Забава
Кавгата меѓу Бритни Спирс и сестра ѝ продолжува: Семејството се однесуваше со мене полошо од осуденик на смрт

Бритни Спирс тврди дека нејзиното семејство се однесувало со неа полошо од осуденик на смрт за време на т.н. конзерваторски надзор.
Ова изјава доаѓа во време на голема расправија со сестра ѝ Џејми Лин.
Поп-ѕвездата (40), која беше под посебен надзор од страна на нејзиното семејство од 2008 до 2021 година, тврдеше дека Џејми Лин не направила ништо за да ѝ помогне и дека се чувствува повредена од обвинувањата искажани од нејзината сестра.
Во текот на промоцијата на својата автобиографија Things I Should Have Said („Работи што требаше да ги кажам“), Џејми Лин изјави за „Најтлајн“ дека сестра ѝ ја заклучила во соба со нож во времето кога покажувала непредвидливо однесување, на што Бритни ја нарече ѓубре на социјалните мрежи.
Бритни се огласи на „Твитер“ со ново отворено писмо: „Џејми Лин, мислам дека твојата книга воопшто не е за мене. Реагирав грубо бидејќи очигледно ме повреди со работите што ги измислуваш за мене!!!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Вил Смит: Богатството не е доволно за среќа

Вил Смит гостуваше во шоуто на Нетфликс „На мојот следен гостин не му треба вовед“, чиј водител беше Дејвид Летерман. Шоуто беше снимено пред Оскарите, па не се зборуваше за инцидентот, а Смит го сподели своето искуство со дрогата и како дошло до неа“.
Летерман спомна анегдота од книгата на Смит во која тој го опишува разговорот со Џејмс Њутон Хауард, кој работел на музиката за филмот „Јас сум легенда“. Во разговорот беше споменато дека филмот заработил 77 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето, на што Смит одговорил: „Се прашувам што можевме да направиме за да заработиме 80 милиони“.
„Во тој момент почнав да сфаќам дека тоа е суптилна болест. Кога се фокусирате на материјалниот успех, ништо не е доволно. Не сум разговарал со никого 14 дена. Тоа ми помогна да сфатам какво лудило се случува во мојата глава. Бев на врвот на материјалното богатство. Мислам дека природата на човештвото е да разбере дека материјалниот свет е недоволен за да ја одржи нашата среќа“, кажал Смит.
Тој исто така додал: „Невозможно е да го заштитите нашето семејство. Тоа е илузија. Безбедноста е илузија. Мора да научиме да живееме со сознанието дека сè може да исчезне за една секунда. Ако го знаеш тоа, како можеш да бидеш среќен?“, се запрашал Смит.
Забава
Дуа Липа се релаксира пред концертот во Минхен

Дуа Липа уживаше во малку одмор и релаксација пред нејзиниот распродаден концерт во Минхен во неделата.
Британската поп-ѕвезда (26) на себе има розово-портокалови цветни бикини, кои ги истакнуваат нејзините стомачни мускули и затегнати нозе додека лежи покрај реката во главниот град на Баварија.
Таа сподели кратко видео и неколку фотографии со своите пријателки. На објавата ѝ даде наслов pre – show river dip (нуркање во река пред концерт).
Се чини дека Дуа и нејзините пријателки Роузи Вива и Реј Ен Хејден и нејзината фитнес-инструкторка Ени Мувс уживаат во сонцето на затскриена локација.
Забава
Шерон Стоун го донесе гламурот на црвениот тепих во Кан

Шерон Стоун го красеше црвениот тепих на проекцијата на филмот на Валерија Бруни Тедески, „Засекогаш млади“ (Forever Young), во рамките на Филмскиот фестивал во Кан во неделата.
Облечена во сино-бела креација на „Долче и Габана“ со драматичен додаток, 64-годишната актерка ги воодушеви присутните кога го отфрли дополнителниот дел од фустанот закачен на нејзините колкови.
Со мала асистенција од двајца манекени облечени во костуми, ѕвездата на „Ниски страсти“ лесно се ослободи од дополнителното здолниште. Потоа позира во друга верзија на фустанот, што ја истакна нејзината тенка фигура. Ваквиот потег предизвика бурен аплауз од фановите.