Забава
„Ејпл ТВ-плус“ овозможува бесплатно гледање на дел од програмата
Бидејќи милиони луѓе се во домашен или болнички карантин, стриминг-платформата „Ејпл ТВ-плус“ (Apple TV+) реши некои од своите емисии и серии да ги емитува бесплатно на ограничено време.
Програмата за бесплатно гледање на „Ејпл ТВ плус“ – конкурент на „Нетфликс“ и „Амазон прајм“ – вклучува голем број драми, емисии за деца и еден филм.
А на списокот се: The Elephant Queen – докуменатрен филм за слоновите, For All Mankind – научно-фантастична драма за вселенската трка, Little America – серија за емигрантскиот живот во Америка, America Servant – психолошка драма, Helpsters – серија комедии, Ghostwriter – емисија за деца и Snoopy in Space („Снупи во вселената“) – анимиран филм со омилениот бигл Снупи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кејт Мос го покажа сексапилот на моделите од 90-тите
Миланската модна недела собра многу познати ѕвезди. Вниманието на јавноста го привлече и легендарната Кејт Мос, која се врати на модната писта.
Британската манекенка носеше ревија на Гучи, а за пригодата донесе ризично парче облека. Станува збор за тесен фустан со долги ракави што ја следи линијата на телото и ја нагласува витката фигура.
Сепак, ѕвездата на оваа креација беше отворениот грб, што беше и нејзин контроверзен дел. Фустанот го откри грбот на Кејт и танга гаќичките со впечатливо лого на куќата.
JUST IN: Milan Fashion Week, Italy 🇮🇹
At 52, Kate Moss makes a comeback on the runway for Gucci
Closing the show with a “galactic” walk destined to be iconic ✨pic.twitter.com/YtpnWiiEp5
— Mambo Italiano (@mamboitaliano__) February 27, 2026
Покрај тоа, таа го покажа своето легендарно одење кое ја краси од почетокот на нејзината манекенска кариера. Јавноста во првите редови остана без здив кога Кејт ја покажа целата своја грациозност.
Забава
„Убава е, штета е што не знае како да се облекува“: Георгина овој пат брутално им одговори на сите
Свршеницата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, објави неколку фотографии од Неделата на модата во Милано, каде што присуствуваше на ревијата на Гучи и се потсети на деновите поминати во нивната луксузна продавница во Шпанија.
И сега Георгина е мета на коментари за нејзините модни избори, но тоа не ја загрижи, како и обично. За ревијата на Гучи, таа избра луксузно крзнено палто кое го комбинираше со чипкани чорапи и црни чевли.
Чантата, секако, беше потпишана од нејзината омилена куќа, каде што некогаш работеше, а го запозна и познатиот Кристијано Роналдо.
Својот стил го комплетираше со впечатлив накит, а потоа го следеше трендот што неодамна доминираше на социјалните мрежи, а кој се однесува на споредбата на 2026 и 2016 година.
Убавата Георгина објави стара фотографија од себе од 2016 година кога сè уште работеше во продавницата на Гучи, а потоа и најновата од ревијата, каде што ужива во луксуз.
„Пак промаши, не вреди“, „Сите пари не ѝ помагаат“, „Убава споредба, но стилизирањето е катастрофа“, „Убава, штета што не знае да се облекува“, беа дел од коментарите, но имаше и такви што ја пофалија.
Забава
(Видео) Кралица на модата е само една: Совршениот капут постои и го носи Кејт Мидлтон
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, повторно ја зацврсти својата позиција на листата на најдобро облечени жени, барем во Европа, овој пат во Њутаун, Велс, каде што беше на кралска посета.
Иако избра монохроматски стил, бордо од глава до пети, Кејт не се „сопна“ на модната задача и воопшто не беше здодевна. Главната ѕвезда на нејзиниот стајлинг е бордо капут со двојни копчиња, модел од Александар Меквин.
Бордо бојата е вистински хит оваа година, и се чини дека ќе го означи самиот почеток на пролетта. Кејт го комплетираше палтото со шал во истата нијанса и кожни чизми, а додека одеше, под палтото се гледаше плисирано здолниште – повторно во бордо боја.
Единственото нешто што „истакнуваше“ беа обетките со жолт скапоцен камен и брош со нарцис, посветен на Велс, со оглед на тоа што нарцисот е нивен национален симбол.
Кејт Мидлтон долго време носи исклучиво подолги палта, што дополнително ја нагласува нејзината фигура, ја издолжува и го прави нејзиниот струк уште потенок.
Покрај тоа, принцезата од Велс се погрижи нејзината фризура да биде едноставна, но елегантна, нежните бранови, како и обично, совршено ѝ прилегаа на Кејт и го надополнуваа нејзиниот изглед.

