Забава
Киану Ривс на прошетка низ Берлин пред да почне снимањето на „Џон Вик 4“

Киану Ривс беше забележан во Берлин пред почетокот на продукцијата на четвртото продолжение од серијалот „Џон Вик“.
56-годишниот актер, еден од најомилените во Холивуд, се чини дека ужива во свежиот пролетен воздух додека се шета со друг член на екипата.
Актерската екипа и техничкиот персонал на претстојниот филм се подготвуваат за стартот на снимање на најновиот од акционата сага. Развојот на четвртиот филм официјално почна кратко по објавувањето на третиот, „Џон Вик 3: Парабелум“, во мај 2019 година.
Во април минатата година режисерот на серијалот, Чед Стахелски, истакна дека креативниот тим на проектот од самиот почеток ја поставил скалата многу повисоко за претстојниот филм.
Ривс треба да ја повтори својата иконска улога како титуларен лик на серијалот, немилосрден одмаздник, кој се одмаздува за убиството на неговото сакано куче.
Компанијата „Лајонгејт“, која стои зад блокбастер-франшизата, планираше да почне да го снима и петтото продолжение на овој филм уште пред да излезе четвртиот дел.
Додека „Џон Вик 4“ беше во претпродукција, „Лајонгејт“ го најави и петтиот дел, но пандемијата ги наруши плановите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„Хермес“ дизајнираше блутут приврзоци за чанти и куфери

Безжично се поврзани со вашиот мобилен телефон, преку апликација, а нивната улога е да знаете каде ви е чантата е или куферот во секое време, приврзоците од кожа се елегантен и луксузен додаток.
Модната куќа „Хермес“, во соработка со „Епл“, дизајнираше уреди за приврзоци кои се конектирани преку блутут технологијата со мобилен телефон.
Боите на кожените футроли се класични, инспирирани од познатиот дизајн на оваа француска куќа.
Забава
Книги за готвење и духовна литература најбарани за време на пандемијата

Во текот на изминатата година книгите најмногу се купуваа преку интернет. Покрај постојано популарната фантастика, се купуваа и повеќе книги за самопомош, книги за готвење, книги за деца и сликовници.
Уште од самиот почеток на пандемијата, нтересот за книги во книжарниците порасна, а уште повеќе во онлајн книжарниците. Неможноста за излегување и патување придонесе за фактот еден дел од граѓаните, кои претходно не го практикувале тоа, да посегнат по книгата.
Медиумите пренесуваат дека книгите што им помагаат на луѓето да се справат со неизвесноста што ги опкружува, кои нудат одговори на прашања од значење и духовната литература се многу барани.
Книгите за готвење и тие со природни или со традиционални рецепти се исто така многу барани,
–
Забава
Порцеланска убавина: Уметник ја споделува уникатноста на луѓето со албинизам

Професионалната фотографка Џулија Тејтс, со седиште во Израел, фотографира луѓе со албинизам во обид да ја покаже ја нивната посебност и уникатност, а своите проекти ги насловува „Порцеланска убавина“.
Во Европа и Северна Америка се проценува дека 1 од 20.000 луѓе има албинизам. За Џулија, оваа ретка состојба е посебна. Од оваа причина, таа реши да им ги посвети своите два проекта на тие луѓе.
Со своите фотографии сака да ѝ помогне на албино популацијатата и да ги сруши стереотипите што кружат во општеството. Таа ги става мажите, жените и децата на бела позадина за подобро да ја изрази нивната уникатност.
Најголема поддршка добива од модели и од родители, што ѝ дава дополнителна мотивација во работата.
.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион6 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?