Контакт

Забава

За низок притисок помагаат течности, за висок медитеранска храна

Објавено пред

Со промената на временските услови и спарнината доаѓа до ширење на крвните садови што доведува до влошување на симптомите на нискиот крвен притисок. Тоа се вртоглавица, заматен вид, неправилна работа на срцето или прескокнување, жед, краток здив, студена испотена и бледа кожа, па дури и паѓање во несвест.

Во поголемиот број случаи нискиот притисок што се јавува кај здрави и млади луѓе не е нешто загрижувачко, освен ако не е последица на некоја болест или лекови.

За да избегнете намалување на крвниот притисок не треба да стоите долго време на едно место, особено не на сонце. Водете сметка да не правите нагли потези, како и да внесувате што повеќе течности.

Во текот на топлите денови најзагрозени се луѓето со низок притисок, но и лицата со висок притисок треба да внимаваат. Високиот притисок е поопасен од нискиот затоа што го зголемува ризикот од срцеви болести, инфаркт и откажување на бубрезите, но проблемите се појавуваат почесто во текот на зимскиот период кога крвните садови поради студот се стеснуваат, па нивната проодност се намалува, што го зголемува притисокот.

Симптоми на висок притисок може да бидат вртоглавица, болка во главата, односно вратот, како и чувство на тежина во градниот кош и брзо заморување. Еден од симптомите на висок крвен притисок може да биде и нарушување на видот и тоа може да доведе до мозочен удар.

За регулирање на високиот крвен притисок освен лековите, и храната може да има важна улога. Луѓето со висок крвен притисок треба да внесуваат што повеќе овошје и зеленчук, риба и што помалку црвено месо.

Забава

Емиратите отворија канал на кој може да се види како се подготвува храна за летовите

Објавено пред

Од

Емиратите го лансираа „Фуд анд вајн ченлс“ и на тој начин им обезбедуваат на патниците да имаат увид во начинот на создавање менија за летовите и во соработката со партнерите во светот. Овие канали се достапни на сите летови и даваат ексклузивни информации за инвестицијата од 700 милиони долари во врвни вина и во регионални и сезонски јадења што се подготвуваат од страна на наградувани шефови на кујна.

„Фуд ченл“ прикажува детали од перспектива на готвачите на Емиратите, кои откриваат нови продукти и создаваат менија за летовите. Оваа авиокомпанијата годишно сервира околу 110 милиони оброци и еднакво внимание се посветува на деталите во оброците што се служат во првата, бизнис и во економската класа. Секоја епизода истражува како авиокомпанијата ги наоѓа најдобрите производи преку долгогодишните партнерства во светот вклучувајќи ги и локалните доставувачи и занаетчии. Првите две епизоди ги водат гледачите во Умбрија, Италија, каде што Емиратите набавуваат маслиново масло, испорачува Монте, и во Шри Ланка, каде што со посебна постапка се избира чајот „дилмах“, кој се служи на летовите.

Покрај тоа, епизодите донесуваат рецепти од регионално инспирирани менија, па патниците може сами да го подготват познатото јадење на Емиратите, праун мачбус, или да научат како да направат совршени палачинки дома. Рецептите се достапни на www.emirates.com. Досега се објавени две епизоди на „Фуд ченл“, а в година ќе бидат додадени повеќе.

Прикажи повеќе...

Забава

Британските туристи се мачат со имињата на Птуј и Скопје

Објавено пред

Од

Неодамнешно истражување покажа дека името на словенечкото гратче Птуј е најтешко за изговор за британските туристи, односно 92 отсто од нив не можат правилно да го изговорат. Повеќето од испитаниците го кажувале како „Пут-ој“ .

Истражувањето спроведено од агенцијата Bolsover Cruise Club покажа дека Британците се мачат и со изговор на португалскиот Гимараеш (88%), Риека (84%), Скопје (80%) и Оахака во Мексико (76%).

Резултатите од студијата покажале дека туристите имаат проблем со изговорот на грчки називи и дека грчкиот јазик е најтежок за оние кои доаѓаат од англиско говорно подрачје, а потоа следат словенските јазици, како и шведски и дански. Предизвикувачки јазици за странците се и словенечки, македонски и унгарски, поради големата разлика во граматиката и вокабуларот.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Поранешнa тапанарка тврди дека Бијонсе се занимава со црна магија

Објавено пред

Од

Тешки обвинувања беа упатени кон суперѕвездата Бијонсе – тапанарката Кимберли Томпсон ја тужеше дека се занимава со маѓепсништво и црна магија, но исто така и дека фрлила клетва врз неа. Музичарката која соработуваше со Бијонсе дури седум години ја обвини за злоупотреба која вклучува различни форми на маѓепсништво и црна магија, а сето тоа медиумите го пронајдоа во судските записи.

