Забава
Ирина Шајк дел од кампањата на Бијонсе
Во вторникот руската убавица Ирина Шајк јавно ѝ се заблагодари на Бијонсе што ја вклучи во шестата кампања на модниот бренд „Иви парк икс Адидас“, со наслов „Ивитопија“, која ќе биде објавена на 21 јули на adidas.com и на 22 јули во одредени продавници.
Во најновата објава на официјалниот инстаграм-профил на „Иви ипарк“, Ирина Шајк, позира во сино боди и проѕирна цветна јакна за кампањата „Ивитопија“ на модниот бренд во сопственост на поп-ѕвездата Бијонсе.
36-годишната убавица, која може да се пофали со 18,8 милиони следачи на социјалните мрежи, сподели „Инста-приказна“: „Ти благодарам, Б, што направи да бидам дел од ова!“
Колекцијата „Ивитопија“, опишана како „инклузивна и родово неутрална“, доаѓа во големини од икс-икс-икс-ес до икс-икс-икс-ел, а цените се движат помеѓу 30 и 200 долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Марија Шерифовиќ го прекина концертот во Ниш и се обрати на жена во публиката
Марија Шерифовиќ во рамките на нејзината турнеја „Доаѓа љубов“, на 8 ноември одржа концерт во Ниш.
Додека Марија пееше на сцената во еден момент виде повозрасна жена како енергично танцува и пее заедно со неа, поради што Марија морала да го прекине концертот, известија српските медиуми.
Пејачката се обратила кон жената и сакајќи да го дознае нејзиното име, а таа одговорила дека се вика Даворка.
@danojlovicn 😂😂😂😂 #pesma #koncert #niš #nis #dolaziljubav #serifovic #marijaserifovic #tiktok #viral #go #like #viral_video #viralvideos #tik_tok ♬ original sound – Nađa Danojlović
„Госпоѓо, посакувам да сте живи и здрави“, и кажа Марија, а публиката ја поддржа со овации.
Жената продолжи да скока од среќа, покажувајќи ѝ срце на пејачката со раце и признавајќи дека сама дошла на концертот, но дека многу се забавувала.
Марија синоќа одржа концерт и во Скопје.
Забава
(Видео) Тејлор Свифт освои четири награди на МТВ EMA, но не се појави
Во Лондон се одржа доделувањето на MTV Europe Music Awards (EMA). Тејлор Свифт, најголемата поп-ѕвезда денес, освои четири награди – Best Artist, Best Live, Best Video и Best US Act. Свифт не можеше да присуствува на доделувањето бидејќи нејзината турнеја Ерас се уште трае, па на публиката и се обрати со видео порака и им се заблагодари за наградите.
Покрај Тејлор, славеничка на вечерта беше и 22-годишната Тајла, која славеше во категориите Best R’n’B (најдобар изведувач во жанрот R&B) и Best Afrobeats (уметници кои придонесоа за светската популарност на Afrobeats и го шират овој жанр на меѓународната сцена со нивните песни).
Busta Rhymes ја доби наградата Global Icon Award, со која се оддава признание на уметници чие влијание во музичката индустрија е глобално признаено и трајно.
Лијам Галагер прослави во категоријата Best Rock (награда за изведувачи или бендови од рок жанрот кои особено се истакнаа во текот на годината со својата работа). Посебно симболично е што наградата ја доби во родниот Манчестер, каде годинава се одржа и доделувањето.
Водителка на доделувањето на наградите беше пејачката Рита Ора.
Забава
Најзгодниот маж на светот во 2023 година за својата титула: Ме направи анксиозен
Магазинот „Пипл“ секоја година го избира најсексапилниот маж на светот, а минатата година таа титула му припадна на 57-годишниот актер Патрик Демпси, ѕвезда на серијата „Вовед во анатомија“. Сега актерот проговори и откри како е да се биде прогласен за најсекси маж на светот.
Тој беше прашан дали на некој начин ја искористил престижната награда. „Не, тоа само ме направи анксиозен. Морав да се трудам да останам во форма и да вежбам уште повеќе“, искрено изјави Патрик за „Пипл“. „Но, неверојатно е колку е далекосежно влијанието“, продолжи тој додавајќи: „Мислам дека тоа беше одлична можност да се направи нешто позитивно… Тоа ми даде шанса да зборувам за Центарот ‘Демпси’, кој се грижи за луѓето со рак“.
„Самата слава е прилично празна, но ако можете да направите нешто, ако можете да бидете корисни, тоа е навистина она што го прави животот значаен и ви носи радост“, додаде актерот. Тој исто така рече дека тоа му претставувало голема чест, но дека тоа не го сфаќа толку сериозно.
View this post on Instagram
„Тоа е навистина добро за егото, но е многу субјективно. Има толку многу прекрасни мажи, кои се привлечни на разни начини, или физички или поради тоа што се, па затоа го сфаќате доволно сериозно за да бидете благодарни, но не сфаќате премногу сериозно“, рече тој.
Патрик Демпси досега има одиграно педесетина улоги, а најмногу слава му донесе серијата „Вовед во анатомија“, во која го игра неврохирургот Дерек Шепард. Од 1987 до 1994 година беше во брак со Роки Паркер, а во 1999 година се ожени со Џилијан Финк, со која има три деца.