Забава
Како до совршена кожа и обликувано тело – без компромис
Дали сте подготвени за трансформација? Вашето тело може да се промени за само еден месец!
Летото е веќе тука, а ако се прашувате дали е доцна да го доведете телото до посакуваната форма – одговорот е: не! Благодарение на современите неинвазивни третмани, видливи резултати се можни и за само неколку недели.
Сè повеќе жени во Скопје ги откриваат придобивките од NuEra Tight третманите – радиофреквентна технологија која овозможува затегнување на кожата, измазнување и видливо намалување на целулитот по само 6 третмани, како и Wonder® – револуционерен метод кој комбинира електромагнетна и неуромускулна стимулација за обликување на мускулите и намалување на масните наслаги.

Доколку сакате да го решите прашањето со несаканите влакна – засекогаш, тука е PrimeLase HR, новата генерација на ласер за епилација, за брзи и долготрајни резултати и мазна кожа без влакна до 12 години! Благодарение на вградениот систем за ладење, третманот е речиси безболен, а најважно – безбеден е за употреба и во летните месеци.
Се прашувате каде? Во Devotion Aesthetic Studio – новата урбана оаза за комплетна нега, место каде што ќе се почувствувате повторно свои и негувани. Во пријатна атмосфера и со врвни професионалци, тука ќе ја добиете грижата што ја заслужувате.

Покрај напредните апарати, Devotion Aesthetic Studio нуди и целосно искуство на нега и благосостојба – од релаксирачки и антицелулитни масажи, до професионални третмани за лице, како дијамантска дермоабразија, мезотерапија без игли и биостимулативен ласер. За оние што се стремат кон комплетна нега, студиото нуди и маникир, педикир, депилација, како и EMS Chair – неинвазивно решение за јакнење на карличната мускулатура, постпородилна рехабилитација и подобрување на интимното здравје.
Се наоѓаат на булевар Партизански Одреди бр. 64 во Скопје, а за повеќе информации, мотивација и закажувања, можете да ги најдете на Instagram профилот @devotion.beauty.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Вратата ја удри Ријана, нејзината реакција стана хит
Поп-ѕвездата Ријана доживеа мала незгода при излегување од хотел во Њујорк, кога вратата ја удри бидејќи телохранителот не ја придржал. Ситуацијата е снимена и видеото брзо се прошири на социјалните мрежи.
Ријана реагираше во свој стил – се насмеа и му дофрли на телохранителот: „Баш сте џентлмен“. На интернет се отвори дебата – некои сметаат дека тој требало да ѝ помогне, други дека тоа не е негова работа. Сепак, повеќето се согласија дека пејачката само се пошегувала.
Rihanna reacts to being hit by a door after her bodyguard fails to hold it:
“Such a gentleman you are.”
— Buzzing Pop (@BuzzingPop) January 17, 2026
Забава
(Видео) Хурем и Сулејман повторно заедно – по 12 години од серијата, блеснаа на црвениот тепих
По 12 години од крајот на снимањето на популарната серија Сулејман Величествениот, актерите Мерјем Узерли (Хурем) и Халит Ергенч (Сулејман) се појавија на ист настан — доделувањето на наградите Joy Awards во Ријад, Саудиска Арабија.
Мерјем блескаше во долга, богато украсена креација на Khaled & Marwan, наликувајќи на вистинска султана. Со изборот на облека таа ги испочитува културните норми на земјата-домаќин.
View this post on Instagram
На настанот присуствуваа и светски ѕвезди како Мили Боби Браун (која доби признание за личност на годината) и пејачката Кејти Пери, која ја отвори церемонијата.
Мерјем и Халит се најдоа во исти кадри и на видеото кое актерката го објави на стори на „Инстаграм“, што дополнително ги разгоре шпекулациите за нивната блискост.

Халит Ергенч се појави на настанот со својата сопруга, актерката Бергузар Корел, со која денес имаат три деца и заедно ја надминале брачната криза од минатото.
Фото насловна: „Сулејман величествениот“ – промотивен материјал
Забава
Директорот на „Рајанер“ и Илон Маск си разменија навреди: „Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“
Јавна расправија со навреди изби меѓу Илон Маск и извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, откако О’Лири во интервју за ирското радио „Њусток“ го нарече Маск идиот и ја нарече неговата социјална мрежа „Икс“ – септичка јама. Причина за конфликтот е одлуката на „Рајанер“ да не ја користи ви-фи услугата „Старлинк“ во своите авиони.
„Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“, рече О’Лири.
Маск реагираше на „Икс“, нарекувајќи го О’Лири целосен идиот и побара да биде отпуштен. Во друга објава додаде: „Отпуштете го овој имбецил“, обвинувајќи го дека погрешно ги проценил ефектите на „Старлинк“ врз потрошувачката на гориво.
Во расправијата се вклучи и официјалниот профил на „Рајанер“ на „Икс“, кој го исмеа Маск поради прекин на платформата: „Можеби вам ви треба ви-фи, @elonmusk?“
perhaps you need Wi-Fi @elonmusk? https://t.co/eq82qcLqKv
— Ryanair (@Ryanair) January 16, 2026
О’Лири изјави дека „Старлинк“ не е практичен за нискобуџетните летови на кратки релации, бидејќи надворешните антени ја зголемуваат аеродинамичната отпорност и трошат повеќе гориво – до 2 проценти повеќе, што би чинело стотици милиони долари годишно.
Маск ги оспорува овие податоци, тврдејќи дека веќе постојат авиокомпании кои летаат со авиони опремени со „Старлинк“ и дека високобрзинскиот интернет ќе стане пресуден за изборот на патниците.

