Контакт

Забава

Жизел Бундшен го покажа своето совршено тело во бикини и им порача на фановите „сите сме заедно во ова“

Објавено пред

Поминаа 20 години откога таа беше прогласена за најплатена манекенка во светот на врвот на нејзината слава на модните писти.

Но, во понеделникот во текот на семејно патување во Костарика со сопругот Том Брејди и нивните две деца прекрасната Жизел Бундшен докажа дека сè уште има неверојатно згодна фигура.

Додека се сонча на плажа, 39-годишната Жизел искористи време да упати порака на „Инстаграм“ во врска со ширењето на новиот коронавирус Ковид-19 во светски рамки.

Споделувајќи фотографија од себе и од плажата на зајдисонце, Жизел објави порака на португалски и на англиски јазик искажувајќи го својот став за моментата состојба во светот во врска со вирусот.

„Она што се случува во светот е крајниот потсетник дека сите сме поврзани едни со други и она што ќе го избереме да го направиме, ќе влијае на сите нас“, напиша таа. „Во овој момент на криза треба да ја разбереме важноста на физичкото растојание. Треба да се заштитиме едни со други за да не се разболиме и да останеме сите заедно во добро здравје“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Снимањето на „Бетмен“ продолжува

Објавено пред

На почетокот на септември, од продуцентската куќа „Ворнер брос“ потврдија дека снимањето на нивниот најголем проект најавен в година, „Бетмен“, засега е запрено затоа што еден член на актерската екипа бил заразен од коронавирус.

Иако не беше потврдено, се зборуваше дека станува збор за актерот Роберт Патинсон (34). Снимањето во Хертфордшир, Англија, беше паузирано, а сега сè се враќа во нормала и сцените повторно почнаа да се снимаат, потврдија од „Ворнер брос“, пишуваат странските медиуми.

Тоа не е прв пат снимањето да мора да се прекине. Тие го сторија тоа и поради пандемијата на коронавирусот во март. Сега сите се вратиле на работа, а извори блиски до актерската екипа тврдат дека остануваат само неколку сцени кои сè уште не се снимени.

„Бетмен“ треба да се појави во киносалите во октомври 2021 година, во 3Д, 2Д и IMAX-формати, но не е познато дали прекинот на снимањето поради коронавирусот на крајот ќе ги уништи нивните планови.

„Сите се надевавме дека ќе се вратиме на работата што е можно побргу и беше ужасно што моравме да престанеме да снимаме повторно само три дена по почнувањето“, рече член на актерската екипа.

Во август сценаристот Метсон Томлин (30) тврдеше дека сигурно нема да има одложувања, но во тоа време тој не знаеше дека тимот од сетот ќе мора да одмори две недели бидејќи некој беше позитивен на коронавирусот.

Фановите на „Бетмен“ не беа одушевени што актерот Патинсон, sвездата на „Сага на самракот“, ќе го отелотвори стрип-јунакот, но трејлерот што излезе кон крајот на август, како што пишуваат, е мистичен и фантастичен. Овој „Бетмен“ ќе биде најмрачниот досега, што се гледа во најавата преку музиката и снимките. Во моментот е најочекуваниот филм на годината.

Прикажи повеќе...

Забава

Почина Винстон Грум, авторот на романот „Форест Гамп“

Објавено пред

Авторот на романот „Форест Гамп“, според кој е снимен холивудскиот филм во кој глуми Том Хенкс, почина на 77-годишна возраст, објавија американските медиуми.

Винстон Грум почина во својот дом во Ферхоуп, Алабама, објавија американските медиуми цитирајќи ја градоначалничката Карин Вилсон.

„Исклучително сме тажни поради веста. Овде тој беше икона“, изјави Вилсон за Си-ен-ен додавајќи дека причините за смртта не се познати.

Според локалниот портал „АЛ.ком“, Грум служел како војник во Виетнам и пренесол дел од своето искуство во главниот лик на романот „Форест Гамп“ од 1986 година, кој се стекна со светска слава токму благодарение на филмот и брилијантната интерпретација на Том Хенкс во главната улога.

По враќањето од Виетнам, Грум работел како репортер за „Вашингтон стар“ следејќи ги судството и сојузниот правосуден систем, но поднел оставка за да се посвети на пишувањето.
Неговиот прв роман Better Times Than These е објавен во 1978 година.

