Забава
Енди Гарсија ќе глуми и ќе продуцира кубанско-американски римејк на „Татко на невестата“

Енди Гарсија го стави својот потпис за да направи нова верзија на една семејна приказна, кубанско-американска преработка на „Татко на невестата“.
64-годишниот актер се пријави да глуми и да го продуцира извршниот проект, кој потекнува од „Ворнер брос“, објави „Холивуд репортер“.
Гејб Алазраки ќе биде режисер на филмот, а Деде Гарднер и Џереми Клајнер ќе бидат копродуценти преку продуцентската куќа на Бред Пит, „План Б“.
Гарсија ќе го портретира насловниот лик, татко кој се обидува да се помири со фактот дека неговата ќерка го врзува јазолот.
Франшизата „Таткото на невестата“ трае повеќе од 70 години почнувајќи со сатиричниот роман од 1949 година, кој го напиша Едвард Стритер.
Спенсер Трејси го играше насловниот лик во филмската адаптација во 1950 година во која глумеа и Елизабет Тејлор и Џоан Бенет.
Франшизата беше оживеана 40 години подоцна со римејкот во кој Стив Мартин беше татко на невестата. Филмот стана хит на киноблагајните со заработка од 89 милиони долари во 1991 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ејдан Тарнер ќе го глуми Леонардо да Винчи во нова серија

Ирскиот актер Ејдан Тарнер изјави дека му е мило што новата историска драма за Леонардо да Винчи ја отсликува сексуалноста на уметникот.
Во новиот проект, во продукција на „Амазон прајм“, Тарнер го глуми познатиот италијански ренесансен архитект, инженер, вајар, уметник.
Во ТВ-серијата, универзалсниот уметник од Тоскана е прикажан како да има машки љубовници. Некои историчари тврдат дека Да Винчи бил хомосексуалец или бисексуалец.
„Неговата сексуалност е голем дел од она што навистина бил тој“, рече Тарнер во текот на поткатстот Leonardo: Official Podcast. „И негова мотивација да направи толку многу“, додаде актерот.
Драмската серија – љубовна приказна и мистерија за убиство – истражува што го натерало Да Винчи да црта. Секоја од осумте епизоди се фокусира на различна слика и приказната што стои зад неа.
Забава
Најубава фигура во танга-бикини, Софија Вергара ги потсети фановите како изгледаше во 90-тите

Актерката Софија Вергара сака да ги задева своите 21,4 милион фанови и следачи на „Инстаграм“ со фотографии од периодот кога работеше како модел, години пред да стане голема телевизиска sвезда благодарение на хит-серијата „Модерно семејство“.
Колумбиската убавица се наврати на помладите години и овој пат сподели секси фотографија во танга-бикини како дел од својот Throwback Thursday.
„#tbt Мајами 90-тите“, напиша 48-годишната актерка во описот на објавата потсетувајќи се на периодот кога живеела во Мајами, каде што се доселило нејзиното семејство кон крајот на 90-тите.
Експлозија од минатото: Софија Вегара во „троубек трсдеј“ од 90-тите
На крилјата на високите телевизиски рејтинзи и признанија, Вергара беше најплатената ТВ-актерка од 2013 до 2019 година, што вклучува неверојатни 42,5 милиона долари од јуни 2017 и јуни 2018 година.
Од неодамна таа е судија, односно една од четиричленото жири на ТВ-шоуто „Америка има талент“.
Забава
Анџелина Џоли елегантна на прошетка со својата ќерка

Анџелина Џоли и нејзината 12-годишната ќерка Вивиен беа забележани на прошетка во центарот на Лос Анџелес во четвртокот попладне.
Оскаровката (45) наврати во цвеќарница во трендовскиот кварт Лос Фелиз.
Анџелина и Вивиен беа фотографирани додека чекорат прегрнати покрај излогот на продавницата.
Џоли е несомнено шик во црн блејзер над црн макси фустан без ракави.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш