Забава
Камерон Дијаз пронашла внатрешен мир кога престанала да снима
Актерката Камерон Дијаз откри дека го пронашла внатрешниот мир кога ги оставила филмовите за да се фокусира на својот личен живот. „Кога снимате филм, тие ве поседуваат“, вели таа.
47-годишната Камерон, чиј последен филм беше римејкот на „Ени“ во 2014 година, дискутира за своите животни избори во разговор со Гвинет Палтроу за „Гуп“.

Таа проговори за својата одлука да се повлече од шоу-бизнисот по влегувањето во 40-тите години.
Во текот на интервјуто Камерон рече: „Ги оставив филмовите за да можам да се фокусирам на мојот личен живот и повторно самата да си бидам доволна на себе бидејќи актерите се инфантилизирани во Холивуд“.
„Знаете ли дека актерите се инфантилизирани? Ние сме ставени во позиција во која други се грижат за нас, тие се грижат за сè. Најголемата животна промена ми овозможи да најдам мир во мојата душа затоа што, конечно, се грижев за себе“, откри Камерон.

Камерон се омажи за музичарот Бенџи Мејден во 2015 година по 10-месечна романса, а овој јануари ја дочекаа својата прва ќерка Редикс.
„Тоа е мојата работа. Имаше многу нешта што морав да ги средам, многу врски што морав да ги поправам, а исто така и врски што требаше да ги градам… сите работи од кои отсуствував во мојот живот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Комичарка го исмеа Леонардо Ди Каприо на „Златните глобуси“, неговата реакција е вирална
Комичарката Ники Глејзер беше домаќинка на доделувањето на наградите „Златен глобус“ втора година по ред, а церемонијата одржана на 11 јануари беше обележана, меѓу другото, со шега за Леонардо Ди Каприо и неговите врски со многу помлади жени.
Глејзер се осврна на номинацијата на Дикаприо за неговата улога во „Една битка по друга“.
„Безброј иконски улоги, си работел со сите големи режисери. Освои три Златни глобуси и еден Оскар. И најимпресивното од сè е што успеа да го направиш сето ова пред твојата девојка да наполни 30 години. Мислам, тоа е едноставно лудо.“
51-годишниот актер, навикнат на вакви досетки, се насмеа и кимна со главата во знак на одобрување. Неговата 27-годишна девојка, Виторија Черети, со која неодамна беше на одмор во Сент Бартс, не беше со него таа вечер.
„Лео, жал ми е за шегата, ефтина е, се обидов да ја избегнам“, рече Глејзер.
„Но, не знаеме ништо друго за тебе, човече. Нема ништо друго… Направив малку истражување, најдлабинското интервју што некогаш си го дал е за Тин Бит во 1991 година. Дали твојата омилена храна сè уште е „тестенини, тестенини и уште тестенини“?“
„Да“, промрмори актерот од својата маса со палец нагоре, „секако дека е“.
фото/депозитфотос
Забава
Концерт на Слаткар на 2 август во Охрид
На 2 август, на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, во организација на „Прагма продукција“, Марко Маринковиќ – Слаткар ќе го одржи својот најголем концерт досега.
Настан што ја отсликува зрелоста на една кариера и нејзиното цврсто место на домашната сцена како резултат на континуиран и јасно изграден авторски пат.
Концертот во Охрид ќе отслика една ера и едно време, преку песни што оставија значаен белег на нашата музичка сцена – сега со нова енергија, пред илјадници луѓе, на отворена сцена, во град кој е симбол на културата и уметноста.
„Овој концерт за мене е од голема важност. Тој е круна на мојата досегашна работа. Вечерта, на Илинден, сите мои блиски пријатели ќе бидат дел од сцената. Конечно македонски концерт на стадион! Дојдете најубаво да си поминеме!“, вели Слаткар.
Во повеќе од дваесет години активна работа, неговата музика се менуваше и созреваше, но никогаш не ја изгуби суштината, директноста и искреноста. Токму поради тоа, песните не се заборавија, туку се доживуваат сè посилно и продолжуваат да живеат од генерација на генерација.
Во време кога сцената брзо заборава, Слаткар успеа да се задржи цврсто, без да се повторува, и да биде препознатлив без потреба да се објаснува или докажува.
На 2 август, стадионот „Билјанини Извори“ ќе стане место каде минатото, сегашноста и иднината ќе се сретнат во ист ритам – со неговите безвременски хитови, богата програма со специјални гости и врвна продукција.
Не пропуштајте да бидете дел од овој историски концерт!
Картите се веќе во продажба и може да се купат преку: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК Травел Бисер и ЈК Травел Дајмонд.
Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5728
Забава
(Видео) Пожар избувна зад сцената на доделувањето на Златните глобуси
За време на синоќешната доделба на Златните глобуси во Лос Анџелес избувнал мал пожар зад сцената. Инцидентот се случил во прес-собата, откако член на кетеринг-службата случајно превртел сад за загревање храна, објави „Дели мејл“. Новинарот Крис Гарднер наведе дека тепихот кратко горел, се појавил чад, но пожарот брзо бил изгаснат и никој не бил повреден.
Crisis averted inside #GoldenGlobes backstage press room as catering knocked over a coffee holder and the sterno underneath was lit. For a brief moment, the carpet was on fire and smoke wafted up around the curtains. They put it out quickly fortunately. Yikes! pic.twitter.com/FTFixnZppT
— Chris Gardner (@chrissgardner) January 12, 2026
Инцидентот не бил единствениот што ја одбележал вечерта. Гледачите реагирале бурно откако наградата за најдобра филмска музика му била доделена на Лудвиг Горансон за филмот „Sinners“ за време на рекламна пауза. Снимката од моментот стана вирална, а многумина оценија дека станува збор за непочитување кон уметниците, особено затоа што за други сегменти од церемонијата имало доволно време.
Ludwig Göransson accepts the #GoldenGlobes award for for Best Score Motion Picture! 🎵 Congratulations! pic.twitter.com/IVW28K3HTb
— Golden Globes (@goldenglobes) January 12, 2026

