Забава
Измамничката за која „Нетфликс“ сними серија стана хит на „Тик-ток“
Ана Сорокин, измамничката позната и како Ана Делви, продолжува да го привлекува вниманието на јавноста две години по објавувањето на серијата на „Нетфликс“, „Измислувајќи ја Ана“. Моментно е во домашен притвор, но од таму ниже успеси.
Во интервју за WWD во јуни таа рече дека се труди да биде зафатена и продуктивна.
„Не правам ништо доволно возбудливо во моментот. Би било полесно да создадам повеќе содржини ако можам да ја напуштам куќата. Никој не сака да ме види како седам на каучот и пишувам книга. Сѐ зависи од тоа кога ќе бидам слободна. Потоа ќе правам интересни работи што луѓето што сакаат да ги гледаат“, додаде Ана.
Зошто е позната?
Ана е родена во Русија и е позната по тоа што ги измамила банките и њујоршката социјална служба за илјадници долари меѓу 2013 и 2017 година. Тогаш таа живееше на Менхетн, а сите мислеа дека е германска наследничка со богатство од 67 милиони долари во Европа.
Ана изјави за „Ен-би-си њуз“ дека никогаш не сакала да биде позната како измамничка.
„Тоа е целосно наметнато од обвинителството и медиумите, како и од сериите на „Нетфликс“, но, дефинитивно, се обидувам да побегнам од тоа“, рече таа.
„Едноставно мразам да ги гледам сите тие наслови за измами и лажно наследство. Би сакала да добијам шанса луѓето да не ме гледаат само како наводна измама“, вели Ана.
За прикажувањето на нејзината приказна во серијата на „Нетфликс“, Сорокин добила речиси 200 илјади долари.
Која е, всушност, Ана Делви?
Делви е родена како Ана Сорокин во предградијата на Москва во 1991 година, а подоцна се преселила во Германија со своето семејство. Таа стажирала во парискиот магазин „Прпл“ . Таму се спријателила со главниот уредник Оливие Зам и тој бил првиот што го вовлекла во својата мрежа од лаги и манипулации, а во 2014 година се преселила во Њујорк.
Ана направила огромни сметки за ресторани и хотели и се извлекла со плаќањето. Во еден случај на пријателка ѝ оставила долг од 62 илјади долари. Имено, таа ја поканила на луксузен одмор во Маракеш, а кога требало да плати, Ана побарала од нејзината пријателка тоа да го направи таа со нејзината кредитна картичка.
Во април 2019 година Ана беше осудена на минимум четири години затвор за измама, но беше ослободена поради добро однесување во февруари 2021 година.
Каде е сега Ана Делви?
Во јуни Ана беше видена како пристигнува на сослушување за имиграција во Њујорк. Имено, кога излегла од затворот, во март 2021 година повторно била приведена од Имиграциската и царинската служба поради престан на визата. Таа беше во притвор една година.
Таа требаше да биде депортирана во Германија во 2022 година, но депортацијата не успеа бидејќи одби да го напушти притворот и да оди на аеродром. Нејзиниот адвокат потоа изјави за „Њујорк пост“ дека е поднесено барање за задржување на депортацијата. Подоцна истата година таа беше ослободена од притвор под два услова. Мораше да плати кауција од 10.000 долари и да остане во домашен притвор.
Стана хит на „Тик-ток“
На Ана ѝ е забрането да ги користи сите форми на социјални мрежи. Таа често се фотографира и снима додека оди на суд, а овие појавувања редовно ги користи како можност за нејзините модни моменти носејќи луксузни брендови и интересни комбинации. На „Тик-ток“ многумина со нетрпение ги следат нејзините појави и споделуваат видеа.
„Подобро е да ја поканат на Мет гала в година“, „Таа е модна икона“, „Ја обожавам“, „Овој нов нејзин изглед ме воодушевува“, „Леле, таа изгледа неверојатно“, се само некои од коментарите под видеото, кои имаат стотици илјади прегледи на „Тик-ток“.
Што друго прави Ана Делви?
Таа потпиша договор за нова документарна серија за животот по затворот, која ќе продолжи таму каде што застана серијата на „Нетфликс“.
Во јануари 2023 година излезе вест дека Ана ќе го снима реалното шоу Delvey’s Dinner Club во својот стан во Ист Вилиџ во Њујорк, каде што е во домашен притвор. За време на домашниот притвор Ана го почна и поткастот The Anna Delvey Show со цел да го промени својот имиџ.
Во јули 2023 година таа го издаде својот деби-сингл What the Hell? со ѕвездата на „Тик-ток“, Брук Батлер.
Таа ја организира и првата модна ревија во својот стан со познатиот дизајнер Шао Јанг.
„Само се трудам да го направам најдоброто што можам. Не размислувам што ќе мислат луѓето за мене“, изјави таа за WWD. Освен во модата, тој се обидува да се докаже и во светот на уметноста. Имено, додека чекала вести за својата депортација, на Менхетн била отворена нејзината прва уметничка изложба наречена Free Anna Delvey. Изложбата содржеше дела на 33 уметници инспирирани од нејзиното искуство.
