Контакт

Забава

Емили Ратајковски против забраната за абортус

Објавено пред

Познатата моделка Емили Ратајковски се приклучи во кампањата на голем број славни жени низ Америка и јавно го изнесе својот став против донесувањето на новиот закон потпишан од гувернерката на Алабама со кој се забранува лекарите да извршуваат абортус во оваа држава.

Освен фактот дека на жените им се одзема правото на избор, многумина ги налути тоа што ваквата одлука за забрана на абортусот во Алабама ја донесоа 25 бели мажи.

Законот ќе стапи на сила шест месеци по потпишувањето на истиот од страна на гувернерката Кеј Авји. Кога законот ќе стапи на сила, во државата Алабама ќе се забрани абортусот во секакви случаи.

Ратајковски ја испрати својата порака покрај фотографијата на која е гола, што не е изненадувачки, бидејќи таа редовно истакнува дека има право да прави што  сака со своето тело, а не само она што моралистите го очекуваат од неа.

„Оваа недела 25 стари белци гласаа за забрана за абортус во Алабама, дури и во случаите на инцест и силување. Тие луѓе на власт ја наметнуваат својата волја над женските тела, сè со цел да одржат патријархат и го продолжат индустрискиот затворски комплекс. На овој начин тие ги спречуваат жените со ниски економски можности да одлучат дека не сакаат да раѓаат. Државите кои се обидуваат да го забранат абортусот, се држави кои имаат највисок процент на црни жени. Сè се врти околу класата и расата и станува збор за директен напад врз основа на човековите права, кои жените во САД ги заслужуваат и кои ја штитат пресудата во случајот Роу против Вејд. Наше тело, наш избор“, напиша Емили.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Здравје

Совети за родителите возачи: При несреќа, детските седишта за 70 отсто ја намалуваат смртноста кај бебињата

Објавено пред

Секој родител, односно секој одговорен возач треба да преземе се што е во негова моќ да ги заштити децата од повреди и загуби во сообраќајот, велат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот (РСБСП).

Од таму додаваат дека една од најважните обврски на родителите е користењето на детски седишта за превоз на деца.

„Иако не постојат прецизни статистички податоци за тоа колку се користат детските седишта во автомобил, сепак евидентен е фактот дека употребата на детските седишта за заштита на децата патници не е на потребното ниво“, се наведува во соопштението на Републичкиот Совет.

Со цел подигање на свеста за поголема употреба на детските седишта, РСБСП ги потсетува возачите за обврските и придобивките од користењето на детско седиште во автомобил:

– Согласно законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во патнички автомобил на задното седиште, смее да се превезува дете помало од пет години, во поставено посебно детско седиште кое за седиштето од возилото е прицврстено со сигурносен појас или на друг соодветен начин. Детето во овој случај треба да биде врзано со сигурносен појас од седиштето.

– Според закон, во патнички автомобил на предното седиште, смее да се превезува дете до две години, ако возилото нема заштитно воздушно перниче, ако воздушното заштитно перниче е исклучено и ако детето се превезува во посебно детско седиште поставено спротивно од правецот на движење на возилото, при што истото е прицврстено на седиштето на возилото со помош на сигурносен појас со три точки на поврзување. Детето и во овој случај треба да биде врзано со сигурносен појас од седиштето.

– Дете на возраст до 12 години, не смее да се превезува на предното седиште. За деца над 5 години задолжително е користење на сигурносен појас без разлика на тоа што детето седи на задното седиште од автомобилот.

Од РСБСП велат дека според истражувања на релевантни меѓународни организации, во случај на сообраќајна незгода, детските седишта ја намалуваат смртноста кај децата за 50 отсто, а кај бебињата и до 70 проценти.

„Користењето на детско седиште за во автомобил е задолжително за превоз на деца до 5 години независно од тоа со која брзина го управувате возилото и независно од тоа дали учествувате во сообраќај во населено или надвор од населено место“, потсетуваат од таму.

Родителите ја избегнуваат употребата на детски седишта во автомобил убедени дека детето е безбедно во нивната прегратка, но според експертите, станува збор за погрешна перцепција.

„Во случај на сообраќајна незгода со возило кое се движи со брзина од 50 км/ч, во моментот на судир, предметите и телата во возилото продолжуваат да се движат со иста брзина со кое возилото удрило. Во тој случај, невозможно е со силата на човечката рака детето да се задржи безбедно во прегратката. Силата со која дејствува детето во таква ситуација е еднаква на сила на дејствување на тело или предмет чија маса е до 30 и повеќе пати поголема од масата на детето. Затоа, важно е да се потенцира дека, дете до 5 години, кога се превезува во автомобил, единствено безбедно е да биде ставено во соодветно детско седиште“, стои во препораките на Републичкиот Совет.

Од таму додаваат дека безбедноста на децата е одговорност на возрасните и без разлика на тоа дали вашето дете се противи или не, без било какви оправдувања или изговори, должни сте да ги преземете сите можни работи кои на било кој начин придонесуваат за поголема заштита на децата додека патуваат.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Вистинска Златокоса: Тинејџерка од Индија ја има најдолгата коса во светот

Објавено пред

Индијката Ниланши Пател ја одбрани титулата на тинејџерка со најдолга коса  во светот, па дури и го собори сопствениот рекорд кој изнесува 190 сантиметри.

Девојката од малиот град Модасе во индиската држава Гуџарат во 2019 година повторно доби сертификат на Гинисовата книга на рекорди, подобрувајќи го својот резултат од декември 2018 година кога косата ѝ била долга 170,5 сантиметри.

Пријателите и соучениците ја нарекуваат Златокоса според принцезата со долга коса од бајките на Грим. Ниланши Пател вели дека 11 години не била на фризер.

