Забава
Канје Вест вреди 6.6 милијарди долари со половина од приходите од неговиот бренд „Јизи“
Канје Вест поседува прилично голем капитал вреден милијарди, кој ќе треба да го заштити при разводот од Ким Кардашијан.
43-годишниот рапер, наводно, тежи 6.6 милијарди долари во голема мера како резултат на неговиот бренд патики и облека Yeezy, проценет помеѓу 3.2 до 4.7 милијарди долари, според UBS Group AG.
Тој моментално се соочува со Ким Кардашијан во рамки на бракоразводна постапка. Но, парот, наводно, потпишал предбрачен договор и ниту една од страните не ги оспорува условите на документот.
Магазинот „Пипл“ ја потврди новата бројка, што е значително зголемување од 1.3 милијарди долари, како што објави Форбс во април 2020 година.
Зголемената цифра има многу врска со неговиот бренд за облека што сега е во партнерство со „Адидас АГ“ и „Гап инк“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Партнерката на Кристијано Роналдо позираше во чизми од 2.000 евра
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави неколку нови фотографии направени во Ријад.
Таа уживаше во прошетка во природа, а чизмите кои ги носеше го привлекоа вниманието на нејзините следбеници. Станува збор за модел на брендот Шанел чија цена е околу 2.000 евра. Нејзината објава досега собра повеќе од 2 милиони лајкови.
View this post on Instagram
Партнерката на Кристијано Роналдо неодамна го сподели првиот поглед на нивниот нов дом во Ријад, кој предизвика голем интерес во јавноста. На почетокот на 2023 година, парот се пресели во Саудиска Арабија, каде Роналдо ја продолжува својата фудбалска кариера.
На нејзиниот профил на Инстаграм и ТикТок, Џорџина објави видео со опис „нов дом“, и ги израдува своите следбеници кои се желни за детали за нивниот нов живот.
View this post on Instagram
На Инстаграм многумина го пофалија дизајнот, пишувајќи коментари како: „Убава“, „Убави украси“, „Мојот дом од соништата“, „Изгледа убаво“ и „Многу елегантно“.
Естрада
Се појави нова фотографија од Лиам Пејн направена неколку минути пред неговaта смрт
Два дена откако беше погребан британскиот музичар Лиам Пејн, „Дејли Мејл“ објави фотографија – последна од животот на пејачот, направена само неколку минути пред неговиот фатален пад од третиот кат на хотелот во Буенос Аирес.
Моментот снимен на безбедносните камери отвори нови прашања: дали ова е доказ дека трагедијата можела да се избегне и дали акцијата на тројцата мажи, кои го носат на фотографијата, е причината поради која Британецот се обидел да се спушти на терасата за да го избегне обезбедувањето.
Како што „Дејли Мејл“ ја толкува фотографијата, очигледно тројца вработени во хотелот го подигнале пејачот бидејќи, според очевидци, имал грчеви додека лежел на подот од фоајето. Потоа го однеле во неговата соба во лифтот.
World Exclusive: Shocking last picture of Liam Payne alive that raises a troubling question – could he have been saved? FRED KELLY’S bombshell investigation reveals what really happened https://t.co/vvPqLaxpXO pic.twitter.com/C6SvDNnToS
— Daily Mail Online (@MailOnline) November 22, 2024
Се поставува прашањето зошто го преместиле ако бил во толку лоша состојба и зошто веднаш не повикале брза помош.
Временскиот печат на фотографијата покажува 16:54:48 часот, а на кобниот 16 октомври, нешто по 17 часот, Пејн паднал од висина од 13 метри од балконот на својата соба. Тој починал на лице место.
Во 17:11 часот пристигнала Брзата помош и констатирала смрт. Обдукцијата покажала дека пејачот се здобил со повеќе повреди кои предизвикале внатрешно и надворешно крварење.
World Exclusive: Shocking last pictures of Liam Payne alive raise a troubling question – could he have been saved? https://t.co/2jQBf4J5m2 pic.twitter.com/t1PUYI1m91
— Daily Mail Online (@MailOnline) November 22, 2024
Токсиколошкиот извештај откри траги од алкохол, кокаин и антидепресиви.
Сега се сомнева дека поранешниот член на попларната група „Уан дајрекшн“ (One Direction) паднал од балкон во обид да го напушти хотелот незабележано – трик што често го користел во тинејџерските денови во групата и кој го повторувал на Флорида еден месец пред оваа несреќа за да го избегне обезбедувањето,
Според камерите, тој ден во 15:53 часот, пејачот влегува во хотелот со својот пријател Роџер Норес. Носи црна капа и мала чанта. Тој разговара со фановите во ходникот, а потоа оди во својата соба со Норес.
Неколку минути подоцна, двајцата се враќаат во лобито. Пејачот има лаптоп, но ги остава капата и чантата во собата. Норес се збогува со Лиам и го напушта хотелот. Пејачот изгледа добро расположен. Во 16:26 седи во фоајето и го користи својот лаптоп. Две минути подоцна оди во собата и се враќа. И тоа го повторува. Секогаш кога ќе се врати, неговото однесување е се’ понеобично.
Сведоците велат дека во еден момент тој извикал: „За*би ова, другар“, а потоа го фрлил лаптопот на подот.
Потоа има видео со трите лица кои го носат. На фотографијата јасно се гледа дека Лиам додека го враќаат назад во собата, нема ниту црна капа, ниту чанта.
Хотелот повикал брза помош неколку минути откако пејачот бил однесен во неговата соба.
Меѓутоа, кога итната помош го пронашла неговото тело, тој со себе имал капа и чанта.
Забава
Двата хороскопски знаци во кои се раѓаат најпаметните луѓе
Интелигенцијата може да се изрази на многу начини, а астрологијата тврди дека одредени знаци од Зодијакот имаат предност кога станува збор за природна проникливост и остроумност.
Без разлика дали се длабоки филозофи, креативни иноватори или аналитички умови, некои хороскопски знаци едноставно блескаат со својот интелект. Дознајте кои знаци често се поврзуваат со големи умови и зошто се сметаат за најпаметни во Зодијакот.
Водолија
Водолијата е позната по својата оригиналност и иновативно размислување. За нив светот не е како што изгледа, туку поле на бесконечни можности.
Додека сите останати се држат до традиционалните идеи, Водолијата веќе излегува со теории кои се толку далеку пред нивното време што ретко кој може да ги следи. Водолиите нема да имаат проблем да ја објаснат најновата теорија на квантната физика и да ја поврзат со општествените промени – сето тоа преку чаша чај.
Водолијата е таа што гледа надвор од кутијата и секогаш нè тера да размислуваме што би можело да биде.
Девица
Нема поголема интелектуална посветеност од онаа што Девицата ја вложува во секој детал. Способна да анализира сè и секого, Девицата е експерт за решавање проблеми и лесно препознава се што треба да се поправи.
Умот на Девицата се движи како прецизна машина – без грешки и секогаш фокусиран на логиката. Од Девица, ќе ги добиете најточните информации за сè, без разлика дали се работи за навиките во исхраната или статистиката за глобалното затоплување.
Практична, паметна и детална, Девицата не’ потсетува дека моќта на знаењето лежи во деталите.