Втората изложба, нејзината прва самостојна изложба наречена „Наводно“, беше претставена со 20 цртежи што ги нацртала додека била во притвор. Според „Вараети“, нејзиниот трговец со уметнички дела ја проценува вредноста на колекцијата помеѓу 400.000 и 500.000 долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Повеќе од 50.000 фанови на Oasis останаа без билети за турнејата
Промотери за бендот Oasis објавија дека илјадници билети за нивните претстојни концерти по повторното обединување, кои завршија на локациите за препродажба, ќе бидат откажани. Компаниите Live Nation и SJM изјавија за Би-би-си дека ќе откажат повеќе од 50.000 билети за настапите на Лиам и Ноел Галагер во Обединетото Кралство, кои беа продадени преку секундарни платформи.
Тие нагласија дека сите откажани билети повторно ќе бидат достапни по основната цена на Ticketmaster, официјалната страница за издавање билети. Оваа мерка следува откако во август беа пуштени во продажба 1,4 милиони билети, со најавата за турнејата на Oasis.
Oasis ќе одржи концерти во Манчестер, Кардиф, Лондон, Единбург и Даблин, а планираат и настапи во САД, Канада и Австралија. Како што можеше да се очекува, илјадници билети се појавија на местата за препродажба во рок од неколку часа по првичната продажба, а промоторите на турнејата сега најавуваат откажување на многу такви билети.
Промоторите, исто така, ги предупредија фановите да не купуваат билети од неовластени сајтови бидејќи може да бидат лажни или да бидат откажани. Тие известија дека „во тек е детална анализа на продажбата на билети“ и дека резултатите ќе бидат проследени до соодветните законодавни тела.
Портпаролот на промоторите истакна: „Како што вети бендот пред продажбата за Oasis Live ’25, промоторите на турнејата потврдија дека Ticketmaster и See Tickets наскоро ќе започнат со процесот на откажување билети за кои се верува дека не ги исполнуваат поставените услови и одредби. Излезете за оваа турнеја со примена на овие правила, успеавме да ги спречиме секундарните продажни компании да продаваат билети по високи цени, така што само 4 проценти од билетите завршија на местата за препродажба. Со успешна примена на овие правила, успеавме да ги спречиме секундарните продажни компании масовно да препродаваат билети по високи цени, па само 4 отсто од билетите завршија на местата за препродажба“.
„За споредба, на некои големи турнеи до 20 отсто од билетите завршуваат на големи неовластени платформи за препродажба. Деталната анализа на продажбата на билети е во тек и резултатите ќе бидат проследени до надлежните органи. Сите откажани билети ќе бидат повторно достапни по основната цена преку Ticketmaster, а повеќе информации за ова ќе бидат достапни наскоро.
За обожавателите кои сакаат да ги продадат своите билети, промотерите препорачаа официјални канали како што се Ticketmaster или овластен партнер за препродажба Twickets, кои овозможуваат продажба по основната цена. Сите фанови кои веруваат дека нивните билети се откажани по грешка треба да контактираат со агент преку е-поштата за известување за откажување што ја добиле“, велат промоторите.
Забава
Почина актерката од „Пријатели“
Легендарната актерка Тери Гар, која беше номинирана за Оскар за улогата во „Тутси“, почина на 79-годишна возраст.
Таа е позната и по нејзините улоги во филмовите „Млад Франкенштајн“, „Блиски средби од трет вид“ и како мајка на Фиби во легендарниот ситком „Пријатели“.
Актерката почина во Лос Анџелес по долга борба со мултиплекс склероза.
Ѕвездата во 2002 година откри дека има хронична болест која ѝ го оштетува централниот нервен систем. Години подоцна, таа доживеа руптура на аневризма во 2006 година.
Таа зад себе има 160 улоги, глумејќи во влијателни телевизиски емисии и филмови од 1970-тите до 1990-тите, и беше влијателен изведувач за многумина, вклучувајќи ја и легендата на SNL, Тина Феј.
Врвот на нејзината кариера дојде во 1983 година кога беше номинирана за најдобра споредна женска улога како Сенди Лестер во „Тутси“.
Таа на крајот изгуби од Џесика Ланг која глумеше во истиот филм.
Нејзината најпозната телевизиска улога дојде кога ја играше Фиби Абот во легендарниот ситком „Пријатели“.
Забава
Една од најубавите жени на светот бремена на 44 години
Познатата манекенка Жизел Бундхен е бремена! Една од најубавите жени на светот чека дете на 44 години, како што пренесува „Пипл“.
44-годишната манекенка и нејзиното 35-годишно момче Хоаким Валенте го очекуваат своето прво заедничко дете. Тоа ќе и биде трето дете на манекенката.
„Жизел и Хоаким се многу среќни“, изјави извор близок до парот за споменатиот медиум.
По разводот со Том Брејди, манекенката во 2023 година стапи во врска со Хоаким Валенте.
Жизел има две деца од претходниот брак.