Контакт

Забава

Карди Би го откажува разводот

Објавено пред

Раперката Карди Би поведе постапка за поништување на документот со кој бараше развод од сопругот рапер Офсет помалку од два месеца откога бракот го квалификува како „неповратно скршен“.

28-годишната Карди поднесе документи во Џорџија за да го отфрли разводот што го почна во септември, објави порталот ТМЗ.

Ова не е првпат да се предомисли во врска со правната разделба од 28-годишниот Офсет бидејќи тие физички се разделија во декември 2018 година среде шпекулациите за неверство за повторно да бидат заедно само два месеца подоцна.

Карди очигледно сè уште ја остава вратата отворена за потенцијална разделба имајќи предвид дека постапката за откажување ја почнала без предрасуди, што значи дека има право да ја повтори постапката на подоцнежен датум, според порталот.

Судијата, сепак, ќе мора да го потпише последното барање за да го официјализира, но моќната рап-двојка јасно стави до знаење дека се повторно заедно.

Двојката повторно ја оживеа својата романса за време на прославата на 28. роденден на Карди во Лас Вегас и Атланта во средината на октомври.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

„Пипл“ најавува уште најсекси мажи во повеќе категории

Објавено пред

Како добро вино, овие sвезди стануваат посекси со возраста – но Бред Пит е оној што ги натера читателите на „Пипл“да гласаат и официјално да биде именуван за Секси Емеритус – во конкуренција на Џорџ Клуни, Дензел Вашингтон, Роберт Редфорд и Идрис Елба.

Минатата недела, уредниците на престижното списание го прогласија актерот Мајкл Б. Џордан за најсекси маж на планетава за 2020 година.

Секоја година „Пипл“ прогласува најсекси маж. Оваа година, таа чест му припадна на Мајкл, но, има премногу секси мажи во светот за да се издвои само еден како најсекси.

Поради тоа, магазинот има десетина други категории во кои и други мажи одат дома со титула. Некои таблоиди ги објавија резултатите од најновата анкета.

Читателите гласаа за најсекси мажи во повеќе категории од најсекси нов татко до најсекси маж со маска.

Добитници за 2020 година по избор на читателите се следниве:

Принцот Хари е најсекси „ројал“ или член на кралско семејство. Принцот Хари, кој се откажа од кралската титула на почетокот на оваа година, сè уште се смета за најсекси „ројал“. Тој го победи шведскиот принц Карл Филип, принцот Феликс од Луксембург, принцот Матен од Брунеи и неговиот сопствен брат принцот Вилијам.

Најсекси браќа – Крис, Лиам и Лук Хемсворт се избрани за најсекси браќа во светот.

Најсекси ѕвезда на малиот екран – Јенсен Аклс

Најсекси спортист – Патрик Махомес

Најсекси среќен маж – Рајан Рејнолдс

Најсекси ново тато – Џо Џонас. Многу од славните станаа татковци за прв пат оваа година. Џо Џонас, кој е оженет со Софи Тарнер, доби најмногу гласови во оваа категорија. Ги остава зад себе Ед Ширан, Артем Чигвинцев, Зејн Малик и Џошуа Џексон.

Најсекси ѕвезда на Јутјуб – Дејвид Добрик

Прикажи повеќе...

Забава

Рејтингот на ТВ-квизот „Џепарди“ најголем во последните 7 месеци

Објавено пред

Најпопуларниот американски ТВ-квиз „Џепарди!“ има највисок рејтинг во последните седум месеци, а рекордната гледаност се должи на претходно снимени епизоди што се емитуваат по смртта на долгогодишниот водител Алекс Требек, кој почина на 8 ноември на 80-годишна возраст.

Од 9 ноември наваму Jeopardy! во просек имал 10,05 милиони гледачи на ден за епизодите емитувани во текот на неделата, што е скок од 24 % во однос на просечната сезона на шоуто од 8,1 милиони“, пренесуваат медиумите.

