Контакт

Забава

„Златните глобуси“ оваа година без славни презентери

Објавено пред

Годишната церемонија на доделување на наградите „Златен глобус“ се одржува на 9 јануари во хотелот „Беверли Хилтон“, но според „Вараети“, ниту една позната личност не се согласила да учествува на настанот.

Холивудското здружение на странски новинари (HFPA) претходно беше на удар на критики поради недостигот на застапеност на Афроамериканци меѓу своите членови, па дури на социјалните мрежи беше поведена и кампања Time’s Up („Времето истече“) за да се нагласи проблемот.

Организаторите на настанот во е-пошта испратена до неколку рекламни агенции наведоа: „’Златните глобуси’ ќе продолжат со мал настан на 9 јануари, кој не само што ќе ги награди најдобрите телевизиски и филмски изведби за 2021 година туку и ќе ја препознае важноста на поддржување разни креативци во индустријата“.

„Настанот оваа година ќе прослави и ќе им оддаде почест на разни разновидни програми, кои ги охрабруваат инклузивните филмаџии и новинари да ја следат својата раскажувачка страст“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Миленикот на тинејџерките во рамките на турнејата ќе настапи во Унгарија и Австрија

Објавено пред

Музичарот Хари Стајлс планира голема турнеја наречена Love on Tour 2022. Европскиот дел од турнејата почнува на 28 јануари.

Меѓу многуте европски градови во кои ќе настапува, како Париз, Лондон и Берлин, Стајлс ќе настапи на 13 јули во Будимпешта и три дена подоцна во Виена.

Love on Tour 2022 е втората голема турнеја на познатиот пејач. Турнејата почна во септември минатата година во САД и досега се покажа како многу успешна.

Турнејата требаше да почне во април 2020 година, но поради пандемијата на коронавирусот, беше одложена за февруари 2021 година. Но, и тогаш беше одложена, па дури сега фановите на Хари ќе имаат можност да присуствуваат на неговите концерти.

Прикажи повеќе...

Забава

Продуцентот на „Битлси“ потпишал договор со нив бидејќи биле добри момци

Објавено пред

Продуцентот на „Битлси“, Џорџ Мартин, потпишал договор со легендарниот рок-бенд во раните денови повеќе поради тоа што му биле симпатични отколку поради нивната музика, откри еднаш, а неговиот син потврди во снимка што ја сподели на „Твитер“ во средата.

Џорџ Мартин, кој почина во март 2016 година, помогна во лансирањето на бендот до глобален успех во 60-тите и често го нарекуваа петтиот „битлс“.

„Беа четворица и прашав: кои се тие? што се тие?“, ѝ вели легендарниот продуцент на својата внука во видеото што го објави син му Гилс Мартин, исто така продуцент.

Џорџ Мартин ги запозна „Битлси“ во Лондон додека членовите на групата од Ливерпул бараа место под сонцето – пред да станат најпознатата четворка во светот.

„Кога слушав што прават, беше добро, но не беше сјајно“, се присетува тој во снимен разговор.

„Но, магијата дојде кога почнав да ги запознавам бидејќи тие беа ужасно добри луѓе“, продолжи тој.

„Беа забавни, беа многу паметни, кажуваа убави работи, тие беа оној вид луѓе со кои сакаш да се дружиш“, детаљно се присетува Џорџ Мартин во едно старо видео.

„Си помислив: ако јас го чувствувам ова кон нив, ќе го почувствуваат и другите луѓе, па тие сигурно ќе  бидат прилично популарни“.

Прикажи повеќе...

Забава

Џуди Денч почна да користи и да танцува на „Тик-ток“

Објавено пред

Во текот на синоќешното виртуелно гостување во ток-шоуто „Доцна навечер со Сет Мејерс“ на Ен-би-си, каде што го промовира својот нов филм „Белфаст“, Дејм Џуди Денч откри како нејзиниот внук ја натерал да се занимава со танцувачки предизвици на „Тик-ток“.

87-годишната британска актерка рече дека нејзиниот внук Сем Вилијамс дошол кај неа додека таа била во самоизолација и ѝ рекол: „Мислам дека треба да направиме малку ‘Тик-ток’“.

„Јас му реков дека сум апсолутно безнадежна во тие работи, но тој ме увери да не се грижам бидејќи ќе вежбаме претходно“.

Откога извежбале и го снимиле клипот, таа го прашала дали ќе го објави. „Треба уште вежбање“, ѝ рекол внукот.

„Тој беше тиранин“, се пошегува Џуди.

Таа никогаш не го видела готовиот резултат, а Сет потоа ја покажал снимката на која танцува со својот втор внук. Џуди и Сем потоа продолжиле со други танцувачки предизвици на апликацијата „Тик-ток“.

