Забава
Кели Кларксон мора да му плаќа на поранешниот сопруг месечна издршка во износ од 200.000 долари
На Кели Кларксон ѝ е наложено да му плаќа на својот поранешен сопруг Брендон Блексток приближно 200.000 долари месечно како издршка за него и за нивните две малолетни деца.
39-годишната пејачка, текстописец и ТВ-водителка („Шоуто на Кели Кларксон“), чиј имот е проценет на 45 милиони долари, од 1 април 2021 година требаше да му плаќа на нејзиниот поранешен сопруг и поранешен менаџер 50.000 долари месечно како издршка на поранешен брачен другар.
Дополнително, судот ѝ наложи да му плаќа уште 45.000 долари месечно на Блексток како издршка за нивните малолетни деца Ривер (7) и Ремингтон (5), според правните документи до кoи дојде The Blast.
Документите откриваат и детали за финансиите на Кларксон, наведувајќи дека таа заработува 1.583.617 долари месечно.
Сè на сè, Кели ќе треба да пополнува чек од 195.601 долари за нејзиниот поранешен секој месец.

Судот дополнително бара од неа да плати 1,25 милиони долари за да ги покрие адвокатските трошоци на Брендон настанати со разводот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Како беше создаден голиот фустан на прекрасната Германка што го шокираше светот?
Доделувањето на Греми наградите во 2026 година беше прослава на кич и гламур. Познати личности од различни области на уметноста ги покажаа своите најдобри комбинации, иако за некои црвениот тепих беше повеќе од само модна ревија.
На пример, моделот Хајди Клум одлучи да го покаже својот автентичен моден израз за музичките награди и избра необичен кожен фустан.
Фустанот на познатата манекенка е направен според нејзините мерки и е дело на австриската дизајнерка Марина Херманседер.
Марина сега објави видео на Инстаграм на кое покажува како е направен фустанот со кој ги шокираше сите на музичките награди.
Дизајнерката создаде 3Д дизајн на фустанот, а потоа и самиот калап, според мерките на Хајди. Материјалот (кожата), од кој е направен фустанот, беше прецизно и деликатно растегнат преку калапот, а потоа користеа и алатки за обработка на кожа.
И деколтето беше интересно – дизајнерката користеше нож за да ги создаде рабовите сама.
Конечно, тестираа бои што одговараа на тенот на кожата на Хајди, потоа сè изшмирглаа и го премачкаа со рефлективен лак сличен на латекс.
Забава
(Фото) Поранешната девојка на Бонд и денес изгледа нереално: наскоро ќе го прослави својот 75-ти роденден
Актерката Џејн Сејмур во интервју за „Fox News Digital“ изјави дека конечно е среќна и дека е благодарна на луѓето што ги има во својот живот.
„Пред се, сама си ја правам косата и шминката. Сама си ја бирам облеката, разумно се хранам, никогаш не сум на луди диети и многу сум среќна. Благодарна сум што сум жива“, рече таа. „Благодарна сум што имам одлична работа, работа со луѓе што ги сакам“, додаде Џејн, позната како девојка на Бонд.
Таа истакна дека ова се нејзините најдобри години и дека ужива во животот и новите проекти.
„О Боже, дури и немам време за сè што правам во моментов, лудо е. За среќа, имам енергија за тоа. Но, едноставно сум толку благодарна, навистина сум. Никогаш не помислив дека ќе го правам тоа што го правам на оваа возраст, никогаш.“
Џејн откри и како ќе го прослави својот 75-ти роденден на 15 февруари.
„Сè уште не сум најавила роденденска забава, но дефинитивно ќе имаме голема гала вечера за Фондацијата „Отворени срца“, дводневна гала вечера, што е одлично. Што се однесува до самиот ден на мојот роденден, немам поим. Обично е дождливо, па можеби ќе направам она што го направи кралицата на Англија и едноставно ќе го прославам мојот официјален роденден на друг ден – кога сонцето сјае и сите можеме да бидеме надвор“, откри таа.
Забава
(Видео) „Имам момче во секоја земја, тие плаќаат за сè“
Инфлуенсерката Орсолија Лоринц од Романија патува низ светот и ужива во секоја дестинација, а откри и што дополнително ѝ „помага“ во тоа. Како што изјави, на секое патување наоѓа привремено момче со кое поминува време додека е на пат.
Според Индекс.хр, оваа девојка ја напуштила својата корпоративна работа за да патува низ светот и да запознае нови луѓе кои ѝ ги покажуваат знаменитостите и ѝ ги плаќаат излетите.
Таа ги покажува сите свои авантури на социјалните мрежи, а нејзините врски обично траат околу седум дена и наоѓа мажи на апликации за запознавање.
@itsorsolya pov. you quit your corporate job to travel through Central Asia #travel #unemployed #unemployment #centralasia #gapyear ♬ lost stars – ArT.Kongkoks
„Обично трае една недела, во зависност од тоа колку долго останувам во земјата. Запознавам луѓе преку апликации и обично брзо наоѓам некој што е погоден да ми биде привремено момче. Тој ми го покажува градот, ми прави појадок, плаќа за пијалоци и храна, а понекогаш дури и преспивам кај него ако се договориме“, вели Орсолија Лоринц.
Идејата за овие привремени врски ја добила пред неколку години, кога видела таков концепт со друг инфлуенсер, но како што вели, тоа не е експлоатација на мажи.
@itsorsolya check on your unemployed friends today #unemployed #unemployment #sabbatical #gapyear #travel ♬ EoO – Bad Bunny
„Тоа е само привремено момче за дружење и заеднички активности. Не ги користам за бесплатни патувања, повеќе за бесплатни оброци и како туристички водичи. Кога познавате локален жител, тој може да ви покаже нешто што агенциите не можат, скриени места и обичаи. Така ја запознавам земјата на уникатен начин“, истакна инфлуенсерката.
@itsorsolya travel tip number 1: get yourself a boyfriend in every country. follow me for more travel trips 😉 #travel #gapyear #unemployed #childfree #solo ♬ original sound – 🦉
Сепак, Орсолија би сакала да најде постојан партнер, но само под услов тој да сака да патува низ светот колку што сака и таа. Кога објави вирално видео во кое објасни какво било нејзиното патување, доби многу понуди за врска.