Додека се лекуваше од карцином на панкраесот, Требек сними сосема нови епизоди, кои ќе се емитуваат до почетокот на јануари.

Требек квизот го водел од 1984 година.

Прикажи повеќе...

Забава

Џенифер Лопез со свршеникот и близнаците на прошетка во Њујорк

Објавено пред

Тие беа критикувани на социјалните мрежи затоа што патувале со приватен авион во Њујорк за да го прослават Денот на благодарноста откога CDC (Центрите за контрола на болестите) упати апел до Американците да не патуваат за празникот во услови на наплив на случаи на Ковид-19.

Центрите за контрола и превенција на болестите ги соопштија препораките една недела пред Денот на благодарноста, кој во САД се прославува последниот четврток од ноември.

Во вторникот вечерта Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник Алекс Родригез беа забележани како излегуваат на прошетка во Големото јаболко со 12-годишните близнаци на Џеј Ло, Макс и Еми.

Четворицата беа топло облечени наспроти студот и носеа маски за лице додека одеа до возилото што ги чекаше.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Заев: Бугарија не е фашистичка земја, туку наш пријател

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев во интервју за бугарската новинска...

Свет36 минути

Двајца повредени со нож во Швајцарија, се утврдува дали е терористички напад

Две лица се повредени, а едно лице е уапсено во можен терористички напад во стоковна куќа во Швајцарија, пренесува швајцарски...

Македонија3 часа

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура4 часа

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа4 часа

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет5 часа

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија5 часа

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица...

Македонија5 часа

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации,...

Регион5 часа

Од денес стапува во сила полициски час во Црна Гора

Во Црна Гора од денес угостителските и услужните објекти ќе работат од 7 до 18 часот, а забраната за напуштање...

Европа6 часа

Финцитe мајстори во борбата против коронавирусот

Финска, со население од нешто помалку од 6 милиони жители, е една од земјите што најдобро се справуваат со пандемијата...

Свет6 часа

Трамп ќе го помилува поранешниот советник за безбедност, кој го лажеше ФБИ

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го помилува поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој во 2017 година призна...

Свет7 часа

Бајден: Сè уште не сум разговарал со Трамп

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, изјави дека сè уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп. Бајден во првото интервју...

Свет7 часа

Макрон најави попуштање на мерките

Франција следниот викенд ќе почне со олабавување на мерките против ширењето на коронавирусот за до Божик продавниците, театрите и кината...

Свет7 часа

Австралија ги ублажува мерките, со денови нема нови заразени

Австралиската федерална држава Нов Јужен Велс ќе ги олесни ограничувањата за физичка дистанца и ќе ги отстрани условите за компаниите...

Свет7 часа

Голем метеж на аеродромите и во центрите за тестирање во САД во пресрет на Денот на благодарноста

Метежот на аеродромите и редиците пред центрите за тестирање покажуваат дека многу Американци планираат да го прослават Денот на благодарноста...

Македонија19 часа

Регистрирани се 1039 нови случаи на Ковид-19, починаа 15 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на...

Свет20 часа

Зошто Путин досега не се вакцинирал?

Рускиот претседател Владимир Путин не може да биде меѓу доброволците кои ќе бидат вакцинирани против коронавирусот до крајот на клиничките...

Свет20 часа

(Видео) Маж со секира држеше во заложништво шест деца во Русија

Маж кој држеше шест деца како заложници во стан во Санкт Петербург, се предаде на полицијата.Во стан во предградијата на...

Македонија20 часа

Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Поранешниот пратеник Мухамед Зекири е избран за нов генерален секретар во Владата.Одлуката e донесена на последната владина седница одржана денеска....

Европа20 часа

Старските домови во Шпанија први ќе бидат вакцинирани против Ковид-19

Штитениците и персоналот на домовите за стари лица ќе бидат први вакцинирани против коронавирус во Шпанија, изјави министерот за здравство...

Досие