Грум исто така пишувал публицистички дела, вклучително и за американската граѓанска војна.

Неговата книга „Разговори со непријателот“ (1982), приказна за еден маринец во Виетнам, кој избегал од логор и се врати дома во САД за да биде уапсен за дезертирство 14 години подоцна, се натпреваруваше за Пулицеровата награда за новинарство во 1984 година.

Прикажи повеќе...

Забава

Кетрин Зета-Џонс објави фотографија од својата ќерка Карис

Објавено пред

Познатата холивудска двојка Кетрин Зета-Џонс (50) и Мајкл Даглас (75) имаат две деца, ќерката Карис (17) и синот Дилан (19), а сега гордата мајка објави фотографија на социјалните мрежи и покажа како изгледа нејзината ќерка, која израсна во вистинска убавица.

Карис Даглас повеќе не е мало девојче, а нејзината мајка Кетрин Зета-Џонс објави фотографија од својата ќерка со зборовите:

„Мојата девојка во градината“, напишала актерката во описот на фотографијата, на која нејзината ќерка позира во бело летно фустанче.

Фановите на славното семејство изјавија дека 17-годишната девојка е иста како нејзината мајка и дека ја наследила нејзината убавина.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ47 минути

Струмичанка загина откако врз неа паднало дрво што го сечел нејзиниот сопруг

Жена на возраст од 59-години починала на лице место откако врз неа паднало едно од дрвата кои ги сечел нејзиниот...

Македонија1 час

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Регион2 часа

(Видео) Ураганот во Грција остави пустош зад себе, фармерите спасуваат заробени животни

Две лица загинаа, а едно е исчезнато во невремето што предизвика поплави во централна Грција. Ураганот ги опустоши островите во...

Македонија3 часа

Во моментов активни се 2.076 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активно заразени со коронавирус во земјата, во моментов изнесува 2.076 лица. Деновиве зголемен е бројот на заразени од...

Македонија3 часа

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија3 часа

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Култура3 часа

Лауреатот на Златна камера 300, Камински со порака на „Браќа Манаки“: Едвај чекам да се видиме во Македонија

На синоќешниот настан за одбележување на 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржа во...

Економија3 часа

СДСМ: Владата помага со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки

Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки, велат од СДСМ преку...

Свет14 часа

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Свет15 часа

Борис Џонсон: Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вториот бран на епидемија на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Говорејќи во центарот за...

Култура16 часа

„Браќа Манаки“ во Битола – годинава без црвен тепих, но традицијата продолжува

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41. Издание на...

Свет16 часа

Хаос во Лондон поради рестриктивните мерки: судири меѓу полицијата и демонстрантите

Полицијата во Лондон се судри со демонстрантите против рестриктивните мерки насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот. Повеќе од 1.000...

Топ17 часа

Едно лице загина во возило кое излета на патот Неготино – Кавадарци, повредени уште тројца од семејството

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во...

Регион19 часа

Стотици луѓе на Парадата на гордоста во Загреб, бараат промена на Уставот

Стотици луѓе се собраа на плоштадот Свети Марко во Загреб, каде се одржува 19. Парада на гордоста. Учесниците на Парадата...

Македонија19 часа

Шестмина починати и 140 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на...

Регион19 часа

(Видео) Ураганот донесе поплави и однесе два животи во Грција

Медитеранскиот ураган Јанос, кој ја погоди централна Грција денеска, однесе два животи, предизвикувајќи поплави и материјална штета. Two dead, one...

Спорт19 часа

Ѓоковиќ кршеше рекети, судијата го нарекуваше Федерер, но влезе во полуфинале

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со судни маки успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Рим, откако...

Македонија20 часа

(Видео) Како ќе изгледа враќањето на училиште: на секое дете ќе му се мери температура, маските ќе се вадат само за време на оброкот

Министерството за образование и наука во соработка и со поддршка на УНИЦЕФ И УСАИД, изработи видео во кое на јасен...

Топ20 часа

Приведен светиниколец за мачење на животни

СВР Штип – ОВР Свети Николе ќе поднесе кривична пријава против М.Е. од селото Ерџелија, Свети Николе, поради мачење животни,...

Македонија22 часа

Османи: Предизвиците со Бугарија иако делуваат жестоко, тие се надминливи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ги претстави приоритетите во неговиот мандат. Како прв и најважен приоритет Османи ги...

Досие