Контакт

Забава

(Видео) Кијану Ривс глуми во „Бил и Тед 3“

Објавено пред

Кијану Ривс во коментар за третото продолжение на комедијата – научна фантастика „Бил и Тед“ рече дека новиот филм го задржува истиот шарм како и оригиналниот.

Нешто повеќе од 30 години по „Одличната авантура“ на двајцата рокери што патуваат низ времето, Кијану Ривс и Алекс Винтер се враќаат како насловни ликови во Bill & Ted Face the Music, кој Ривс неодамна го опиша како независен филм.

Фановите речиси три децении чекаат ново продолжение на „Одличната авантура на Бил и Тед“ од 1989 година и „Патувањето на Били Тед“ од 1991 година. По неколку години доцнење и одложени премиери, филмот конечно пристигнува на 28 август, а Ривс и Винтер дадоа свои коментари во интервју за „Тотал филм“ фрлајќи нова светлина на приказната за двајцата рокери.

Кога им било кажано дека ќе го спасат универзумот за време на авантура со патување низ времето, Бил (Алекс Винтер) и Тед (Кијану Ривс) се наоѓаат како средовечни татковци, кои сè уште се обидуваат да извадат хит-песна и да си ја исполнат својата судбина.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Гламур: Ванеса Хаџенс позира на зајдисонце

Објавено пред

Актерката Ванеса Хаџенс, како и многу жители на Лос Анџелес, во моментов се справува со превентивните мерки за спречување на ширење на Ковид-19.

Но, 31-годишната Хаџенс очигледно копнее по својот пред-пандемски свет. Таа во средата сподели неколку фотографии од минатото, кога била на одмор на островите Туркс и Каикос.

 

Етеричната Ванеса, како што ја опишаа таблоидите коментирајќи ги фотографиите кои таа ги споделени за своите 38.6 милиони следачи на Инстаграм, на себе има троделен комплет од бела свила.

Прикажи повеќе...

Забава

Камбек на популарната серија „Кој е шефот“

Објавено пред

„Кој е шефот“ (Who’s The Boss), една од најомилените телевизиски комедии на минатиот век, се враќа.

Оживувањето на ТВ-комедијата од 80-тите е во развој во „Сони пикчрс“, а оригиналните sвезди Алиша Милано и Тони Данза се согласиле да ги репризираат ликовите Тони и Саманта Микели, силната врска татко-ќерка, со која многу семејства во светот пораснаа во текот на 196-те епизоди на Еј-би-си од 1984 до 1992 година.

Оваа серија во просек имаше над 33 милиони гледачи во живо од епизода во текот на своите осум сезони на Еј-би-си и стана голем хит во САД и пошироко. „Кој е шефот“ беше прогресивна во приказот на едно модерно семејство од 80-тите со промена на родовите улоги и стереотипи.

Серијата беше номинирана за 10 награди „Еми“ и пет „Златни глобуси“.

Прикажи повеќе...

Забава

Макартни вели дека тој и Ленон останале пријатели до крајот

Објавено пред

Сер Џејмс Пол Макартни верува дека луѓето погрешно ја просудуваат неговата улога во распадот на „Битлси“. Тој е свесен дека многу фанови мислат дека членовите на легендарниот бенд меѓусебно се мразеле кога се разделиле, но вели дека таквата перцепција за настаните е погрешна.

Пол во интервју за магазинот „Џи-кју“ рече: „Мислам дека кога ‘Битлси’ се распаднаа, постоеше заблуда дека сите ние сме се мразеле едни со други“.

„Сега сфаќам дека тоа беше семејство, група, а семејствата се караат. Семејствата понекогаш имаат несогласувања. Некој сака да направи едно, а друг сака да направи нешто друго“.

Поранешниот „битлс“ откри дека се свртел кон алкохолот кога бендот, во кој беа и Џон Ленон, Џорџ Харисон и Ринго Стар, се распадна во 1970 година.

78-годишниот музичар објасни: „Немаше многу време да се занимаваме со менталното здравје. Едноставно, или пиеш или спиеш. Тоа беа многу депресивни времиња“.

Макартни склучи култно партнерство за пишување песни со Ленон во времето на најголемата популарност на групата во 60-тите, но признава дека врската помеѓу нив двајца честопати била незгодна, особено откако сопругата на Џон, Јоко Оно, го минира неговиот придонес во легендарната група.

