Забава
За шест дена и до 5 килограми помалку: диета со домати – лесен начин до совршена летна фигура

За оние кои не можат долго да држат диети, препорачуваме брза диета со домати, која гарантирано ќе донесе успех.
Оваа диета трае само шест дена и за тоа време можете да изгубите пет килограми. Покрај тоа, ќе го ослободи вашето тело од токсини.
Диетата со домати е многу едноставна – четири оброци на ден, многу вода, дозволено е кафе без шеќер, дозволен е и чај без шеќер, леб (30 грама) е дозволен само за појадок. Можете да јадете домати свежи, варени, печени во рерна или на скара.
Еве како треба да изгледа менито.
Ден 1 и 4
Појадок – Салата од домати со 50 грама сирење, маслиново масло и босилек, 2 варени јајца и 30 грама леб.
Ужина – 350 грама сезонско овошје или чаша сок од домати.
Ручек – Тестенини со доматен сос (сосот се подготвува со 400 г домати или 350 г конзервирано доматно пире, зачините се по желба).
Вечера – Супа од домати и зеленчук. Додадете магдонос и лажица павлака.
Втор и петти ден
Појадок – грчка салата и 30 грама леб.
Ужина – 350 грама сезонско овошје или чаша сок од домати.
Ручек – Печени полнети домати со спанаќ и ориз.
Вечера – Подгответе супа од два сечкани кромида пржени во маслиново масло, филе од ослиќ, два големи домати, зачини и лажица павлака.
Трет и шести ден
Појадок – омлет со домати, 30 грама леб.
Ужина – 350 грама сезонско овошје или чаша сок од домати.
Ручек – Пилешко (150 грама) во доматен сос со печурки.
Вечера – Печено говедско месо (130 г) и шопска салата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По децении молк, Малкович проговори за романсата со Мишел Фајфер на снимање

Речиси четири децении по снимањето на култниот филм Опасни врски (1988), холивудскиот актер Џон Малкович откри дека се кае за аферата со својата колешка Мишел Фајфер. Во тоа време и двајцата биле во брак, а нивната романса од сетот се пренела и во приватниот живот, но врската брзо згаснала.
Гостувајќи во подкаст, 71-годишниот Малкович призна дека со таа врска го изгубил „сјајниот колега“ во Фајфер, која ја опиша како забавна, искрена и неверојатно коректна. „Јас тоа сигурно не бев“, додаде тој.
Актерот објасни дека со текот на времето научил да ја цени професионалноста над сè. „Кога односот ќе премине во нешто повеќе од колегијален или пријателски, тогаш ја губите шансата да имате вистински колега“, рече Малкович.
Како спротивен пример го наведе долгогодишното пријателство и соработка со актерката Ингеборга Дапкунаите, со која веќе 33 години останале блиски колеги, бидејќи „границата никогаш не била премината“.
Забава
Хороскопски знаци кои најтешко поднесуваат пораз во друштвени игри

Друштвените игри се забава за многумина, но не и за некои хороскопски знаци кои поразот го сфаќаат премногу сериозно.
Овен – импулсивни и натпреварувачки настроени, тешко ја кријат фрустрацијата кога губат.
Лав – гордоста им е на прво место, па поразот го доживуваат како лична навреда.
Шкорпија – страсни и интензивни, губењето го паметат долго и бараат реванш.
Јарец – на игрите гледаат како на стратегија и работа, па поразот им го руши чувството на контрола.
За овие знаци, друштвените игри лесно можат да завршат со нервоза наместо со забава.
Забава
Брачен пар по четири години откри кој бил мистериозниот гостин на нивната свадба

Британскиот брачен пар Мишел и Џон Вајли со помош на социјалните мрежи дознаа кој бил непознатиот човек што случајно се појавил на нивната свадба во Прествик пред четири години.
На фотографиите од венчавката се гледал висок, збунет маж во свечен костум, кого никој од гостите не го познавал. Подоцна било утврдено дека станува збор за Ендру Хилхаус, кој требало да присуствува на друга свадба, само два километри подалеку. Тој сфатил дека е на погрешно место дури кога невестата тргнала кон олтарот.
Ендру успеал да си замине дури по заедничката фотографија, а вистината ја открил четири години подоцна, кога преку Фејсбук стапил во контакт со младенците.
„Не можев да престанам да се смеам. Не веруваме дека го најдовме по толку време“, изјави невестата.