Контакт

Забава

Канjе Вест се фокусира на религијата во видео од изборната кампања

Објавено пред

Раперот Канје Вест во понеделникот го објави првиот официјален видеспот во рамките на предизборната кампања за претседател на САД фокусирајќи се на религијата и семејствата.

Вест (43), кој својата кампања за Белата куќа ја почна со конфузни изјави на своите профили на социјалните мрежи во јули, се наоѓа на официјалното гласачко ливче во неколку држави во САД, но, според американските медиуми, нема математички шанси за победа.

Во видеото музичарот и моден дизајнер ги замоли приврзаниците да гласаат за него како кандидат.

„Со свртување кон верата ние ќе бидеме таква нација и такви луѓе какви што Бог сака да бидеме“, вели Вест во видеото, на кое се гледаат семејства на молитва и снимки во природа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Интересот за дигитални книги со драстичен пораст среде пандемија

Објавено пред

Карантинот и ограничувањата на движење резултираа во енормно зголемен број на нови  корисници на веб-страницата Libraries NI (Библиотеки Северна Ирска) од почетокот на март.

Веб-страницата тврди дека има драстично зголемувње на бројот на онлајн корисници среде пандемија на Ковид-19, додавајќи дека сè поголем број на луѓе се решаваат за оваа опција во услови на светска здравствена криза.

Приближно 24.000 луѓе во Северна Ирска се приклучиле на онлајн библиотеката од почетокот на пандемијата.

„Библиотеки СИ“ забележаа раст на онлајн членството за 23.569 помеѓу март и крајот на септември. Во март имало 7.590 нови членови на библиотеката – 10 пати повеќе од истиот месец во 2019 година.

Пред пандемијата, повеќето луѓе што сакаат да користат вакви услуги, тоа ќе го стореа во библиотечна зграда.

Прикажи повеќе...

Забава

Кајли Џенер во леопардово расположение

Објавено пред

Кајли Џенер се пофали со својата „дива“ страна во понеделникот, додека позираше заводливо пред камерата, облечена во хеланки со леопард-принт, во рамки на промоција на нова линија на нејзината козметичка компанија.

„Дива работа“, ја наслови објавата на две фотографии на кои седи во просторија покриена со разни леопард-принтови, од нејзиниот стол до таванот и подот.

Ветеранката на реалната телевизија позира со прилично затегнатите нозе свртени настрана од камерата, истакнувајќи ги своите облини.

„Мојата потполно нова колекција @kyliecosmetics доаѓа на 26!!! Предолго го чекав ова! Многу сум возбудена што конечно е тука !!!“

Додека сè уште нема откриено детали за новата колекција, таа ги советува своите 198 милиони следачи на социјалните мрежи да бидат подготвени доцна денес за откривање на повеќе детали на нејзиниот Инстаграм.

Само 45 минути по објавата, реалити sвездата доби повеќе од 2.1 милиони лајкови и 11. 000 коментари од фановите, кои ја пофалија дека изгледа „феноменално“ во леопард-аутфит.

Прикажи повеќе...

Забава

Синот на Роберт Редфорд почина по долга борба со рак

Објавено пред

Синот на актерската легенда Роберт Редфорд, Џејмс Редфорд, почина на 58-годишна возраст по долга борба со рак на црниот дроб.

Џејмс почина во својот дом во округот Марин, Калифорнија, а веста ја потврди неговото семејство со емотивна објава на социјалните мрежи. Џејмс се борел со примарен склерозирачки холангитис речиси 30 години – ретка автоимуна болест што го погодува црниот дроб. За ракот дознал минатата година кога чекал во болницата за трансплантација.

Портпаролот на неговиот татко Роберт (84), рече:

„Тагата е неизмерна со загубата на дете. Џејмс беше син, сопруг и татко кој ги сакаше сите. Неговото наследство живее преку неговите деца, уметноста, снимањето филмови и посветената страст за зачувување и животната средина”.

„Џејми почина денес. Срцето ни е скршено. Живееше убав живот и многумина го сакаа. Ќе ни недостасува длабоко. Како негова 32-годишна сопруга, јас сум најмногу благодарна за двете убави деца што ги одгледавме заедно. Не знам што би правеле без нив во изминативе 2 години“, напиша неговата сопруга  на „Твитер“.

Борбата на Џејми со здравјето започна како дете кога тој доби две трансплантации на црн дроб во 1993 година. Потоа го основал Институтот за свесност за трансплантација „Џејмс Редфорд“, со цел да ги едуцира луѓето за донирање органи и ткива.

Подоцна, заедно со неговиот татко Роберт, беше коосновач на непрофитниот центар „Редфорд“, чија цел е да продуцира филмови, па дури и да им дава грантови на режисерите кои се фокусираат на животната средина и климата, во надеж дека ќе најдат решение за климатските промени.

Роберт го доби Џејмс од бракот со Лола ван Вагенен, со која беше во брак од 1958 до 1985 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Македонија3 часа

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП „Државни патишта“

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот...

Македонија3 часа

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до...

Европа4 часа

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Македонија4 часа

(Видео) Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот...

Македонија4 часа

МОН објави упатство: Наставниците да го прилагодат оценувањето согласно учењето на далечина

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија училиштата за начинот на следење и оценување...

Европа6 часа

Курц: До следното лето ќе се вратиме во нормала

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, верува дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна во првата половина на следната година. „До следното...

Македонија6 часа

Весковски: Водоснабдувањето во Скопје нормализирано, ваков дефект се јавува еднаш на 10 години

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од Скопје, како резултат на голем дефект на...

Македонија6 часа

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието. Владата треба да...

Свет6 часа

Во Москва 49 нови смртни случаи од коронавирус за 24 часа

Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб. „Четириесет и девет...

Свет7 часа

Ирска воведе најстроги мерки против коронавирусот во Европа

Ирскиот премиер Михаел Мартин го потврди враќањето на највисоко, петто, ниво на ограничувања во борбата со коронавирусот, кое ќе трае...

Свет7 часа

Норвешки лекар тврди дека коронавирусот мутирал

Нова мутација на САРС-КоВ-2 коронавирус е откриена во Норвешка, тврди главниот лекар на општината Трондхајм, Тове Рестад. Од друга страна,...

Македонија21 час

Во Скопје 2.674 активни случаи на коронавирус, најмногу во Аеродром, Карпош и во Центар

Во Скопје во моментот има 2.674 активни случаи на коронавирус од вкупно 5.550 во целата држава. Најмногу активни случаи во...

Свет22 часа

Студија: повеќе од половина од луѓето што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми и по неколку месеци

Повеќе од половина од луѓето што биле отпуштени од болница по заболувањето од Ковид-19, чувствуваат симптоми, како што се отежнато...

Македонија24 часа

Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија

Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за...

Македонија1 ден

Кумот на Груевски во притвор поради плацовите на Водно

Кривичниот суд во Скопје му изрече 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кој се товари за сторено кривично дело перење...

Македонија1 ден

Филипче: Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека утре до Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од коронавирусот....

Свет1 ден

Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО за лекот ремдесивир

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ги разгледа резултатите од студијата на Светската здравствена организација (СЗО) за антивирусниот ремдесивир, што...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Научните аргументи и вистината за јазикот се на наша страна и од нив никој разумен не може да се откаже

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Овогодишниот...

Топ1 ден

Инспекторите растурија свадба во Глумово со 250 гости, следи кривична пријава

Инспекторите откриле уште еден случај на масовно непочитување на мерките против коронавирус во околината на Скопје. Синоќа во периодот од...

Досие