Забава
Кетрин Зита-Џонс објави ретка фотографија со сопругот и децата
Познатата актерка Кетрин Зита-Џонс сподели интимна фотографија за Денот на таткото со која реши да му оддаде почит на нејзиниот сопруг Мајкл Даглас.
50-годишната актерка објави стара фотографија на која позира со нивните деца и постариот син на Мајкл од претходниот брак.
„Те сакаме, Мајкл, среќен Ден на таткото, љубов моја“, напиша таа покрај фотографијата.
Мајкл ја држи својата ќерка Керис, која сè уште е во пелени, а сега има 17 години, додека Кетрин седи со синот Дилан во рацете.
Дилан денес има 19 години, а на фотографијата се гледа и синот на Мајкл, Камерон, кој сега има 41 година.
Мајкл и Кетрин се во брак 20 години, а неговиот татко Кирк Даглас почина на 5 февруари 2020 година, па затоа годинашниот Ден на таткото беше тажен за актерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Има 54 години, а изгледа двојно помладо: Хирурзите се во шок – не користи ботокс, филери…
Не е тајна дека познатиот пејач Рики Мартин привлекува внимание со својот изглед. За време на полувремето од овогодинешниот Супербоул, тој создаде вистински музички спектакл кој остави многумина без зборови – вклучувајќи ги и луѓето од медицинската област кои почнаа да се интересираат за неговиот беспрекорен изглед.
Иако има 54 години, пејачот изгледа двојно помладо, а пластичниот хирург Шон Мекнали ја анализираше структурата на неговото лице за да дојде до вистината!
Тој нагласи дека Мартин никогаш не бил негов пациент и дека својата проценка ја базира исклучиво на фотографии и видеа од настапи, пишува „Дејли меил“.
„Не ми изгледа како да имал големи козметички операции како што се лифтинг на лице, лифтинг на вратот или веѓите, или блефаропластика“, рече Мекнали. Сепак, две области на лицето, како што вели тој, се „значително подобрени“.
„Прво, обликот и волуменот на централниот дел од лицето“, објасни тој, додавајќи дека ова може да се постигне со дермални филери или калемење на маснотии.
Второто е подобрување на тенот и текстурата на кожата, што може да биде резултат и на употреба на филери во пределот на образите и вилицата.
„Филерите можат да помогнат во одржувањето на младешкиот изглед на лицето“, истакна тој.
Изненадувачки, тој не користи ботокс…
„Со оглед на неговата возраст и тип на кожа, тој би бил склон кон хиперпигментација, како што се старечки дамки. Очигледно презема одредени мерки на претпазливост за да го спречи тоа“, рече козметичкиот хирург.
Заклучок: Тоа е комбинација од квалитетна нега на кожата и ласерски третмани за кожа.
„Тој најверојатно користи режим на хидрохинон и поблаги типови ласери за обновување на кожата, како што се Мокси или ербиум ласери, кои се посоодветни за чувствителна и реактивна кожа“, објасни тој.
Забава
(Видео) „Како близначки“: Погледнете внимателно, тоа не е Бијонсе
Спектакуларниот Супербоул оваа година не помина без Џеј Зи и неговите деца, што сега е нивна семејна традиција. Познатиот рапер пристигна на настанот со своите ќерки Блу Ајви и Руми Картер, а постарата ќерка привлече големо внимание со својот физички изглед.
Таа толку многу личи на својата позната мајка што многумина на прв поглед се прашуваа дали со Џеј Зи е всушност Бијонсе.
Таа пристигна во лежерен, спортски стил и го покажа својот префинет вкус, исто како Бијонсе, а луѓето најчесто пишуваат на социјалните мрежи дека изгледа како сестра близначка на својата мајка.
Таа го овековечи своето присуство на Супербоул со неколку впечатливи фотографии, на кои позира во преголема јакна на Off-White, чија цена е околу 3.895 долари, или 3.280 евра, според Index.hr.
Ја дополни дизајнерската јакна со бела маица со лого и темни фармерки со широки ногавици украсени со ланец, окер чизми и впечатлив накит – ѓердани, нараквици и прстени. Косата и беше пуштена и носеше очила за сонце, поради што беше тешко да се препознае и многумина помислија дека е Бијонсе.
Ова не е прв пат Блу Ајви да го оживее стариот стил на нејзината мајка, кој очигледно многу ѝ се допаѓа. Во нешто слично беше во декември на натпревар што го гледаше со својот татко од првиот ред, но и минатата година во финалето на Супербоул, кога се појави и на теренот во друштво на својот татко и помладата сестра.
Забава
Дали имате проблеми со спиењето? Овие два вида вежби можат да ви помогнат
Ако имате проблеми со спиењето, редовното вежбање може да ви помогне повеќе отколку што мислите.
Вежби како јога, таи чи, одење или трчање можат да го подобрат квалитетот на спиењето, да го намалат бројот на ноќни будења и да го олеснат заспивањето.
Јогата, на пример, може да го продолжи времетраењето на спиењето и да го направи поефикасно, додека таи чи ви помага да заспиете побрзо и ги намалува прекините на спиењето.
Ефектите од овие активности можат да бидат долготрајни, а исто така имаат позитивен ефект врз чувството на одмор следниот ден.
Редовното вежбање го подобрува сонот на неколку начини. Ја намалува напнатоста и стресот, го стимулира природното лачење на хормони кои го регулираат спиењето и придонесува за подлабоки фази на спиење.
Дури и едноставните активности, како одење или трчање, можат значително да ги намалат симптомите на несоница и да го подобрат целокупниот квалитет на спиењето.
Иако постојат и други методи кои помагаат со проблемите со спиењето, редовното движење и вежбање се достапни, едноставни и природни решенија кои можат да бидат клучна поддршка за подобар сон.

