Забава
Зендаја важи за модна икона поради нејзините неодамнешни изданија: актерката уште еднаш воодушеви
Зендаја се труди да остави впечаток на секое јавно појавување, а поради нејзините неодамнешни излегувања и последното издание во Лос Анџелес, не е ни чудо што младата актерка веќе важи за холивудска модна икона.
Со оглед на тоа дека Зендаја е една од најбараните актерки во Холивуд во моментот и дека се појавува во некои од најпопуларните филмови што излегоа неодамна – тоа значи постојано појавување на премиерите и црвените килими.

Благодарение на трудот што го вложува во секое јавно појавување и стилистот Ло Роуч, таа стана своевидна модна икона, а тоа го докажува и нејзиното последно издание од Лос Анџелес.
Имено, оваа 27-годишна актерка моментно е на прес-турнеја за филмот Challengers, а синоќа на премиерата уште еднаш го привлече целото внимание со својата модна комбинација.

За таа пригода Зендаја носеше неверојатна розова-црна креација на Вера Ванг, која имаше корсет од тантела со проѕирни детали и здолниште од тил и сатен.

Изгледот го комплетира со минимални додатоци носејќи само едноставни обетки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
