Контакт

Забава

Кајли Џенер изрази благодарност до фановите за поддршката за новата мејкап-колекција 

Објавено пред

Во морнарска облека што асоцира на називот на нејзината најнова колекција шминки „Морнар“, Кајли Џенер им се заблагодари на своите 193 милиони следачи на Инстаграм за поддршката за нејзиниот бренд за убавина.

Фотографиите ги објави една недела по враќањето од импровизираната работна посета на Париз.

Кајли Џенер изгради козметичка империја која постојано ја надградува со нови палети и производи, и сосема е нормално да чувствува благодарност за своите фанови.

23-годишната мејкап-магнатка повторно доживеа успех со промоцијата на новата колекција „Морнар“ од нејзиниот бренд „Кајли козметика“, која се појави на веб-страницата на брендот на 31 август.

Иако производите сè уште не се на продажба, што е често вообичаено ден по лансирањето, Кајли се појави на инстаграм-страницата на „Кајли козметика“ за да им се заблагодари на нејзините купувачи за нивната деловна активност и да ги охрабри луѓето, особено жените, да споделуваат свои фотографии со мејкап.

„Ви благодарам на љубовта за колекцијата Морнар. Едвај чекам да ги видам вашите фотографии!“ напиша Кајли на објавата.

Забава

Џиџи Хадид стана мајка за прв пат

Објавено пред

Супермоделот Џиџи Хадид и нејзиниот партнер Зејн Малик станаа родители, објавија таблоидите, додавајќи дека нивното прво дете е девојче.

Џиџи и Зејн ја соопштија веста на социјалните мрежи во средата.

„Нашето девојче е тука, здраво и убаво“, напиша 27-годишниот пејач на „Пилоуток“ и објави црно-бела фотографија од неговата тетовирана рака и малите прсти на бебето.

Прикажи повеќе...

Забава

Дизни ја одложува премиерата на „Црна вдовица“

Објавено пред

„Волт Дизни ко“ во средата го одложи премиерното прикажување на суперхеројскиот филм „Црна вдовица“ како и „Приказна од западната страна“ на Стивен Спилберг до 2021 година, што претставува нов удар за кино-операторите кои се надеваат дека ќе има наплив на љубители на филм до крајот на годината.

Овие два филма беа меѓу најголемите наслови што останаа на холивудскиот распоред за 2020 година. „Црна вдовица“ (Black Widow) е одложена за шест месеци до мај 2021 година, а „Приказна од западната страна“ (West Side Story) – филмска верзија на бродвејскиoт мјузикл – за една година до декември 2021 година.

Прикажи повеќе...

Забава

Прекрасна на 55 години! Брук Шилдс ги покажа своите тонирани нозе во костим за капење

Објавено пред

Брук Шилдс се чини дека е безвременска фатална жена, која крена бура со неколку провокативни фотографии на „Инстаграм“.

55-годишната фам-фатал сподели црно-бели фотографии, на кои изгледа заносно во едноделен темен костим за капење.

Фотографиите ги направи поранешната манекенка Хелена Кристенсен (51), која се прослави како ангел на „Викторија сикрет“ во 90-тите години на минатиот век.

„Одлична пријателка и соработник од соништата“, напиша Брук во објавата додавајќи: „Ти благодарам што веруваше во мојата визија и помогна да се реализира“.

Динамичното дуо е во пријателска врска веќе некое време.

Брук, која порано беше госпоѓа Андре Агаси, е во брак од 2001 година со сценаристот Крис Хенчи. Sвездата на The suddenly Susan и нејзиниот сопруг се горди родители на две ќерки – 17-годишната Роуан и 14-годишната Гриер.

Во меѓувреме, Хелена помина низ три разводи и имa 20-годишен син Мaнгус со вториот поранешен сопруг Норман Ридс.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменици министри

На предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Собранието ги именуваше замениците-министри во Владата. Башким Хасани, е избран за заменик...

Европа1 час

Британската полиција заплени еден тон кокаин вреден 128 милиони долари

Британската полиција заплени речиси еден тон кокаин скриен во гајби со овошје од Јужна Америка и уапси двајца мажи. Вредноста...

Свет1 час

Фаучи: Нормален живот на крајот на наредната година

Во Италија расте бројот на заразени со Ковид-19, па во последните 24 часа откриени се 1.670 нови случаи на инфекција,...

Свет11 час

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Македонија12 часа

(Видео) Мицкоски: Бараме да предложиме независен јавен обвинител за борба против мафијата

„Правдата во Македонија е нападната. Селективната правда денеска во Македонија е неправда. Имаме невини луѓе во затвори, луѓе што страдаат...

Свет13 часа

Нов Зеланд укина поголем дел од рестрикциите против пандемијата

Маските за лице повеќе не се задолжителни во поголем дел од Нов Зеланд бидејќи случаите на Ковид-19 продолжуваат да опаѓаат....

Свет15 часа

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Свет15 часа

Хајко Мас во карантин

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има...

Македонија15 часа

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Македонија16 часа

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Македонија17 часа

Нови 183 заболени и петмина починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Македонија17 часа

Спотовите на ВМРО-ДПМНЕ со ликот на Русковска предизвикале болка и анксиозност кај обвинителката

Изборните спотови со ликот на Вилма Русковска кои се емитуваа по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ предизвикале душевна болка и анксиозност кај...

Регион18 часа

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите коалиции, пренесуваат црногорските...

Македонија18 часа

Бошковски од Инфективна: „Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично“

Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично, вели лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, по информацијата дека синоќа...

Македонија19 часа

Поради несослушани сведоци, одбиени докази и толкувани снимки, Миланов смета дека Јанакиески е жртва во „Насилство во Центар“

Ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Миле Јанакиески е...

Свет19 часа

Путин: Во Русија наскоро ќе биде регистрирана уште една вакцина против коронавирус

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека наскоро ќе биде регистрирана втората руска вакцина против коронавирусот. „Наскоро ќе биде регистрирана друга...

Македонија19 часа

Извештај на ИЈЗ: Пораст на бројот на новозаразени и починати за една недела

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември, регистрирани се вкупно...

Македонија20 часа

Родителите кои беа ослободени со мерките и хронично болните се враќаат на работа

Од денеска, со одлука на Владата, дел од групите кои целосно беа ослободени од работа поради состојбата со коронавирусот, се...

Македонија20 часа

(Видео) Заев – Гир: За неколку месеци очекуваме успешна завршница на подготовките на преговарачката рамка

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на ЕУ во нашата земја, неговата екселенција Дејвид Гир. Тој...

Европа21 час

Лукашенко ненајавено положи заклетва за претседател

Александар Лукашенко денеска ненадејно и без најава положи заклетва за новиот претседателски мандат, пренесува државната новинска агенција „Белта“. Церемонијата за...

Досие