Забава
Жена се шокирала кога видела актерка од ТВ-сапуница како лежи во нејзиниот кревет
Судот во Кина им наложи на две продуцентски куќи на ТВ-драмска серија и една агенција за недвижнини да ѝ платат вкупно 400.000 јуани (83.000 американски долари) на една жена затоа што ја користеле нејзината вила за снимање сцени за серија без нејзино одобрение.
Жената изнајмила агенција за управување со недвижнини да ја чува нејзината викендичка кога таа не е таму. Во текот на нејзиното отсуство, компанијата им дозволила на неколку телевизиски екипи да влезат во куќата и да снимаат, и наплатувала надомест без знаење или согласност на сопственичката, пренесува „Саут Чајна морнинг пост“.
Жената, идентификувана во судските документи само со презимето Лин, сфатила дека нејзината куќа ја користеле други кога ја гледала ТВ-серијата Heart-to-Heart Dialogue во септември 2019 година. Таа изјави дека се шокирала кога ја видела главната актерка како спие во нејзиниот кревет.
Лин ја купила вилата во Сикси, Зeијанг за 30 милиони јуани во 2014 година, објави порталот за вести The Paper.

Бидејќи живее во Хангжу, таа потпишала договор со компанијата за управување со недвижнини, чие име не беше објавено во кинеските медиуми, да се грижи за вилата додека таа е отсутна пред да им ги предаде клучевите.
Сопственичката тврди дека над 60 сцени се снимени во вилата, вклучително и во главната спална соба и дека ТВ-екипата предизвикала материјална штета, вклучувајќи скршено стакло, извалкани теписи, расипан лифт и оштетен мебел.
Судот им наложил на двете продуцентски компании и на агенцијата за недвижнини да ја поделат сумата на оштетата меѓу себе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

