Контакт

Забава

Кејт Мидлтон гневна поради исмејувањето со Џорџ, најверојатно нема да објави роденденска фотографија

Објавено пред

Војвотката од Кембриџ наводно е толку вознемирена од критиките кон принцот Џорџ што можеби оваа година нема да објави официјална фотографија од неговиот роденден, тврди кралски експерт.

Малиот принц ќе наполни осум години в четврток (22 јули), а војводата и војвотката од Кембриџ традиционално ги одбележуваат родендените на своите деца објавувајќи фотографии од нив. Обично се гледа како младите кралски лица се забавуваат со разни игри и возење велосипеди, пренесува „Мирор“.

Џорџ неколкупати беше на стадионот „Вембли“ за натпреварите на Англија во текот на Евро 2020 и доби негативни коментари на социјалните мрежи затоа што носеше костум и вратоврска како татко му.

Кралската биографка Анџела Левин тврди дека ваквото исмевање со нивниот син може да ги натера Вилијам и Кејт да не објават нова фотографија од него.

„Има шпекулации дека можеби нема да ја видиме фотографијата на принцот Џорџ кога тој ќе полни осум години бидејќи тие биле толку вознемирени од грубоста на луѓето што му се потсмеваат на мало момче на возраст од седум години“, рече Левин во емисијата The Royal Beat.

Кралската дописничка на „Сандеј тајмс“, Роја Ника, не се согласи со мислењето на Анџела. „Мислам дека ќе објават барем една фотографија“, рече таа.

Уште еден кралски експерт, Роберт Џобсон, претходно изјави дека принцот Џорџ ќе го држат подалеку од очите на јавноста откако беше цел на сурови тролови на „Твитер“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Канје Вест постигна договор со фирмата што го тужеше

Објавено пред

Канје Вест постигна договор за прекин на судскиот процес со технолошка компанија која го обвини за кражба на нивни идеи.

44-годишниот рапер и компанијата MyChannel се согласија со нацрт-договорот за прекин на спорот, а порталот Радар-онлајн објави дека двете страни треба да си ги платат сопствените судски трошоци, како и трошоците за адвокати.

Компанијата, исто така, се согласи да ги отфрли сите побарувања против Вест, откако првично го тужеше раперот и бараше оштета во износ од 20 милиони долари.

MyChannel тужбата ја поднесе во август 2020 година, тврдејќи дека Канје им рекол дека се восхитува на начинот на кој нивната технологија ја користи вештачката интелигенција за да вклучи е-трговија во видеосодржини и дека планира да ја користи на својата веб-страница Yeezy.

Фирмата, наводно, потрошила голема сума пари и повеќе од 10.000 часа работа во изготвување програма за пејачот, но тој се повлекол од договорот по шест месеци.

Прикажи повеќе...

Забава

Кајли Џенер промовира детска и бебешка козметика

Објавено пред

Кајли Џенер се чини дека нема намера да забави со активностите среде втората бременост.

Могулот за козметика во вторникот го покажа својот труднички стомак, што се совпадна со ажурирање на нејзиниот најнов деловен потфат, палетата Kylie Baby („Кајли бебе“).

Палетата производи за нега на бебиња и деца вклучува шампон, купка и млеко за тело.

Кајли (24) објави фотографија од себе во сиво доло палто со опис: „Подготвена сум за есен“.

Истиот ден, официјалниот инстаграм-профил на линијата „Кајли бебe“ објави нова фотографија на производот, со наслов „Бидете во тек за лансирањето“.

Прикажи повеќе...

Забава

Бјорн Улвеус од АББА почна кампања за решавање на проблемот со авторски музички права

Објавено пред

Бјорн Улвеус од шведските поп-легенди АББА почна кампања за да се осигура дека музичарите нема да пропуштат милиони фунти од хонорари за авторство.

Наречена Credits Due, шемата има за цел да обезбеди сите текстописци и музичари да бидат правилно идентификувани кога се објавува песна.

Во моментов податоците или ги нема или се нецелосни, а тоа значи дека околу 500 милиони фунти се нераспределени или погрешно распределени на глобално ниво секоја година.

„Тоа се случува често“, рече Улвеус за Би-би-си, додавајќи дека стриминг-платформите не знаат кому да платат.

