Забава
Емотивни и верни – хороскопски знаци кои се идеални партнери
Тие се внимателни, лојални и подготвени да направат сè за да ја направат својата врска исполнета со топлина и поддршка.
Според астрологијата, овие знаци се познати по тоа што ги држат своите партнери како капка вода во дланката.
Рак
Раковите се познати по својата емоционална длабочина и нежност. Тие ги ставаат своите партнери на прво место и секогаш се обидуваат да покажат колку им значат. Нивната грижа и посветеност ги прават нивните партнери да се чувствуваат безбедно и сакано во секое време. Нивната најголема сила лежи во нивната способност да ги почувствуваат потребите на друга личност и да ја поддржат без да мора да го кажат тоа. Раковите се заштитнички настроени и кога сакаат, тоа го прават искрено и без резерва.
Лав
Лавовите сакаат да ја покажат својата лојалност и наклонетост на голем начин. Кога се во врска, ја сметаат својата партнерка за кралица и не се двоумат да го покажат тоа. Вложуваат многу енергија во тоа да ја направат својата сакана личност среќна, се горди на неа и сакаат да ја претстават на целиот свет. Нивната дарежливост и желба да дадат се од себе ги прави партнери кои никогаш не дозволуваат нивната партнерка да се чувствува запоставена. Лавот секогаш сака личноста до него да знае колку е посебен.
Бик
Бикот е стабилен, лојален и сигурен, и ги пренесува овие квалитети во своите врски. Партнерите нудат сигурност и поддршка и секогаш наоѓаат начини да покажат колку им е грижа. Нивното внимание најчесто се манифестира во мали, но важни гестови кои ја одржуваат љубовта жива. Тие веруваат во трајни вредности и долгорочни врски, па затоа се однесуваат во врската така што нивната партнерка чувствува дека е сакана и ценета. Биковите не брзаат, но кога ќе се поврзат – тогаш тоа е на начин што дава целосна посветеност и лојалност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

