Забава
Ким Кардашјан покажа како ѝ изгледа без шминка лицето со псоријаза

Старлетата и претприемачка Ким Кардашјан-Вест (38) откри на социјалните мрежи како изгледа без шминка нејзиното лице со псоријаза, кожна болест што ја карактеризира црвенило. Таа напиша за веб-страницата на нејзината сестра Кортни и ја објасни ситуацијата.
„Претходно оваа година се покажа навистина лошо, ги покри целото лице и поголемиот дел од моето тело. На отворањето на нашата нова продавница носев фустан со светки. Кога се вратив дома, почна да ме чеша. Мислев дека мојата кожа е чувствителна на материјалот на фустанот. Мама потоа ми ја виде ногата и рече дека дефинитивно е псоријаза“, напиша Ким.
Членот на кланот Кардашјан-Џенер има и псоријатичен артритис, воспалително ревматско заболување кое е поврзано со псоријаза. Поради тоа, сè ја болело и ѝ отекувале зглобовите. Таа призна дека поради тоа не можела ниту да стане за да го заме мобилниот телефон.
Ким им порача на сите што се борат со псоријаза дека не смеат да дозволат тоа да им го уништи животот. Ако треба, вели таа, направете нешто што ќе ве направи посигурни, како крем за нозе со пудер.
„Се надевам дека некој поради мене, ќе ја најде светлината на крајот од тунелот“, вели таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Свадбата на векот е под критика: „Одвратен приказ на ароганција“, „Симбол на изгубени вредности“

Полека, но сигурно, сè повеќе познати личности (оние кои не добија покани за свадба) ја критикуваат свадбената церемонија на Џеф Безос и Лорен Санчез.
Прво, познатата актерка Шарлиз Терон го направи тоа, а комичарката Роузи О’Донел не ја пропушти можноста да го искаже своето мислење за свадбата на векот.
Таа јавно ја осуди целата церемонија, нарекувајќи го настанот „одвратен приказ на ароганција“ и „симбол на изгубени вредности“.
„Милијардер кој ги презира своите вработени. Свадба за повраќање“, напиша таа на Инстаграм, покрај фотографии од Санчез кои алудираат на естетските операции што ги имала низ годините.
„Екстремно расипништво – свадба од 50 милиони во време кога многумина едвај преживуваат“, додаде Роузи.
Роузи не ги поштеди ниту познатите ѕвезди. Опра Винфри и Леонардо Дикаприо беа мета на нејзините критики.
„Опра, дали си навистина негов пријател? Лео – климатски активист? На забава со најекстремните конзумеристи“, напиша таа.
Забава
(Видео) Раскинувањето на свршувачката ѝ го скрши срцето, па заплака среде концерт

Кејти Пери веќе некое време е во Австралија, а причината е музичката турнеја „Lifetimes“, која враќа спомени од славните денови на саканата тинејџерка пејачка.
Додека пееше пред голема толпа и под силните светла на рефлекторите, емотивниот слом на Кејти се случи одеднаш.
Имено, пред да требаше да ја отпее познатата песна „Firework“, која зборува за самодовербата и личната сила, Кејти се расплака.
Сепак, таа успеа да им се заблагодари на сите што „секогаш беа тука за неа“, дури и во тешките денови, низ солзи.
„Ви благодарам што секогаш сте тука за мене, Австралија. Тоа ми значи сè на светот.“
Katy Perry got emotional at the end of the last show of #THELIFETIMESTOUR in Australia 🥺♥️ pic.twitter.com/N78X37wBld
— Katy Perry Tours (@KatyPerryTours) July 1, 2025
Овој емотивен момент беше забележан од многу обожаватели и објавен на социјалните мрежи, а пораки за поддршка за пејачката се појавија на Икс.
Патем, настапот доаѓа само неколку недели по веста дека нејзиниот долгогодишен партнер, актерот Орландо Блум (48), и таа ја раскинале свршувачката по речиси 10 години.
Актерот неодамна беше фотографиран во Венеција, во друштво на жена, што доведе до тоа многумина да започнат гласини за неговата нова љубовна врска.
Поранешните партнери имаат четиригодишна ќерка, Дејзи.
Забава
(Фото) Најубавата актерка на светот покажа како се оди на Вимблдон

Се чини дека секое појавување на Џесика Алба привлекува внимание, па затоа нејзиното посетување на голем тениски турнир не помина незабележано.
Убавата актерка присуствуваше на спектаклот на трева со својата најстара ќерка Онор, а за таа пригода покажа уште едно совршено модно издание.
Фотографиите ги објави на својот официјален Инстаграм профил, па имавме можност да видиме што носи најубавата актерка на светот за секојдневни пригоди.
Како што можете да видите, таа се одлучи за лелеава летна тоалета во сина боја, која малку ја нагласува нејзината витка фигура. Додала бели патики и чанта во истата боја, а стајлингот го заокружила со едноставни додатоци и шминка во земјени тонови.
Што се однесува до нејзината ќерка Онор, ниту таа не отстапи од моделот на „лесен фустан“, а за оваа дневна верзија избра фустан со прерамки со цветни мотиви во црвена и сина боја. Изгледот го заокружи со едноставен накит и минимална шминка.