Забава
„Инстаграм“ тестира опција за подолги видеа во приказните

„Инстаграм“ почна лајф-тест на видеа од 60 секунди во Stories, што ќе значи дека подолгите видеоснимки повеќе нема да се делат на сегменти од 15 секунди и да се репродуцираат во разни рамки.
Опцијата моментно се тестира со мала група корисници со цел да се обезбедат поголема креативна слобода и интеграција на разните видеоопции на апликацијата за да се поедностават нејзините креативни алатки и функции.
Експертот за социјални мрежи, Мет Навара, на својот профил на „Твитер“ објави дека се најавува голема промена во врска со „Инстаграм сторис“.
Според Навара, оваа социјална мрежа за споделување фотографии воведува ново времетраење на Instagram Story и тие сега ќе може да траат до 60 секунди, а подолгите приказни повеќе нема да може да се делат на сегменти.
„’Инстаграм’ воведува приказни од 60 секунди“, твитна Навара, а објавата бргу почна да се шири на социјалните мрежи. Иако промената сигурно ќе ги воодушеви креаторите на дигитална содржина, многумина веќе ја скритикуваа.
„Боже, едвај ги издржувам и тие 15 секунди“, „Се надевам дека ќе има опција за забрзување“, „Не, ова е предолго, можеби триесет секунди би било идеално“, напишаа некои твитерџии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Жената која „не старее“ шокира со нови фотографии: го прослави 76. роденден и не ја открива својата тајна

Познатата дизајнерка на венчаници наполни 76 години, но кога ќе видите како изгледа, ќе ви биде тешко да поверувате.
Славната Вера Ванг, верувале или не, наполни 76 години, а по тој повод организираше забава во Париз за своите најблиски пријатели.
Познатата дизајнерка сподели неколку фотографии на својот Инстаграм профил, но исто така докажа дека возраста и модата дефинитивно не треба да се поврзуваат. Вера и претходно беше тема на дискусија кога станува збор за младоликоста, па затоа често се дискутираше за неа.
Таа позираше во краток црн џемпер и долго здолниште, а сè беше дополнето со ремен со синџири.
„Се обидувам да бидам малку модерна“, напиша Вера, очигледно правејќи шега на своја сметка.
Таа го комплетираше својот екстравагантен моден изглед со високи платформи и црна лента за глава, како и очила за сонце. Уште еднаш, нејзиниот изглед беше главна тема, а на никој не му е јасно како е можно оваа жена да е во својата осма деценија.
Вера Ванг често е пример за тоа како возраста не може да биде пречка, и тоа не само кога станува збор за модата.
Таа ја започна својата кариера како дизајнерка на венчаници на 40-годишна возраст, иако дотогаш веќе беше многу успешна. Соработуваше со Ралф Лорен, пред да одлучи да стане независна.
Таа сè уште не ја открила тајната на својот младешки изглед, како што еднаш рекла, не прави ништо посебно и се однесува сосема нормално, па засега сè уште мора да веруваме дека „главниот виновник“ е генетиката и обичниот живот.
Забава
(Видео) „Никој освен тебе” – нова песна и спот на Нокаут

Популарниот македонски бенд Нокаут ја промовираше својата најнова песна „Никој освен тебе“.
Музиката, текстот и аранжманот се на фронтменот Никола Перевски – Пере.
Забава
(Видео) Бред Пит „разочарува“ во кујната, но жените сепак го обожаваат

Бред Пит едноставно цвета од кога почна да се забавува со Инес де Рамон, која е речиси три децении помлада од него.
Познатиот холивудски актер Бред Пит моментално е една од главните теми, особено по објавувањето на новиот филм „Ф1“. Тој блескаше на премиерата со својата девојка Инес Де Рамон.
Долго време потоа се пишуваше дека актерот страда од „криза на средни години“, со оглед на тоа што драстично го променил својот изглед и стил на облекување откако почнал да излегува со помлада убавица.
Како и да е, тој е сè уште ненадминлив.
Овој пат, се најде во кујнско видео каде ги покажува сите свои вештини.
Тој се снимаше заедно со готвачите Роберто Моралес и Исајас Еспиноза, како и некои од неговите колеги од филмот. Тие заедно подготвуваа мексиканска храна и очигледно се забавуваа одлично.
Сите пробаа некои мексикански додатоци, а интересен детаљ беше кога Бред го сечеше месото кое речиси му излета од рака. Иако целта беше да се натпреваруваат, на крајот одлучија дека сите такос се одлични и дека нема победник.
Секако, видеото привлече големо внимание најмногу поради Бред Пит, но и затоа што не сме навикнати да го гледаме во вакви изданија.