Стоун ја продава куќата во Малибу

Оскаровката Ема Стоун, ѕвезда на „Ла Ла Ленд“, ја стави на продажба својата куќа во Малибу за 4.2 милиони долари.
Речиси четири години откако го купи имотот покрај океан за 3.25 милиони долари, 33-годишната актерка реши да го огласи на пазарот на недвижности, објави „Волстрит журнал“.
Еднокатната куќа од 157 квадратни метри се простира на имот со површина од 1.300 квадрати, во луксузната област Саут Калифорнија.
Агентот на Sotheby’s International Realty, Ерик Лејви, ја опиша куќата за весникот како „класичен калифорниски среден век од 1958 година што виси над Пацификот и куќа на плажа во Малибу што би ја избрале за филм на Ненси Мејерс.“
Домот на убавицата вклучува извонреден поглед на градскиот пејзаж на Лос Анџелес, Тихиот Океан и островот Каталина и е во непосредна близина на пешачките патеки и плажата.
Има и трпезарија на отворено, која е покриена со дрвја од еукалиптус и јука, како и двор со панорамски поглед на брегот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада
Кои се шесте тајни на Мараја Кери за младешки изглед?

Пејачката Мараја Кери има 52 години, а причините за тоа како се чувствува и како изгледа се применливи и за „обичниот свет“. Ова се шесте нејзини „патокази“ кои може сите да ги следат:
1. Одбира здрави грицки
Додека Кери некогаш посегнуваше по брза храна, сега се сврте кон здравите опции за грицкање. Престанала да грицка нездрава храна и слатки, сведочи неименуван извор за „Hollywood Life”. Наместо тоа, грицка манго и боровници, за да го одржи нивото на енергија и здрав живот. Боровниците имаат својство против стареење.
2. Јаде органска храна
Кери овие денови има тенденција од продавниците да купува органски производи.
„Таа јаде многу органски зеленчук, месо и риба“ рекол изворот за „Hollywood Life”.
Бирањето органска храна на ѕвездата и помага да биде што помалку изложена на пестициди, повеќе да троши од хранливите материи, а преднст е и свежиот вкус на храната.
3. Ги контролира порциите
Поп ѕвездата многу пази да не се прејаде
„Јаде многу бавно и води сметка за тоа кога се чувствува сита и кога да престане да јаде“ наведува изворот. Контролата на порциите е една од најдобрите навики во исхраната, за брзо губење на тежината.
4. Не јаде преработен шеќер
Уште од 2018 година го исфрли шеќерот од својата исхрана.
„Таа сака мали коцки чоколадо, чоколадни десерти или други видови слатки. Но се држи до мали залчиња десерт. Сака навечер да се напие чаша добро вино.
5. Не се мери на вага
Иако Кери може да е строга во поглед на нејзиното јадење, таа не е опседната со мерење на вага. Тоа и го поддржува менталното здравје додека е на диета.
„Никогаш не сум се мерела на вага. Јас сум девојка со крупни коски, висока сум и затоа секогаш имаш вишок тежина“ вели таа.
6. Прави аеробик вежби
Мараја сака да е активна и прави аеробик вежби. Ги прави во базен, обожува пливање. Вежбањето во базен е познато како одличен тренинг за лица постари од 60 години затоа што го намалува притисокот на зглобовите, пренесува „eatthis.com“.
Забава
Ријана во јавност првпат по породувањето

Познатата пејачка за време на бременоста предизвика бура во јавноста и поделени мислења. Повод за коментирање беше нејзиното облекување за кое многумина сметаа дека е непримерно за трудница, пренесуваат светските магазини.
Секогаш, како што анализираат во написите, го откриваше трудничкиот стомак, носеше машки пантолони, а во една прилика откри зошто не поднесува трудничка облека. Ријана сега за прв пат по породувањето се појави на фестивалот „Wireless“ во Лондон.
Ријана дошла да му даде поддршка на своето момче, а папараците ги уловиле во берберница во лондонската населба Кристал Палас, пред неговиот настап на фестивалот. Многумина чекале да видат како изгледа Ријана по породувањето, но пејачката буквално се камуфлирала во огромна јакна, пишуваат медиумите.
Она што сите го забележале биле пердувестите очила кои Ријана ги носела. Шик изданието го комплетирала со сребрено ланче и обетки, но нејзиниот необичен моден стил бил привлечен за многу корисници на социјалните мрежи.
Забава
Го прекина деветдневниот молк на Твитер, Маск бил кај папата

Илон Маск го прекина деветдневниот молк на Твитер, социјалната мрежа која се обидува да ја купи за 44 милијарди долари, објавувајќи фотографија од приемот кај папата Франциск.
Најбогатиот човек во светот покрај фотографијата на која е тој покрај римокатоличкиот поглавар, напишал дека му е голема чест што се состанал со папата, пренесува „Ројтерс“.
Honored to meet @Pontifex yesterday pic.twitter.com/sLZY8mAQtd
— Elon Musk (@elonmusk) July 2, 2022
Освен тие двајцата, на фотографијата може да се забележат и четворица тинејџери, неговите синови. Инаку Маск има вкупно осум деца. Засега останува непознаница поводот за приемот кај папата Франциск.
Минатиот месец Маск рече дека има уште некои нерешени работи поврзани со купувањето на Твитер.