Сет потоа ја информирал дека Сем исто така се зафатил и со рецензии на нејзини филмови.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Нови 13 починати и 1.172 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.021 тестови,...

Македонија3 часа

(Видео) Катица Јанева сака лично да ги следи судењата во кои Камчев ѝ бара да му врати дел од милионот

Експецијалната јавна обвинителка, Катица Јанева, има желба и самата да присуствува на судењата против неа, Бојан Јовановски-Боки 13, Зоран Милески-Кичеец,...

Македонија4 часа

Камчев не сака Кичеец да му врати дел од милионот, парите ги бара од Јанева, Боки-13 и државата

Бизнисменот Орце Камчев нема да бара од Зоран Милевски-Кичеец, осуден во случајот „Рекет“, да му врати дел од 1,5 милион...

Свет5 часа

Си-ен-ен: Папата Бенедикт XVI знаел за злоупотребата на деца во Црквата

Папата Бенедикт Шеснаесетти знаел за свештеници што злоупотребиле деца додека тој бил надбискуп во Минхен од 1977 до 1981 година,...

Македонија6 часа

Бектеши: Нема да се намалува топлината на парното

Министерот за економија, Крешник Бектеши, тврди дека нема да се скратат часовите во кои скопјани ќе добиваат топлинска енергија. Од...

Македонија6 часа

Радев: Има позитивни сигнали од посетата на Кирил Петков во Скопје, но да не ги заборавиме главните прашања

Секој чекор што ја продлабочува нашата врска мора да биде поддржан, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, прашан за посетата на...

Свет8 часа

Москва одговори на заканите на Бајден: Санкциите повеќе ќе ја погодат Америка отколку Русија

Забраната на руските банки да користат долари повеќе ќе ѝ нанесе удар на Америка отколку на Русија бидејќи големите светски сили,...

Свет8 часа

(Видео) Еколошка катастрофа во Перу – по ерупцијата во Тонга, дошло до силно излевање нафта

Властите во Перу соопштија дека излевањето нафта кај брегот на земјата предизвикало еколошка катастрофа. Имено, од рафинеријата „Ла Пампила“ протекоа...

Спорт8 часа

Ѓоковиќ ќе ја тужи Австралија за 3.800.000 евра

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ќе ја тужи Владата на Австралија. Ѓоковиќ. во неделата, беше депортиран од Австралија. Федералниот суд...

Европа8 часа

Британскиот министер за здравство: 20.000 луѓе годишно умираат и од грип, па не ја затвораме земјата

Британија мора да научи да живее со Ковид-19 бидејќи болеста може да остане меѓу нас засекогаш, рече британскиот министер за...

Македонија1 ден

Регистрирани 2.051 нов случај на коронавирус, починаа 14 лица

Во последните 24 часа направени се 6.353 тестови, а регистриран е 2.051 нов случај на Ковид-19: Скопје – 1.027, Битола...

Македонија1 ден

„Спијте мирно, нема да ни го земат Банско“, рече Борисов по посетата на Петков

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов рече дека по вчерашната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје спиел мирно, бидејќи...

Македонија1 ден

Петков по посетата во Скопје: Постигнавме огромен успех

Вчерашната посета на Скопје беше огромен успех, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков пред новинарите во Народното собрание. „Од една страна...

Македонија1 ден

Горан Николовски го фати светиот крст во Скопје

Светиот крст кој беше положен во водите на реката Вардар во Скопје, годинава заврши во рацете на Горан Николовски. Точно...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: СДСМ да не ја продолжува агонијата и да одиме на избори

“Позади нас е една прилично тешка и предизвикувачка година. Година во која што имавме голем предизвик пред се со КОВИД...

Свет1 ден

Генералниот секретар на СЗО предупредува: Пандемијата не е ни блиску до крајот

Генералниот директор на Светската здравствена организација ги предупреди светските лидери дека пандемијата на коронарниот вирус „не е ни блиску до...

Македонија1 ден

Германија, Финска и Хонг Конг со нови Ковид протоколи за македонските државјани

Заради ситуацијата со Ковид 19- пандемијата, Сојузна Република Германија ја врати Република Северна Македонија на листата на ризични земји. Со...

Македонија2 дена

Рекордни 2.269 нови случаи на коронавирус во Македонија

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.038 тестови, а регистрирани се 2.269...

Македонија2 дена

Учебната година ќе заврши на 10 јуни и покрај одложеното второ полугодие

Владата најави измена на наставните програми со цел учебната година да заврши стандардно на 10 јуни, и покрај тоа што...

Македонија2 дена

(Видео) Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, порача Пендаровски на средбата со бугарскиот премиер

Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, со цел засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за почувствителните прашања....

Досие