Забава
Излезе видеоиграта „Топ ган: Маверик“, вклучува авиони и звучна подлога

Фановите на „Топ ган“ сега може да одат да полетаат во небото со авионите од штотуку објавениот филм „Топ ган: Маверик“ со видеоиграта Ace Combat 7: Skies Unknown, преку ДЛЦ-то Top Gun: Maverick Aircraft Set, што беше објавено во четвртокот.
ДЛЦ – содржина што може да се преземе – не ви дава нова приказна, мисии или мапи. Она што ви го дава е можност да летате со четири нови авиони, да добиете 10 нови амблеми, 12 нови повици (сите од Top Gun: Maverick) и два звучни записа, кои Кеики Кобајаши ги аранжира за повеќе играчи (мултиплеер), вклучително и Danger Zone и химната Top Gun.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ќерката на Бен Афлек го посети на снимање на филмот за „Најк“

Бен Афлек во вторникот помина време со својата ќерка Вајолет (16), откако таа им се придружи на него и Мет Дејмон на сетот во Лос Анџелес на филмот за „Најк“, кој сè уште нема официјален наслов.
49-годишниот актер и режисер беше спремен да снима сцена во ликот на коосновачот на „Најк“ Фил Најт, кога 16-годишната ќерка дојде да го посети.
Бен на себе има светлосина кошула и една нијанса потемни панталони, додека Виолет носи долг фустан со принт.
Неговата брада исто така е осветлена за да одговара на стилот додека се подготвува за портрет на успешен бизнисмен.
Мет Дејмон и Бен Афлек се дел од тимот на филмот за Мајкл Џордан и „Најк“.
Оскаровците зад „Добриот Вил Хантинг“ ги глумат двата главни лика во претстојниот филм за напорите на „Најк“ да склучи договор со Мајкл Џордан за патики, според „Холивуд репортер“.
Забава
(Видео) Снимка на Боб Дилан може да се продаде за 1 милион фунти

Еднократна снимка на легендарниот музичар и поет Боб Дилан се очекува да достигне цена од 1 милион фунти кога ќе се најде на аукција на „Кристи“ в четврток.
Дискот содржи нова верзија на класикот од 1963 година Blowin’ In The Wind, химна на антивоеното движење и движењето за граѓански права во САД.
Според многумина, Blowin’ In The Wind е песна на една цела генерација.
Новата верзија била направена во март 2021 година со неговиот долгогодишен соработник Боун Барнет.
„Се чувствував свето“, изјави тој за Би-би-си њуз. „Секогаш ми е свето да свирам со Боб – и мислам дека тоа го направивме во еден потег, ако не се лажам.“
Дилан, кој го револуционализираше пишувањето песни, често користејќи поезија и хумор за да искаже социјален протест, се смета за најголем текстописец на сите времиња.
„Пикасо на музиката“, рок-револуционерот Дилан во 2016 година доби Нобелова награда за литература за „создавање нови поетски изразувања во рамките на величествената американската традиција на песната“.
Забава
Бакнежот на Винона Рајдер и Дејвид Харбор во „Стрејнџер тингс“ не бил во сценариото

Бакнежот на Винона Рајдер и Дејвид Харбор на крајот на серијата Stranger Things не бил напишан во оригиналното сценарио.
Винона (50) и Дејвид (47), односно нивните актерски алтер-егоа Џојс Бајер и Џим Хопер споделија жесток планиран прв бакнеж претходно во четвртата сезона, но решија да додадат спонтано второ бакнување во финалето на сезоната.
Во пораката на твитер-профилот на Stranger Things се наведува: „Овој бакнеж не е напишан, Винона и Дејвид го додадоа на денот на снимањето“.
Зборувајќи претходно за романсата меѓу нивните ликови, Дејвид рече: „Фановите ја сакаат оваа врска меѓу Хопер и Џојс, а и јас исто така, затоа што чувствувам дека тие двајца се осамени, изгубени луѓе кои навистина си требаат еден на друг“.
Дејвид Харбор и Винона Рајдер на премиерата на третата сезона на серијата во Санта Моника, Калифорнија (28 јуни, 2019 година)