Забава
Кијану Ривс ги почести пријателите и тимот со платено патување за премиерата на новиот „Матрикс“
Познато е дека Кијану Ривс е една од најдарежливите и најскромните ѕвезди во Холивуд.
57-годишниот канадски актер уште еднаш ја покажа својата великодушност кога тивко и без помпа ги почести своите пријатели, членовите на тимот и соработниците со платено патување на премиерата на „Матрикс: Воскреснувања“ во Сан Франциско минатиот месец.

Иако никому не се пофали дека ќе ги плати сите трошоци на поканетите, таблоидите дознале за убавиот гест.
Прашан од „Холивуд репортер“ за патувањето, Кијану, со својата препознатлива скромност, рече: „Да, прекрасно е да можеме да ги споделиме нашите искуства и заеднички живот.“
Актерот роден во Либан, кој ретко зборува за неговите несебични гестови, не елаборираше дополнително на темата.

Сепак, Чед Стахелски, кој го запозна Киану кога тој беше негов каскадер во трилогијата „Матрикс“, а потоа му беше и режисер во „Џон Вик“ од 2014 година, го потврди великодушниот чин.
„Нè донесе цела група овде“, изјави Чед за THR на премиерата во театарот Кастро.
„Тој е неверојатно дарежлив. Во публиката вечерва ќе има толку многу луѓе кои му помогнаа, од неговите тренери за боречки вештини до тренери за џиу-џицу, тие што му правеа косата и го шминкаа, до неговиот тим каскадери“, додаде Чед.
„Тој сака неговите пријатели и семејството да се тука. Тој човек е епски.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Домашен лек кој прави чуда за болното грло
Засипнатост, печење и болка при голтање се најчестите знаци на грип, особено во зимските месеци.
Пред да посегнете по лекови, можеби веќе го имате решението во вашата кујна. Топла комбинација од мед, лимон и ѓумбир може да ја смири иритацијата и да го намали воспалението.
Медот допира до слузницата и ја смирува иритацијата, лимонот е богат со витамин Ц, додека ѓумбирот има антиинфламаторно дејство.
Во чаша топла (не врела) вода, додадете сок од половина лимон, лажица мед и неколку парчиња свеж ѓумбир. Оставете да отстои неколку минути и пијте полека, во голтки.
Експертите советуваат и пиење доволно течности и избегнување ладни пијалоци. Доколку болката трае подолго од неколку дена или ако имате висока температура, треба да се консултирате со лекар.
фото/Depositphotos
Забава
(Фото) Облините се тука, но тука е и нејзиното „старо“ лице: Дали убавицата ги отстрани филерите?
Парот кој сигурно привлече најголемо внимание уште од првиот ден од нивната врска – Кајли Џенер и Тимоти Шаламе, се појавија заедно на доделувањето на наградите БАФТА, а риалити убавицата се држеше до своето „правило“ и не сакаше да привлекува внимание кон себе кога беше во негово друштво.
Сакала или не, новинарите повторно ја бараат и секогаш кога се појавува со Тимоти, нивната врска станува главна тема.
Kylie Jenner and Timothée Chalamet win cutest couple at the EE BAFTA Film Awards 🥹 pic.twitter.com/FiDr0oXtlO
— Chicks in the Office (@ChicksInTheOff) February 22, 2026
На доделувањето на наградите БАФТА, Кајли блесна во црна елегантна тоалета украсена со големи циркони, меѓутоа, тоа не е она што им го привлече вниманието на сите. Нејзиниот природен изглед стана предмет на коментари, а многумина шпекулираа дека ги отстранила филерите од усните.
„Изгледа како порано“, „Изгледа помлада, но поприродна“, „Многу е поубава вака, како помлада верзија од себе“, беа некои од коментарите.
Timothée Chalamet and Kylie Jenner attend the EE BAFTA Film Awards. pic.twitter.com/z7hRoCYBjT
— 📸 (@metgalacrave) February 22, 2026
Кајли и претходно беше мета на коментари поради козметички корекции, а како што самата призна, почнала да прави корекции на усните како тинејџерка бидејќи била несигурна. Пред осум години таа тврдеше дека ги отстранила филери, но во меѓувреме се појавија сомнежи дека ги вратила.
Во секој случај, сега навистина изгледа дека филерите се отстранети и, судејќи според коментарите, конечно ја воодушеви публиката.
Забава
(Видео) Нова песна на Сара Мејс – „Не ме сакаш“
Македонската пејачка Сара Мејс го објави новиот сингл „Не ме сакаш“, придружен со видеоспот во кој глуми и познатиот актер Стефан Николовски.
Музиката и текстот се на Сара Мејс, а аранжманот, снимањето, миксот и мастерингот се изработени во JustRBProduction.

