Забава
„И’ готвеше штрудла“ – сестрата на Јованка Броз го опишува односот меѓу Тито и Софија Лорен
На денешен ден, 25 мај, во поранешна Југославија се празнуваше роденденот на Јосип Броз Тито како Ден на младоста. По тој повод проследуваме една интересна приказна за тоа како тој ја пречекал убавата Софија Лорен на островот Бриони.
Јосип Броз Тито за време на своето владеење бил домаќин на многу светски ѕвезди како Елизабет Тејлор, Софија Лорен и Ричард Бартон. Сите тие оставиле силен впечаток едни на други, а особено на Јованка Броз, раскажува нејзината сестра Нада Будисављевиќ во книгата на Жарко Јокановиќ „Мојата сестра Јованка Броз“, во која открива бројни интересни моменти од животот на претседателот на СФРЈ и првата дама.
Посебно внимание во тогашните медиуми предизвикала посетата на славната актерка Софија Лорен, која поминала петнаесет дена на Бриони. Нада се сеќава дека италијанската дива тогаш го повела и својот син, кој имал само година и пол, како и една швајцарска дадилка.
Била сместена во вилата „Јадранка“, каде претходно престојувале Тито и Јованка. Секојдневно доаѓала на плажа да се капе, а Тито и Јованка биле присутни цело време за време на нејзината посета.
„Секој ден му се јавуваше на Карло Понти. Косата ја миеше со дестилирана вода и ставаше маслиново масло. Нејзината коса беше прекрасна, навистина величествена. Кога ја фотографираа, секогаш го вртеше поубавиот профил. Тоа се тие мали тајни на големите мајстори“, раскажала Нада Будисављевиќ.
Како што вели Нада, а тоа го потврдуваат и многумина кои ја познавале славната актерка, Софија Лорен обожавала да готви.
„Подоцна издаде книга Софија во кујна, со љубов, или нешто слично. Подготвуваше сосови за шпагети, и тоа во големи количини. Се сеќавам дека ставаше телешко, свинско месо, пршута, и – на мое изненадување – дури осум килограми свеж домат. Тоа беше вистински специјалитет. Сите го јадевме заедно и беше божествено“, се присетува сестрата на Јованка.

Нада открива и дека Тито лично ѝ подготвувал штрудла на Софија.
„Уживаше во тоа. Имаше некој готвач, но Тито сам ги правеше штруклите, штрудлата со јаболка… Го развиваше тестото на масата, виткаше, месеше и печеше. Не знам дали ги знаеше точните мерки, можеби готвачот му помагал, но се гледаше дека уживаше во тоа“, вели Нада, пренесе „Она.рс“.
Софија Лорен денес има 88 години, а покрај Моника Белучи важи за најпозната Италијанка во светот. Холивудската дива, модел и модна икона уште од 1950-тите, стекна статус на филмска легенда и божица на убавината на која ѝ се восхитуваа и мажи и жени.
Најпосебно место во нејзиното срце зазел италијанскиот филмски продуцент Карло Понти. Се запознале кога Софија имала само 16 години. Иако на почетокот ѝ бил само продуцент и ментор во светот на шоу-бизнисот, нивната разлика од 22 години брзо била надмината од силните емоции кои не можеле да ги сокријат.
Во тој период Понти бил оженет и имал две деца. За да се разведе, била потребна согласност од Ватикан, но не ја добиле. Затоа во 1957 година отпатувале во Мексико, каде што Понти се развел и се оженил со Софија. Меѓутоа, по враќањето во Италија, се соочиле со нови проблеми – нивната заедница не била признаена како легална.
Понти бил обвинет за бигамија, а Лорен за незаконска врска. Не смееле ниту да се појавуваат заедно во јавност. Не сакајќи да се прилагодат на тогашните општествени норми, парот ја напуштил Италија и со години живеел во странство, борејќи се за правото нивната љубов да биде признаена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Обелоденети приватни пораки на Тејлор Свифт во тужбата против Балдони
Пораките што ги разменувале Тејлор Свифт и Блејк Лајвли излегоа на виделина во судските списи во рамки на правниот спор меѓу Лајвли и актерот Џастин Балдони. Спорот произлегол од снимањето на филмот „Ова завршува со нас“, во кој двајцата имаат главни улоги, а Лајвли поднела тужба против својот колега и режисер за сексуално вознемирување и клевета, пишува „Ладбибле“.