„Кога имав шест години, имав многу лошо искуство во локалниот фризерски салон. Оттогаш не се осмелував да ја потстрижам косата. Моите родители го почитуваа мојот избор “, објасни таа.

За да може да оди и да не се сопиња од сопствената коса кога е пуштена, седумнаесетгодишната Ниланши мора да носи високи потпетици.

Обично носи плетенка или ја свиткува косата, а проблеми има само кога плива, признава девојката која сака да стане инженер.

Прикажи повеќе...

Забава

Вучиќ во Давос не заборави да им купи подароци на своите деца

Објавено пред

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, претстојува во Давос на Светскиот економски форум, каде се сретна со светските претставници, но не заборави на подароците.

Тој се пофали на Инстаграм што им купил на своите деца, за време на престојот во Давос. На својот профил објави фотографија од продавница со сувенири.

„Од продавница за сувенири-спомен од Давос, чаша и тоблероне за Милица и Данило, кадифен волк за Вукан“ напиша претседателот на Србија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Саудиска Арабија негира дека го хакирала телефонот на Џеф Безос

Саудиска Арабија ги отфрли како апсурдни пишувањата на „Гардијан“ дека го хакирала телефонот на сопственикот на „Амазон“ и на „Вашингтон...

Свет3 часа

Путин го потпиша указот, Шојгу и Лавров и во новата руска влада

Рускиот претседател, Владимир Путин, синоќа потпиша указ за составот на новата влада предводена од премиерот Михаил Мишустин, при што ресорите...

Свет3 часа

(Видео) Импичмент на Трамп: Сенаторите се судрија околу правилата на судењето

Додека американскиот претседател Доналд Трамп е на Светскиот економски форум во Давос,американскиот Сенат отфрли неколку барања на демократите во врска...

Свет3 часа

Кина: Новиот вирус мутира, расте бројот на починати

Кинеската здравствена комисија соопшти дека 440 луѓе во 13 провинции биле заразени од новиот респираторен и смртоносен вирус од кои...

Македонија4 часа

Владата ги поништи одлуките на Мизрахи за в.д. директори на центри за социјална работа

Владата донесе одлука за поништување на решенијата за разрешување од должност и именување на вршители на должност директори во јавните...

Култура15 часа

Владата ќе ги плати трошоците за патување на екипата на „Медена земја“ на „оскарите“

Владата ќе ги плати патните трошоци за патувањето на петчлената филмска екипа и за хероината на филмот „Медена земја“ Атиџе...

Свет16 часа

Прв случај на мистериозниот вирус во САД

Официјални лица од здравствените власти го потврдија првиот случај на мистериозниот корона вирус во САД, кој уби шест луѓе во...

Спорт16 часа

Норвежаните во полуфинале по триумфот над Исланд (видео)

Норвешката ракометна репрезентација се приклучи на Хрватска и на Шпанија во полуфиналето на Европското првенство, откако во нордиската пресметка со...

Свет17 часа

Папата до учесниците на форумот во Давос: Луѓето, а не профитот, мора да бидат во центарот на политиката

Папата Франциско испрати писмена порака за да ги потсети делегатите на годинешниот Светски економски форум во Давос на моралната обврска...

Регион20 часа

Брисел: Летот меѓу Белград и Приштина е чекор кон нормализација на односите

Воспоставувањето на комерцијален лет помеѓу Белград и Приштина е добар чекор кон нормализирање на односите, изјави денеска Питер Стано, портпарол...

Свет21 час

Паника во светот поради новиот вирус, ригорозни контроли на аеродромите и железничките станици

Земјите во Азија и другите делови на светот почнаа со проверки на телесната температура на аеродромите, железничките станици и автопатиштата....

Македонија23 часа

(Видео) Ѓорчев: 10.000 граѓани лани се иселиле во Германија

Речиси 10.000 граѓани во 2019 година добиле работни визи и заминале во Германија, рече опозицискиот пратеник Владимир Ѓорчев, кој додаде...

Македонија23 часа

Димитров во Давос: Крајно време е да тргнеме напред

Крајно време е Северна Македонија да направи чекор напред на својот европски пат: отворање на заслужените пристапни преговори со ЕУ,...

Македонија1 ден

Дерковски: Избирачкиот список никогаш не може да биде идеално чист

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, се надева дека на престојните избори нема да има злоупотреба на лични карти...

Македонија1 ден

Османи до партиите: Донесете го Законот за Јавното обвинителство пред изборите

Вицепремиерот Бујар Османи смета дека законот за Јавно обвинителство, кој со месеци е заглавен во Собранието, треба да биде донесен...

Свет1 ден

(Видео) Грета во Давос: Ништо не направивме за климатските промени

Младата активистка за борба против климатските промени, Грета Тунберг, одржа говор на годишниот собир на Светскиот економски форум, кој се...

Свет1 ден

Маж од Австралија со симптоми на смртоносниот корона вирус ставен во карантин

Здравствените власти во Квинсленд потврдија дека во Австралија, најверојатно, се појавил првиот случај на зараза со новиот смртоносен корона вирус...

Свет1 ден

Почнува судењето за импичмент на Трамп, адвокатите повикаа веднаш да се ослободи претседателот

Во Сенатот на американскиот Конгрес почнува судскиот процес за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Минатата недела Претставничкиот дом ги испрати...

Економија1 ден

Отворен 50. Светски економски форум во Давос

Педесетиот Светски економски форум во Давос беше отворен синоќа со концерт на Младинскиот оркестар на Европската унија, Симфонискиот оркестар од...

Регион1 ден

Во БиХ секоја година умираат по 3 300 луѓе како последица на загадениот воздух

Во Босна и Херцеговина секоја година прерано умираат околу 3 300 луѓе како последица на изложеноста на воздух загаден со...

Досие