Забава
Кит Харингтон за време на лекувањето од алкохолизам открил дека боледува од АДХД
Актерот Кит Харингтон се прослави со улогата на Џон Сноу во серијата „Игра на тронови“.
Потоа ги освои срцата на многу девојки во светот, а на тоа снимање ја запозна и љубовта на својот живот – актерката Роуз Лесли, која ја играше Игрит. Денеска двајцата се во брак и имаат две деца.
Меѓутоа, она што малкумина го знаат е дека Кит имал проблеми со алкохолот поради што во 2019 година завршил на рехабилитација, а како што самиот признал, таму дознал и дека има АДХД, состојба што се карактеризира со хиперактивност и нарушување на вниманието.
„Сфатив дека мојот живот зависи од ова. За среќа, тоа беше вистинското место во вистинско време. Оттаму можев да создадам нов живот“, рече тој во поткаст, пренесува „Дејли мејл“.
Како што рече, лошото расположение му го донело прекарот Принцот на темнината, а тој бил во такво расположение уште од тинејџерските денови.
„Кога ќе се случеше тоа, можев да ја срушам целата соба. Дури и малку ми се допаѓаше тоа, но морав да се освестам дека тоа се случува и да излезам од ситуацијата што го предизвикуваше“, искрен е Харингтон.
На снимањето на „Игра на тронови“ само му се зголемиле психичките проблеми, а тој вели дека фановите на оваа серија со некои свои постапки уште повеќе му отежнале.
„Луѓето би ме третирале како лик. Но, никогаш во животот не сум се чувствувал така. А тоа доведе до некои психолошки лузни“, заклучил актерот, пренесува споменатиот медиум.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Северина прошета во елегантен аутфит вреден 7.000 евра
Северина објави нови фотографии на социјалните мрежи, а нејзиното елегантно издание привлече големо внимание. Пејачката носеше светло син фустан со изразена бела јака и мал цветен дезен.
Овој фустан, кој е изработен од свила, напред се прицврстува со црни и златни копчиња и потсетува на моделите кои често ги носи Кејт Мидлтон. Инаку, фустанот го дизајнираше Алесандра Рич, една од омилените дизајнерки на Кејт.
Цената на овој фустан е 2150 евра, а Северина го искомбинирала со мала црна чанта Lady Dior чија цена е околу 5000 евра и бели потпетици.
„Секогаш е добро облечена“, „Најдобро облечена жена“, „Фустанот е супер, сакам ретро“, „Вистинска дама“, се само дел од коментарите.
Забава
ТМЗ: Канје Вест и Бјанка Ценсори се разведуваат
ТМЗ пишува дека Канје Вест и Бјанка Ценсори се пред развод.
Американскиот таблоид пишува дека Канје и Бјанка имале кавга и се разделиле пред неколку недели и дека за тоа ги известиле најблиските луѓе. Бјанка наводно отишла во Австралија за да биде со семејството.
Иако нема информации што ја поттикнало разделбата или кој го поттикнал раскинувањето, Канје наводно веќе им кажал на пријателите дека планира да се пресели во Токио по разводот.
Kanye West and his wife Bianca Censori have been spotted at the Wynn.
It’s 47° and Bianca was barefoot wearing a bikini top. pic.twitter.com/geB8ptca6R
— Las Vegas Issues (@VegasIssues) January 8, 2024
Иако вообичаено се неразделни, во неколку наврати во последните недели се видени еден без друг. Последен пат заедно беа снимени во средината на септември. Двојката се венчаше на 20 септември 2022 година. Дали на двегодишниот брак му дојде крајот, останува да видиме. Канје претходно беше во брак со Ким Кардашијан со која ги има децата Норт, Сент, Чикаго и Псалм.
Забава
Почина Сиси Хјустон, добитничка на Греми и мајка на Витни Хјустон
Сиси Хјустон, добитничка на Греми и мајка на покојната Витни Хјустон, почина на 91-годишна возраст.
„Со тага објавувам дека денес почина мојата сакана кралица Сиси Хјустон! Молете се за семејството Хјустон“, напиша нејзината снаа Пет Хјустон на Инстаграм.
Сиси Хјустон е родена како Емили Дринкард на 30 септември 1933 година во Њуарк. Таа пораснала во музичко семејство и ја започнала својата кариера пеејќи во црковниот хор, а подоцна и како член на евангелската група Drinkard Singers, основана од нејзината постара сестра Ли.
Нејзиниот продорен глас и талент брзо го привлекоа вниманието и таа стана баран придружен вокал во музичкиот свет. Во текот на 1960-тите, таа се приклучи на групата Sweet Inspirations, придружна вокална група која соработуваше со легенди како Арета Френклин и Елвис Присли. Со текот на годините, Сиси Хјустон работеше со многу музички великани, вклучувајќи ја Дион Ворвик, нејзината внука, потоа Отис Рединг, Џими Хендрикс и многу други.
Како соло изведувач, Хјустон издаде неколку албуми и се истакна со хитовите како Think It Over и Warning – Danger. Таа ја освои наградата Греми за најдобар госпел настап во 1996 година, потврдувајќи го нејзиниот статус во музичката индустрија. Нејзината кариера остана во сенка на трагични приватни настани, особено поради прераната смрт на нејзината ќерка Витни Хјустон.
Сиси напиша мемоари, Remembering Whitney: My Story of Love, Loss, and the Night the Music Stopped, во кои ги сподели своите сеќавања за Витни, нивната семејна историја и нејзината перспектива за предизвиците низ кои поминале.