Лајвли тврди дека Балдони ја вознемирувал и водел кампања на оцрнување против неа. Тој ги отфрлил сите обвинувања и возвратил со контратужба, тврдејќи дека Лајвли и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс го избркале од продукцијата на филмот. Според него, актерката била вмешана и во текст во „Њујорк Тајмс“ што го нарекол „лицемерен обид за негова дискредитација“.
Судот ја отфрлил контратужбата во јуни 2025, а Балдони не поднел жалба. Тужбата на Лајвли сè уште е во тек. Следното подготвително рочиште е закажано за 22 јануари, а судењето треба да почне на 18 мај.
Според судските документи до кои дошол „ТМЗ“, објавени се пораки што Свифт ѝ ги испратила на Лајвли во декември 2024, поврзани со напис за Балдони што тогаш требало да излезе во „Њујорк Тајмс“. Во една порака, Свифт напишала:
„Мислам дека оваа ку*ва знае дека нешто се случува затоа што ја извади својата мала виолина“ — алудирајќи дека Балдони се претставува како жртва.
Во друга порака, таа напишала: „Да размислуваше стратешки, Џастин ќе кажеше дека во трејлерот нема Тејлор Свифт зашто тоа ѝ дава повеќе моќ на Блејк во филмот“
Иако презимето во контактот било скриено, правниот тим на Лајвли во судскиот поднесок потврдил дека станува збор за Свифт.
Лајвли во својот исказ изјавила:
„Ѝ го испратив сценариото на Тејлор додека доаѓаше кај мене, бидејќи Џастин сè уште беше во станот, и ја замолив да го прочита. Ѝ реков дека не мора, не сакав да чувствува притисок, но се надевав дека ќе го прочита.“
Пораките покажуваат дека Свифт била подготвена да направи „сè што може“ за Лајвли. Подоцна, Лајвли ѝ напишала:
„Денес беше епски херојска. Му раскажав сè на Рајан. Постојано се присетував на деталите.“ Потоа, зборувајќи за Балдони, таа додава: „Овој кловн паѓа на сè тоа. Но, тој исто така се спротивставува. Ти си апсолутно најдобриот пријател на светот.“
„Овој кловн сè уште се држи, ама и паѓа. Ти си апсолутно најдобрата пријателка на светот некогаш.“
Правниот тим на Свифт тврди дека таа не знаела оти Балдони бил во станот и дека не заземала страна во спорот. Но, во друга размена на пораки, Лајвли напишала дека се чувствувала како „лоша пријателка“, на што Свифт признала дека „се оддалечила“.
Неколку недели подоцна, Свифт ѝ испратила линк до вест дека агенцијата го отпуштила Балдони, со порака:
„Победи. Ти успеа. И им помогна на многу луѓе што нема да мораат да поминуваат низ ова повторно.“
Забава
Како да носите чизми по 40-тата година: Изберете модели кои подмладуваат и ја издолжуваат ногата
Чизмите станаа неопходен дел од гардеробата, но многу жени се прашуваат како да ги носат на начин што ќе и ласка на фигурата. Не станува збор за слепо следење на модните трендови, туку за познавање на стиловите што ги нагласуваат адутите и создаваат безвременски елегантен изглед.
Чизмите се несомнено едни од најразновидните парчиња обувки во женскиот гардеробер, но по четириесеттата година, приоритетите при изборот се менуваат. Брзите трендови се заменуваат со квалитет, удобност и безвременска елеганција. Ова не значи откажување од стилот, туку донесување попаметни одлуки што ќе и ласкаат фигурата и ќе одразуваат зрелост и самодоверба.
Инвестирањето во добро изработен пар кожа или велур што ќе се обликува убаво на стапалото и ќе трае со години е секогаш попрофитабилно отколку натрупувањето евтини, сезонски модели. Вистинскиот пар чизми може да ја трансформира цела облека, обезбедувајќи дотеран изглед без никаков напор.
Клучот за успех лежи во изборот на вистинскиот модел, при што должината на чизмите е клучна. Додека класичните чизми до колена, се безбеден избор кој визуелно ги издолжува нозете и создава гламурозна силуета, треба да бидеме повнимателни со популарните чизми до глужд.
Тајната е во тоа што работ на чизмата завршува на најтесниот дел од глуждот. На овој начин, избегнувате визуелно „сечење“ на ногата на незгодно место, што може да даде впечаток на пократки и подебели нозе. Моделите со V-изрез на предната или страничната страна се исто така одличен трик бидејќи создаваат илузија на подолги нозе и поелегантни линии.
