Забава
Жените што привлекуваат богати мажи се родени во овие знаци

Има жени кои го имаат тоа нешто – енергија, став и неодолив изглед кој ги привлекува мажите со висок статус. Некои го прават тоа свесно, а некои едноставно зрачат со луксуз, самодоверба и софистицираност, што магнетски ги привлекува луѓето со богатство и моќ.
Во астрологијата, постојат знаци кои ги имаат токму овие квалитети – харизма, интелигенција и непоколеблива самодоверба. Тие не бараат успешни мажи, туку природно се собираат околу нив. Еве три хороскопски знаци во кои се раѓаат жени кои секогаш се во друштво на оние кои знаат да заработат и трошат големи суми пари.
Лав
Лавицата никогаш не бара внимание, таа едноставно го добива. Нејзиниот начин на одење, нејзиниот начин на зборување и нејзиното непогрешливо чувство за стил ја прават вистинска магнетна сила во секое општество. Таа не поднесува просечност и си ја знае вредноста, а богатите мажи тоа веднаш го препознаваат.
Она што Лавовите ги издвојува од другите е тоа што тие самите го сакаат луксузот. Амбициозни се, им се допаѓа најдоброто во животот и не се задоволуваат со ништо помалку од најдоброто. Затоа е природно да ги привлекува маж кој може да ги исполни нивните стандарди и кој сака да го покажува своето богатство. Тие не се материјалисти – тие се жени кои го очекуваат најдоброто и го добиваат.
Вага
Вагата е олицетворение на префинетост и добриот вкус. Тие не се само физички привлечни, туку знаат и како да се однесуваат во секој социјален круг. Имаат совршено избалансирана комбинација на убавина, шарм и интелигенција, што ги прави неодоливи за мажите кои се навикнати на високи стандарди.
Она што ги издвојува е нивната способност да се прилагодат на ситуацијата. Тие секогаш знаат кога да бидат суптилни и кога да блеснат во центарот на вниманието. Токму тоа го бараат моќните и богати мажи – жена која нема да ги засени, туку секогаш ќе им биде елегантна придружничка во секоја ситуација.
Шкорпија
Ако постои жена што никој не може да ја заборави, тоа е Шкорпијата. Нејзината привлечност не е само во нејзиниот физички изглед – таа има енергија што влегува под кожа. Нејзината мистерија, страст и непоколеблива самодоверба привлекуваат мажи кои сакаат предизвик.
Она што ја прави посебна е тоа што не покажува премногу емоции, но сепак остава впечаток дека точно знае што сака. Богатите мажи сакаат жени кои се различни, оние кои ги интригираат и ги тераат да се трудат повеќе. Шкорпијата не освојува на класични начини – остава впечаток на жена вредна за освојување, а мажите кои се навикнати да имаат се што ќе посакаат сметаат дека ова е најголемиот предизвик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Вилијам и Кејт ја слават 14-годишнината од бракот во Шкотска

Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт денеска патуваат во Шкотска, каде што ќе ја прослават 14-годишнината од бракот и ќе го направат најзначајното заедно патување оваа година.
Престолонаследникот Вилијам се ожени со Кејт Мидлтон на 29 април 2011 година во Вестминстерската опатија на церемонија што ја следеа милиони луѓе од целиот свет.
Тие се запознале десет години порано кога и двајцата биле студенти на Универзитетот „Сент Ендрјус“ на источниот брег на Шкотска.
Принцот и принцезата од Велс се враќаат во Шкотска како дел од официјалната дводневна посета на островите Мул и Јона, кои се дел од архипелагот Хебрид во близина на западниот брег.
Тие ќе ги посетат пазарот, производителите на храна и центрите на заедницата на островите со цел да се запознаат со важноста од зачувување на природната средина, соопшти нивниот кабинет.
По службените обврски, годишнината ќе ја поминат во мала изолирана куќа на островот Мал, позната по драматичните и прекрасни пејзажи, објавија британските медиуми.
Патувањето е ретко заедничко појавување на парот откога Кејт почна со превентивна хемотерапија за ракот, кој сега е во ремисија.
„Шкотска ми е неверојатно важна и секогаш ќе има посебно место во моето срце“, изјави Вилијам, кој ја носи титулата господар на шкотските острови.
Забава
На Евровизија годинава ќе може да се вее палестинското, a знамето на ЛГБТ-заедницата e забрането

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) усвои нови правила во пресрет на годинешниот Избор за песна за Евровизија. Според изменетите прописи, публиката годинава ќе смее да вее палестински знамиња, што минатата година предизвика политички полемики.
Но, тоа не е сè – тие ги забранија и сите ЛГБТК+ знамиња, што налути многу активисти. Затоа на изведувачите оваа година ќе им биде дозволено да ги носат само знамињата на земјите што ги претставуваат на сцената.
Забраната за носење знамиња за изведувачите ќе се применува на сцената, во фан-зоната, во зелената соба и на официјалните површини, каде што натпреварувачите ги чекаат резултатите. Групите за права на ЛГБТК+ веќе ја критикуваа одлуката тврдејќи дека знамето на виножитото претставува личен идентитет наместо политичка изјава.
Швајцарскот победник Немо минатата година носеше небинарно жолто-бело-виолетово знаме за време на парадата на знамето. На еден од панелите по победата рече дека морале да го прошверцуваат оти организаторите им го забраниле споменатото знаме. Неколку фанови се обидоа со тоа во публиката, но обезбедувањето ги натера да ги фрлат знамињата пред да влезат во салата.
Оваа година на Евровизија ќе учествуваат неколку изведувачи кои припаѓаат на ЛГБТК+ заедницата. Меѓу нив се Миријана Конте (Малта), Џеј Џеј (Австрија), Ерика Викман (Финска), како и хрватскиот претставник Марко Бошњак.
Забава
(Видео) Трамп повторно ја уништи Тејлор Свифт

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера го пречека рагби-тимот на Филаделфија Иглс во Белата куќа за да ја прослави нивната победа над Канзас Сити Чифс во Супербоул.
Тој исто така го искористи настанот уште еднаш да се потсмева на најистакнатиот навивач на Чифс, пејачката Тејлор Свифт, објави Ен-би-си.
Trump recounts being at the Super Bowl: “I was there, I watched in person. I was there along with Taylor Swift. How did that one work out?” pic.twitter.com/lUxMRocXjT
— Breaking News of the Day (@Breakingne66541) April 29, 2025
„Бев таму. Го гледав лично натпреварот. Бев таму со Тејлор Свифт. Како се случи тоа?“, рече Трамп предизвикувајќи смеа кај толпата навивачи на Филаделфија.
Свифт, која е во врска со играчот на Чифс, Тревис Келс, ја поддржа кандидатката на демократите Камала Харис на минатогодишните претседателски избори.