Забава
Кјара на насловна страница во костим за капење

Kара се најде на насловната страница на Sports Illustrated Swimsuit, а ваквото искуство го опиша како конечно остварување на сонот.
36-годишната пејачка на Level Up изгледа максимално затегнато во едноделен костим со леопард-дезен додека позира како супермодел на плажа.
„Овој сон да бидам на насловната страница на SI, конечно, се оствари! Навистина се гордеам што сум на насловната страница на еден ваков култен магазин и што се придружувам на елитната листа жени што се појавија пред мене“, напиша таа во објава на социјалните мрежи.
„Ова е прослава!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Том Круз доби роденденски честитки од режисерот на „Невозможна мисија“ и колегите од „Топ ган“

Том Круз, кој во неделата наполни 60 години, доби честитки за роденденот од голем број истакнати личности од висок профил.
Меѓу оние што му честитаа беше и режисерот Кристофер Меквари, кој работеше заедно со Круз во филмот „Џек Ричер“ од 2012 година, како и во повеќе филмови од серијалот „Невозможна мисија“, вклучително и претстојниот „Невозможна мисија – Пресметка на мртвите, прв и втор дел“.
„Среќен 60. роденден, Том“, напиша Меквари покрај фотографија од Круз како се држи за крилото на старински авион во воздухот.
Круз, кој се врати во улогата на капетанот Пит (Маверик) Мичел во новиот блокбастер „Топ Ган: Маверик“, доби убави зборови и од двајца свои колеги во филмот, Вал Килмер и Глен Пауел.
Килмер напиша: „Среќен роденден ‘Мав Том Круз од Ајс’!“ алудирајќи на неговото повторување на улогата Адм. Том (Ајсмен) Казански во продолжението.
Пауел, кој во филмот го портретира поручникот Џејк (Хенгмен) Сересин, ја објави истата фотографија што ја сподели Меквари, а на која Круз ѝ пркоси на смртта.
Тој напиша: „Ова е 60. Том Круз, едноставно, нема никој како тебе. Држи се таму. Среќен роденден!“
Забава
Сталоне го прослави својот 75. роденден со сопругата и ќерките

Силвестер Сталоне малку рано го прослави својот 75. роденден со гламурозната сопруга Џенифер Флавин и нивните три ќерки.
Холивудската легенда беше забележана во саботата како пристигнува во „Виа Алоро“ во Беверли Хилс, облечен во бела кошула и фармерки.
Неговата сопруга Џенифер (53) зрачи со стил во елегантен црн фустан, додека нивните ќерки Систин (24), Софија (25) и Скарлет (20) привлекуваат внимание во ултрамодерна облека.
Забава
Алесандра Амброзио ја покажа својата фигура на супермодел на брегот Амалфи

Алесандра Амброзио се огласи на својот Инстаграм во неделата за да сподели неколку впечатливи фотографии од нејзиниот одмор на брегот на полуостровот Амалфи, популарна и романтична дестинација во Италија.
41-годишната манекенка изгледа сензационално во светложолт фустан со странични исечени делови и шлиц до бутовите.
Поранешниот ангел на Викторија’с сикрет го дополни својот стилски изглед за одмор со златни обувки Џузепе Заноти, за што му се заблагодари на познатиот италијански моден дизајнер во својата инстаграм-приказна.
Феноменот на модните писти, исто така, објави фотографија од неа и момчето Ричард Ли.