Gepostet von Kimberly Thompson – Drummer & Educator am Dienstag, 25. Juli 2017

Нејзините обвинувања одат толку далеку што вели дека поп-дивата ѝ ја убила мачката, а во документите што завршиле на суд, Томпсон тврди дека пејачката  го прислушувала нејзиниот телефон и ги контролирала нејзините финансиите, па побарала забрана за нејзино приближување.

Судијата го отфрли нејзиното барање за привремена забрана за приближување, а на бизарните обвиненија познатата Бијонсе нема коментар.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток5 часа

Го извадив пиштолот и кажав стој полиција, сведочеше телохранителот на Оливер Спасовски за 27 април

Сашо Тасевски, директорот на БЈБ, телохранител на тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, доцна вечерва сведочеше во кривичниот суд...

Крвав четврток7 часа

Ги видов пратениците Мукоски и Василевски како ги вадат гредите од вратите на Собранието, сведочеше собраниски обебзбедувач

На продолжението од судењето за настаните од 27 април сведочеше собранискиот обезбедувач Владимир Стојков. Тој потврди дека кога чул врева,...

Македонија12 часа

Претепаниот скопјанец: Ме намести пријател, тие ме чекаа во заседа

Брутално претепаниот скопјанец за „Макфакс“ вели дека бил нападнат од познат лихвар во Скопје бидејќи зел на заем 200 евра,...

Топ14 часа

(Видео) Кавадарчанец прободел жена со нож во стомакот кога му рекла дека е бремена

Полицијата вчера уапси кавадарчанец во Струмица под сомнение за обид за убиство како и за повеќе кражби во станови во...

Македонија14 часа

Обвинителството ќе проверува дали е запоставувано детето во станот со пелени во „Скопјанка“

Основното јавно обвинителство Скопје ќе утврдува дали родителите го запоставиле детето коешто живее со бабата во станот во „Скопјанка“, којшто...

Македонија16 часа

Мухиќ: Владата не им објасни на граѓаните кои уставни промени ќе се случат по референдумот

Независниот пратеник Ферид Мухиќ не сакаше за ,,Макфакс” да каже дали ќе излезе на претстојниот референдум за промена на името,...

Македонија17 часа

Фрчат казни за адвокати во кривичниот суд, тројца казнети со 1000 евра

Поради неприсуство на тројца адвокати, Судот го одложи денешното рочиште за предметот на специјалното јавно обвинителство со кодно име „Топлик“....

Македонија18 часа

Се разболе обвинетиот Митко Пецов – Фатиме побара да биде приведен

Одложено е рочиштето за предметот ,,Насилство”. Обвинетиот Митко Пецов се разболел и не присуствуваше на седницата, обвинителката на СЈО Фатиме...

Македонија18 часа

Претепаното момче во Аеродром има потрес на мозокот и скршеници

Лицето кое вчера беше брутално претепано во Аеродром добило скршеници во пределот на носот и вилицата, имало исеченици по глава...

Македонија18 часа

Јавното обвинителство формираше комисија за следење на противправности во врска со референдумот

Јавниот обвинител на Република Македонија формираше комисија за следење на евентуални противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот на 30...

Свет18 часа

Повторно пукање во САД, петмина повредени, меѓу кои и дете

Пет лица се повредени, меѓу кои и осум годишно девојче во пукотници во Сиракуза, во државата Њујорк, соопшти полицијата. Инцидентот...

Македонија20 часа

1000 евра казна за вештак кој не дошол на судење за предмет на СЈО

1000 евра треба да плати вештакот Павлина Стојанова, а 2000 евра Друштвото за вештачење „Форензик експертс ДОО“ оти не се појавиле...

Македонија1 ден

(Видео) Заев-Пенс: Вашингтон ја споделува визијата на Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон се сретна со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс. Како што соопштија од...

Вести1 ден

(Видео) Најмалку три лица убиени во Мериленд, за нападот е осомничена жена

Најмалку три лица се убиени во пукањето што се случи во 9 часот наутро по локално време во сојузната американска...

Регион1 ден

Поранешниот шеф на Хипо банка преку видеоврска сведочеше на судењето против Санадер

Поранешниот шеф на Хипо банка, Гунтер Штрајдингер, преку видеоврска од затвор сведочеше на судењето против поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер,...

Македонија2 дена

(Видео) Кратовалиев: Во „Тортура“ презентирана снимка за случајот „Кампања“ што досега била криена

На денешното рочиште за „Тортура“, кое се одвиваше без присуство на јавноста како доказен материјал од специјалното јавно обвинителство, бил...

Македонија2 дена

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија2 дена

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку „Фејсбук“ најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу...

Македонија2 дена

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија2 дена

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Досие