Шемата ќе обезбеди и фановите да ги видат точните заслуги, односно кој сè е заслужен за песните – од авторите и продуцентите до музичарите/пејачи и инженерите.

„Сакаме да се вратиме на она искуство што го имавме кога отворавме ЛП-плочите и ги слушавме песните додека ги читавме линиските белешки“, објасни Улвеус. „Мислам дека тоа е многу вредно искуство што им недостасува на младите слушатели денес.“

Бјорн Улвеус рече дека нема оправдување за дискографските куќи кои не обезбедуваат соодветно признание за оние кои ги пишуваат песните.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Приведена очна лекарка од Куманово, која преку поткуп собрала 116.000 денари

Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, утрово, во 7 часот, извршиле претрес во просториите на очното...

Македонија13 часа

16 починати и 491 нов случај на Ковид-19

Министерството за здравство информира во последните 24 часа направени се 3.747 тестирања, а регистрирани се 491 нов случај на Ковид-19,...

Македонија14 часа

Филипче: Пристигнаа 110.612 вакцини од „Фајзер“ за кои има голем интерес

Денеска, во земјата пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер“/„Бионтек“, објави на социјалните мрежи министерот Венко Филипче. Како што посочува тој,...

Македонија16 часа

Законот за употребата на јазиците нема да се менува во зависност од пописот, рече Заев

Пописот нема ретроградно да влијае на Законот за употреба на јазиците, туку целта е да се знае колку граѓани има...

Економија17 часа

Имот над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже ќе биде конфискуван

Ќе се конфискува имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже, предвидува драфт верзијата...

Македонија18 часа

Наставата продолжува со физичко присуство, состојбата со ковид во училиштата засега е стабилна

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб,...

Македонија18 часа

Софијанова: Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика, но може да предизвика сериозен синдром

Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со симптоматска терапија. Но неопходно е секој случај...

Регион18 часа

„Еуроактив“: Вашингтон го зголемува притисокот врз Софија за евроинтеграцијата на Скопје

Вашингтон го зголемува притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во...

Македонија19 часа

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан и е на 40 место во светот, според истражувањето на Институтот за економија...

Регион19 часа

Хеликоптери на КФОР надлетуваат над премините на северот на Косово, ситуацијата мирна но напната

Покрај припадниците на „Росу“ ситуацијата на северот на Косово ја следеше КФОР, кој патролираше со хеликоптер, пишуваат регионалните медиуми. Главните...

Македонија21 час

Попишани 1.212.339 луѓе, 378.033 домаќинства и 516.787 станови

Вкупно 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за...

Македонија22 часа

Вчера се вакцинирале 12.099 граѓани, од нив 2.969 примиле прва доза

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Свет22 часа

Талибанците бараат да се обратат на Генералното собрание на ОН

Талибанците побараа да им се обратат на светските лидери пред Обединетите нации, a за таа пригода го назначија својот портпарол...

Свет23 часа

(Видео) Еден од најсилните земјотреси досега ја погоди Австралија

Земјотрес со јачина од 6 степени, еден од најсилните што е забележан во Австралија, го погоди југоистокот од оваа земја....

Македонија1 ден

Регистрирани 554 нови случаи на Ковид-19, пријавени 17 починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на...

Македонија2 дена

Радев: Изјавите и ветувањата во дијалогот со Северна Македонија повеќе не функционираат

Изјавите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки решенија што...

Свет2 дена

Бајден: Не сакам воената моќ на Америка да се користи како одговор на секој проблем во светот

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, изјави дека не сака воената моќ на САД да се користи како одговор на секој проблем...

Свет2 дена

(Видео) Лава од вулканот на Канарските Острови навлегува во куќите, луѓето се евакуираат

Вулкан на Ла Палма, на северозапад од архипелагот, еруптира во неделата исфрлајќи лава неколку стотини метри високо во воздухот и...

Регион2 дена

Лајчак вознемирен за ситуацијата во Косово, повика на смирување на тензиите

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека е загрижен за ситуацијата во северно Косово...

Македонија2 дена

И без политичка влада во Софија, продолжуваат разговорите за деблокада на евроинтеграцијата

И покрај тоа што сè’ уште во Бугарија нема политичка влада, разговорите за надминување на разликите и деблокада на нашата...

Досие