Забава
За еден трособен стан во Дебар Маало може да се купат три двособни во Чикаго, открива балканска тиктокерка
Тиктокерка од Балканот направи вистински хаос со коментарите откако објави видео со цените на становите во омилениот град на балканската дијаспора во САД, Чикаго.
„Балкан микс“, како што е претставена на социјалните мрежи, стекна популарност со бројни видеа за предностите и недостатоците на животот во Америка, како Балканците во дијаспората слават слави, но и колку пари треба да се одвојат за кирија или за купи стан. Овој пат таа зборуваше за рати за кредит за стан во Чикаго, а во таа прилика кажа колку пари се потребни за дополнителни услуги во рамките на станбената заедница.
– Просечната цена на двособен стан во Чикаго е 1.500 долари, а тоа е приближно 100 квадратни метри. Секако, ако сакате стан во близина на центар или езеро, тој е многу поскап. А цената за купување на ваков стан, двособен стан е приближно 150.000 илјади па нагоре.
Моментално овде скокнаа ратите, како и цените за станот. На пример, го купив мојот прв стан во 2021 година за 157.000 долари, а сега вреди приближно 190.000 долари. Станува збор за станови во некои малку подобри области, каде што е побезбедно, на северната страна на Чикаго
– Еве, кога купуваш стан, не знам дали постои овде, секој месец плаќаш „асосиејшн“. Тоа е како здружение на станари и тие пари ги покриваат трошоците за зградата. На пример струја и вода за цела зграда, некој да дојде да коси трева, да чисти, секако поскапо е ако имаш лифт, ако е голема зграда или има базен, теретана. – вели таа, додавајќи на крајот дека работи како агент за недвижнини, од каде и го знае сето ова.
Во коментарите под видеото започнаа споредбите со земјите од Балканот, но и во Швајцарија, Норвешка и Австралија.
„Овде во Швајцарија за тие пари не може да се купи ни штала“, „Во Њујорк нема ништо за тие пари“, „Овде е поевтино отколку во Белград“, „Не може да се купи стан за помалку од тоа и во Австралија”. 600.000 долари зборувам за двособен, во околината на Сиднеј, а во Сиднеј нема ништо под милион”, „Во Загреб 100 квадрати во центарот од 650.000 евра. па во САД купувам 4 стана“, се само дел од коментарите кои собраа најмногу интеракции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Нова ера на „Фрајле“
По 17 години успешна кариера, бројни хитови и концерти ширум регионот, Фрајле влегуваат во ново поглавје од својата музичка приказна. Бендот продолжува понатаму со освежен состав и нова енергија, но со истата љубов кон музиката и публиката која ги следи од самиот почеток.
Во овој период дојде и до промена во составот на бендот – Наташа Михајловиќ привремено се повлекува од Фрајле за да се посвети на својот авторски труд, а на нејзино место доаѓа уметницата, актерка и пејачка Славица Љујиќ.
Славица Љујиќ, актерка која публиката веќе ја познава од домашните телевизиски серии како „Игра судбине“ и „Ургентни центар“, како и од популарниот хумористичен интернет проект „Цаца и Уки“, носи нова енергија во составот на Фрајле. Нејзината повеќеслојна уметничка кариера, која опфаќа глума, пишување и сценски настап, природно се вклопува во автентичниот уметнички израз на бендот.
„Најважен ни е човечкиот фактор, бидејќи отсекогаш сме биле тим и семејство. Од љубов го создадовме сето ова и од љубов продолжуваме понатаму. Оваа промена за нас е нов почеток и нова енергија“, порачуваат Фрајле Невена и Јелена.
Новата постава веќе од почетокот на март започнува со снимања на емисии, гостувања и концерти, а публиката наскоро ја очекуваат и нови песни. Фрајле веќе работат во студио на нов сингл, кој авторски го потпишува Невена, а во подготовка е и специјална регионална соработка со една голема музичка ѕвезда.
Исто така, на 16 март Фрајле ќе настапат во Сава Центар на хуманитарниот концерт „За ангелите“.
Покрај концертите и новите изданија, бендот продолжува да развива и други проекти – од Едукативниот центар Фрајла, преку работилници за глас, сценски настап и јавно говорење, до нови креативни проекти, меѓу кои е и проектот „Фрајле Боем“.
Боемската турнеја започна со концерт во Концертната сала „Лисински“ во Загреб, каде Фрајле добија и специјално признание од издавачката куќа Croatia Records за „Исклучителен придонес во музичката уметност и регионалната дискографија“.
Турнејата продолжува во текот на целата година, а наскоро ќе биде објавена и листа на нови градови во кои публиката ќе има можност да ги слушне во новиот состав.
„Енергијата ни е како на почетокот на кариерата, но сега на едно поинакво ниво. Сè уште ја имаме истата страст кон музиката, концертите и публиката – и додека срцето така чука, знаеме дека сме на вистинскиот пат“, велат Фрајле.
Забава
Со паста за заби против дамки и замаглени огледала
Иако најчесто се користи за одржување на оралната хигиена, пастата за заби може да има и неочекувана примена во чистењето на домот.
Поради благите абразивни состојки и средствата за избелување, таа може да помогне при отстранување дамки, спречување замаглување на стакло и чистење на фуги меѓу плочките.
Отстранување дамки
Пастата може да помогне при свежи дамки на теписи или мебел. Се нанесува мала количина врз дамката, се остава да се исуши, а потоа се брише со влажна крпа.
Исто така може да помогне при дамки од кафе или чај на шолји – доволно е да се нанесе на влажен сунѓер, да се истријат шолјите и потоа добро да се исплакнат.
Против замаглување на огледала
Мала количина паста нанесена на огледалото пред туширање може да создаде тенок заштитен слој што спречува кондензација и замаглување. Потоа огледалото се пребришува со мека крпа.
Чистење на фуги
Фугите меѓу плочките во кујната или бањата често собираат нечистотија. Експертите советуваат мала количина паста да се нанесе на стара четка за заби и со неа да се исчистат споевите.
Белата паста со благи абразивни својства може да ги осветли фугите без да ги оштети плочките.
Фото: Depositphotos
Забава
Борис Бекер призна: Ја изневерив додека беше во болница пред пораѓање, но доби „убав чек“
Поранешниот германски тенисер Борис Бекер во ново интервју проговори за скандалите што го следеа неговиот брак и развод со поранешната сопруга Барбара Фелтус.
Бекер беше критикуван со години поради гласините дека ја изневерил сопругата додека таа се пораѓала со нивниот син Елијас. Во разговор во подкастот на Луис Теру, тој рече дека таа приказна не е целосно точна.
„Тоа не е точно, не беше во породилни болки. Беше во болница, но породувањето не беше почнато“, изјави Бекер.
Boris Becker opens up on cheating scandal while his wife was giving birth in hospital, Diddy’s infamous parties lasting ‘days’ and his ‘s*** time’ in jail in tell-all Louis Theroux interview https://t.co/ckDKbEJbyV
— Daily Mail (@DailyMail) March 3, 2026
Сепак, тој призна дека ја изневерил.
„Да продолжиме понатаму – ја изневерив, во тоа нема сомнеж. Успеавме да изградиме однос заснован на почит“, рече поранешниот тенисер.
Тој додаде дека по разводот имало тензии, но дека Барбара на крајот добила значителна финансиска компензација.
„Таа имаше моќ бидејќи јас бев негативецот. Доби убав чек и добар месечен надоместок“, изјави Бекер.
Денес Бекер живее во Милано со сопругата Лилијан, која е 22 години помлада од него, и нивната ќерка Зои. Од претходни врски и бракови има уште четири деца.

