Забава
Ким Кардашијан благодарна на Канје Вест што ѝ ја врати секс-снимката

Ким Кардашијан му е благодарна на Канје Вест бидејќи ѝ ја донел снимката со секс со поранешното момче Реј Џеј, која протече во јавноста во 2007 година, нагласувајќи дека сака да ги заштити своите деца од тоа.
Ким, наводно, им се јавила на своите адвокати со цел да го спречи Реј Џеј да објави уште една секс- снимка од нив двајца. Ким и Реј Џеј имале 22 години кога го снимиле видеото.
Ким се расплака откако нејзиниот поранешен сопруг успеал да го добие компјутерот и хард дискот на кои очигледно се наоѓало домашно видео со ознака „икс“, и во првата епизода на „Семејството Кардашијан“, таа му се заблагодарува на Канје.
Во премиерната епизода на новиот реалити-серијал „Кардашијанс“, Ким, која има четири деца со раперот, рече: „Канје одлета дома синоќа и се врати ова утро и сакам да ви покажам што ми донесе. Ми ги врати сите снимки од домашното видео.“
„Знам дека Канје го направи ова за мене, но исто така го направи и за моите деца. Сакам да ги заштитам колку што можам, и ако имав моќ, или ако Канје има моќ, тоа ми е најважно, и едноставно многу ми значи“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Шерон Стоун го донесе гламурот на црвениот тепих во Кан

Шерон Стоун го красеше црвениот тепих на проекцијата на филмот на Валерија Бруни Тедески, „Засекогаш млади“ (Forever Young) во рамки на филмскиот фестивал во Кан во неделата.
Облечена во сино-бела креација на „Долче и Габана“ со драматичен додаток, 64-годишната актерка ги воодушеви присутните кога го отфрли дополнителниот дел од фустанот закачен на нејзините колкови.
Со мала асистенција од двајца манекени облечени во костуми, ѕвездата на „Ниски страсти“ лесно се ослободи од дополнителното здолниште. Потоа позираше во друга верзија на фустанот што ја истакна нејзината тенка фигура. Ваквиот потег предизвика бурен аплауз од фановите.
Забава
Италијанската свадба на Кортни и Тревис: фотоалбум

Кортни Кардашјан и Тревис Баркер се венчаа третпат во Портофино, Италија, на раскошна свадбена церемонија во Италија, опкружени со своите најблиски.
„Среќно засекогаш“, напиша поќерката на Баркер покрај фотографијата што ја сподели на „Инстаграм“ во неделата, 22 мај.
Неделникот „Ју-ес викли“ потврди дека реалната ѕвезда (43) и тапанарот на „Блинк-182“ (46) пристигнале во Портофино во петокот, 20 мај, заедно со своите деца. Кардашјан ги има Мејсон (12), Пенелопе (9) и Рејн (7) со поранешниот сопруг Скот Дисик, а Баркер е татко на Лендон (18), Алабама (16) и ја има и поќерката Атијана (23) од бракот со поранешната сопруга Шана Моклер.
Покрај нивното мешано потомство, присуствуваа и членови на познатото семејство на реалната ѕвезда и основачка на веб-страницата што промовира модерно и здраво живеење „Пош“. Меѓу гостите беа и Крис Џенер, Ким Кардашјан, Клое Кардашјан, Кендал Џенер, Кајли Џенер и Кори Гембл.
Тревис ја побара за жена Кајли во октомври 2021 година по речиси една година врска.
Забава
(Видео) Најголеми трансформации на актери, од Џесика Бел до Џаред Лето

Некои од големите ѕвезди во Холивуд, кои се појавуваат во телевизиски серии и филмови, постои шанса да не ги препознаете.
Џесика Бел неодамна глумеше во „Кенди“, серија на „Хулу“ базирана на вистинска приказна за домаќинка убиец Кенди Монтгомери и нејзината жртва Бети Гор. Со кратка кадрава перика, големи очила и типична мода од 80-тите, Бел е речиси непрепознатлива како актерка што глумеше во хит-серијата на „Нетфликс“, „Грешникот“.
Џаред Лето – „Куќата Гучи“
Џаред Лето е речиси непрепознатлив како Паоло, син на Алдо Гучи и внук на основачот на модната империја „Гучи“ во драмата на Ридли Скот од 2021 година – „Куќата Гучи“.
Не сите беа задоволни со конечниот изглед – според „Асошиетед прес“, Патриција Гучи, правнука на Гучио Гучи, го осуди сетот фотографии што ги откриваат „несредената коса и сомотскиот костум во боја на јоргован“ на оскаровецот како Паоло. „Ужасно, ужасно“, рече таа. „Сѐ уште се чувствувам навредено“.
Шарлиз Терон – „Чудовиште“
Друга трансформација наградена со „Оскар“ беше онаа на Шарлиз Терон во крими-драмата „Чудовиште“ од 2003 година кога таа ја портретираше Ајлин Вуорнос, сериски убиец.
Веѓите на Терон беа избелени и делумно избричени, а таа беше покриена со полутрајно мастило за тетоважи за да ја направи нејзината кожа да изгледа стара. Таа се здебели 14 килограми за филмот.
Кристијан Бејл – „Машинист“
Во овој филм од 2004 година Кристијан Бејл го игра Тревор Резник, машинист со тешка несоница. Бејл мораше драстично да ја намали тежината од 78 на 49 килограми.
За да ги намали килограмите, актерот (најпознат по улогите во „Мрачниот витез“ и „Американски психо“) беше на драконска диета речиси четири месеци – една конзерва туна и едно јаболко дневно.