Забава
Кетрин Зета-Џонс набргу со сопствен бренд
Велшката актерка Кетрин Зета-Xонс е спремна да ѝ конкурира на Гвинет Палтроу со сопствен лајфстајл-бренд инспириран од Goop, а асортиманот ќе вклучува и традиционални велшки љубовни лажици.
Брендот „Каза Зета-Џонс“, кој содржи вегански чевли, лав-лажички за кафе, шминка, украси за дома… ќе биде лансиран оваа недела.

Пријателите велат дека таа се надева оти проектот Casa Zeta-Jones ќе го зајакне нејзиниот профил и ќе ѝ даде нешто на што ќе се фокусира додека нејзините деца растат.
Зета-Џонс (50) се надева дека овој потфат ќе биде профитабилен како тој на нејзината холивудската колешка Палтроу: „Сè што дизајнирав е навистина страстен проект. Сакав да ја искористам таа страст и да создадам бренд кој е убав и луксузен, а истовремено и достижен“.
Зета-Џонс, која се омажи за холивудскиот актер Мајкл Даглас во 2000 година, не глумела во хит-филм уште од Red 2 во 2013 година.

Таа е уште една sвезда што тргнува по стапките на Гвинет Палтроу, која во 2008 година отвори велнес-страница Goop со седмичен билтен од нејзината кујна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

