Забава
Канје Вест ја разгорува војната со Ким во новиот сингл

Канје Вест повторно ја разгорува војната со поранешната сопруга Ким Кардшијан за старателството над нивните четири деца во најновиот сингл New Love, кој излезе во четвртокот навечер.
„Кога ќе ги земам, се чувствувам како да ми ги позајмиле“ гласи еден стих од песната.
Во песната, со вокал од покојниот XXXTentacion, се појавува Канје (44), изразувајќи го своето незадоволство од распоредот за неговото старателство, додека рапува: „Чекај, кога ќе ги видиш децата? Ќе се видиме утре/ Чекај, кога ќе зајде сонцето? Се гледаме утре“.
Раперот, исто така, тагува поради фактот што неговите деца не се постојано со него: „Кога ќе ги земам, се чувствувам како да ми ги позајмиле/ Кога треба да ги вратам, ги скенирам ги како бар-код“.
Вест, кој ги дели Норт (8), Сент (6), Чикаго (4), и Псалм (3) со реалити-ѕвездата (41), продолжува да се жали на облеката на децата.
„Кој ги облака децата во овие алишта?“/ Зошто не можат да носат ‘Јизи’? прашува тој, алудирајќи на сопствениот бренд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Џон Вик се бори против нови непријатели

„Џон Вик: Поглавје 4“, најнов во сагата за немилосрдниот одмаздник, ќе има нов вид нинџи.
Режисерот Чад Стахелски изјави дека претстојниот филм ќе биде подлабоко истражување на традицијата на серијалот, и во кој насловниот лик ќе се бори против нови непријатели.
„Ја сакам митологијата“, изјави Стахелски за „Вараети“. „Сакам добар мит. Навистина не верувам, барем за филмовите со Џон Вик, во структура од три чина. Верувам во раскажување приказни.“
„Отсекогаш сме го гледале Џон Вик како Одисеј. Затоа, одвојуваме време што ни е потребно да ја раскажеме приказната. Сè додека не заспиваме гледајќи ја, продолжуваме со неа. Но, претпоставувам дека има лимит.”
Во претходниот, „Џон Вик 3“, статусот „eкскомуникадо“ го принуди титуларниот лик да се бори против нинџа-клан предводен од убиецот Зеро, кого мистериозното раководство го назначи да ги казни сите што му помагале на Вик.
Забава
Џони Деп ќе го режира својот прв филм по 25 години

Џони Деп ќе ја земе режисерската палка во свои раце првпат по 25 години и планира да застане на чело на тимот на биографски филм за познат сликар.
Деп заедно со Ал Пачино ќе снима филм за познатиот италијански сликар и скулптор Амедео Модиљани заедно со Ал Пачино
Деп , исто така, и ќе го продуцира филмот за уметникот кој починал осиромашен во 1920 година на млада возраст, но стана познат по своите ремек-дела на актови со издолжени лица и екстремитети.
Модиљани починал во 1920 година од туберколоза. Имал само 35 години.
Според „Холивуд репортер“, Деп (59) веќе го ангажирал својот пријател Ал Пачино (82), откако ѕвездата на „Кум“ не успеа да издејствува биографски филм за Модиљани во режија на Мартин Скорсезе во 1980-тите.
Не се објавени други детали за кастингот, но бидејќи Модиљани почина на 35-годишна возраст, мала е веројатноста некој од овие двајца актери да го глуми уметникот, освен ако немаат намера да користат CGI за намалување на стареењето како во „Ирецот“ на Мартин Скорсезе.
Филмот всушност е адаптација на драмата „Модиљани“ на Денис Мекинтајр од 1979 година, чие дејствие е сместено во 1916 година за време на кризен период од животот на уметникот.
Вториот обид на Деп како режисер доаѓа 25 години по неговиот вестерн The Brave („Храбриот“) од 1995 година, во кој глумеше заедно со Марлон Брандо.
Забава
Мадс Микелсен: Сценариото е Библија и строго се држам до нeго

Славниот дански актер Мадс Микелсен изјави дека никогаш не е доцна да се почне актерска кариера, а на оние кои ќе се одлучат на тој чекор им откри дека едно од неговите правила е строго да се држи до сценариото.
Микелсен е еден од гостите на 28. издание на Сараевскиот филмски фестивал, каде му беше врачена наградата „Почесно срце на Сараево“ за неговиот исклучителен придонес во филмската уметност.
По тој повод, беше прикажан филмот „Лов“ (The Hunt) во режија на Томс Винтерберг, во кој данскиот актер ја игра главната улога – воспитувач во градинка неправедно обвинет за злоупотреба на деца.
Оваа психолошка драма беше снимена во 2012 година, а Микелсе изјави дека тоа е веројатно најдоброто сценарио со кое се сретнал во неговата кариера досега.
„Беше лесно да му кажам ‘да’ на Винтерберг“, рече Микелсен во текот на разговорот со новинарите и дел од публиката по проекцијата на „Лов“, на која присуствуваа околу 3.000 луѓе.
Микелсен веќе има импресивна кариера со повеќе од 50 филмови и телевизиски серии, од кои многу беа огромни комерцијални успеси.
56-годишниот актер во понеделникот во Сараево потсети дека кариерата ја започнал на 30 години и тоа е причина да им порача на младите актери дека и тие треба да сметаат на таква можност.
„Никогаш не е доцна“, рече тој.
Негово прво правило е да посвети многу внимание на сценариото бидејќи, според него, актерот на некој начин е „слуга на приказната“.
„Сценариото е Библија и јас строго се држам до него“, рече Микелсен, додавајќи дека задача на актерот е да прави она што ќе му каже режисерот.