Висината и обликот на петицата имаат речиси магичен ефект врз целата фигура. Додека вртоглаво високите и тенки потпетици можеби биле привлечни во вашите дваесетти години, по четириесеттите години, удобноста станува императив. За среќа, ова не значи дека мора да се откажете од подигнатите обувки. Широка блок-пета со висина од пет до седум сантиметри е идеален компромис – таа обезбедува стабилност и удобност за носење во текот на целиот ден, а во исто време визуелно ги издолжува нозете и го подобрува држењето на телото. Од друга страна, се препорачува да се избегнуваат ниски и дебели потпетици кои можат да ја скратат фигурата, како и целосно рамни модели без никаква потпора.
Изборот на материјал и боја е подеднакво важен. За да се постигне впечаток на потенки нозе, експертите советуваат да се избегнуваат лакирани и сјајни материјали кои привлекуваат внимание. Наместо тоа, изберете модели изработени од превртена кожа или слични мат завршетоци.
Кога станува збор за бои, никогаш не можете да погрешите со класиците. Неутралните нијанси како црна, темно кафеава, коњак или беж нудат максимална разновидност и лесно се интегрираат во вашиот постоечки гардеробер. Ако се одлучите за беж чизми кои планирате да ги носите со фустани и здолништа, изберете нијанса што е што е можно поблиску до тонот на вашата кожа за да создадете континуирана, издолжена линија.
Чизмите до глужд и фармерките се неразделен пар, но клучот е во изборот на вистинскиот крој. Фармерките со рамен крој или тенок крој со чизми нудат опуштена, но софистицирана атмосфера, совршено паѓајќи преку работ на чизмата. Тесните фармерки вметнати во чизмите создаваат долга, елегантна линија која визуелно ја издолжува целата фигура. За помодерен изглед, комбинирајте чизми до глужд со скратени панталони или фармерки, внимавајќи да оставите мал простор помеѓу работ на ногавицата и горниот дел од чизмата.
Кога станува збор за здолништа и фустани, миди должината е идеален партнер за чизми до глужд, бидејќи создава совршена рамнотежа и софистицираност. Без разлика дали станува збор за лелеава здолниште со А-крој или елегантен плетен фустан, оваа комбинација е безгрешен избор и за деловни и за лежерни пригоди.
Чизмите до колена, од друга страна, изгледаат неверојатно елегантно со фустани до колена или „молив“ здолништа, создавајќи безвременски изглед кој зрачи со самодоверба.
Само затоа што имате над четириесет години не значи дека треба да се откажете од модните трендови. Без разлика дали станува збор за популарните каубојски чизми или груби мотоциклистички чизми, тајната е да изберете поумерена и рафинирана верзија. Наместо модел со прекумерни детали, изберете поедноставен дизајн во неутрална боја.
Секоја жена треба да има „впечатлив“ пар чизми во својот плакар, оние што ќе ѝ го кренат расположението и ќе ѝ дадат доза на смелост. Не мора да биде ништо впечатливо; Модел со суптилен животински принт или во богата боја на вино може веднаш да трансформира едноставна комбинација од темни фармерки и џемпер и да покаже дека стилот не познава години.
Забава
„Тоше те сакаме“ – настан во чест и сеќавање на Тоше Проески во ОУ „Лазо Ангеловски“
На 23 јануари 2026 година (петок), во периодот од 12:00 до 15:00 часот, во аулата на ОУ „Лазо Ангеловски“, ќе се одржи забавниот културно-уметнички настан „Тоше те сакаме“, посветен на ликот и делото на Тоше Проески.
Целта на настанот е преку уметнички, образовни и музички содржини да се одбележи трајната вредност на делото на Тоше Проески, неговата хуманост и влијанието што го има врз младите генерации и македонската културна сцена.
Во музичкиот дел од програмата ќе настапат: Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Тамара Волческа, Владимир Поповски, Ивона Јо, Мартинијан Кириловски, Наде Талеска, Lili Acoustic и Васил Ангелов, кои со свои интерпретации ќе му оддадат почит на безвременското музичко наследство на Тоше.
Настанот „Тоше те сакаме“ претставува силен пример за заедништво меѓу граѓаните, локалната самоуправа и образовните институции, обединети околу вредностите што Тоше Проески ги живееше и ги пренесуваше преку својата музика – љубов, човечност и искрена емоција.
Организаторите упатуваат отворена покана до медиумите и јавноста да присуствуваат и заедно да оддадат почит на уметникот кој ќе живее вечно во нашите срца.