„Се сеќавам дека прочитав напис, интервју со Јоко, која секако беше голем поддржувач на Џон, и во статијата таа вели: Пол не прави ништо. Сè што некогаш направил е да изнајми студио“.

На крајот на интервјуто Пол открива дека со Џон ги испеглале разликите пред неговото убиство во 1980 година и вели дека останале пријатели до крајот. „Среќен сум што е така.“

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Во Кина дневно се тестираат 4,8 милиони луѓе за коронавирус

Во Кина се пријавени 37 симптоматски случаи на коронавирус и 20 асимптоматски случаи, според податоците на Националната комисија за здравство на...

Свет3 часа

Во Северна Кореја тестиран првиот сомнителен случај на Ковид-19, резултатот нејасен

Во Северна Кореја е тестиран првиот сомнителен случај на коронавирус, но резултатите не се јасни, изјавил претставникот на СЗО во...

Свет3 часа

(Видео) Либан во тридневна жалост – спасувачите ги пребаруваат урнатините, се очекуваат уште жртви

Либанските спасувачки екипи и денеска продолжија со потрагата по преживеани меѓу урнатините по стравотната експлозија во Бејрут, во која животот...

Свет3 часа

(Видео) Експлозијата во Бејрут трета по моќност во историјата по бомбите во Хирошима и Нагасаки

Експлозијата во Бејрут е трета по моќност во историјата, веднаш по експлозиите на нуклеарните бомби во Хирошима и Нагасаки, вели...

Свет16 часа

Објавени сателитски снимки од Бејрут пред и по експлозијата

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ објави сателитски фотографии од пристаништето во Бејрут пред и по вчерашната експлозија. Покрај нив, фотографии објави...

Свет17 часа

Првиот руски авион со мобилна болница полета за Бејрут

Авионот со воздухопловна мобилна болница, лекари и спасувачи полета од регионот Жуковски во Москва кон Бејрут, главниот град на Либан....

Свет17 часа

Само 1,5 милиони Италијанци развиле антитела на ковид-19, што е далеку од колективен умунитет

Речиси 1,5 милиони луѓе во Италија развиле антитела на Ковид-19. Ова го покажуваат резултатите од серолошките тестови спроведени и анализирани...

Регион17 часа

Црна Гора планира да ги отвори границите за регионот

Заменик-директорот на институтот за јавно здравје на Црна Гора, Сенад Бегиќ, изјави дека се размислува за отворање на границите и...

Свет19 часа

Домашен притвор за сите пристанишни службеници во Бејрут

Либанската влада денеска донесе одлука да ги стави во домашен притвор сите пристанишни службеници во Бејрут кои го надгледувале складирањето...

Економија22 часа

РКЕ: Поскапувањето на струјата нема да влијае на зголемување на цената на другите производи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги оценува како неточни, неосновани и нестручни наводите дека зголемените цени на електричната...

Македонија23 часа

Шестмина починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа од коронавирус починаа шест лица, две пациентки од Скопје, пациент од Куманово, пациент од Гостивар, пациент...

Топ23 часа

Петмина повредени во две сообраќајни несреќи на патот Охрид – Кичево

Две несреќи се случија утринава на патот Охрид – Кичево, а повредени се пет лица. Пред влезот во Охрид се...

Свет24 часа

СЗО: Нема чудотворен лек за коронавирусот, вакцината би можела да штити неколку месеци

Во време кога експертите од целиот свет работат на пронаоѓање вакцина, кога некои од нив се во последната фаза на...

Македонија24 часа

Министерството за одбрана: Македонските војници во Либан се безбедни

Министерството за одбрана информира дека припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ,...

Свет1 ден

СЗО: Ковид-19 е шест пати посмртоносен од сезонскиот грип

Според најновите процени на Светската здравствена организација, просечната смртност на заболените од Ковид-19 е 0,6 проценти. Ова го прави коронавирусот...

Свет1 ден

(Видео) Бејрут ден по експлозијата – болниците преполни, луѓето во шок бараат преживеани под урнатините

Чад сè уште се чувствува во Бејрут по вчерашните експлозии што разнесоа магацин и многубројни објекти на пристаништето. Спасувачите ги...

Македонија1 ден

СДСМ: Почнуваме сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство

СДСМ почнува сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство и влада што движи бргу напред по европскиот пат, патот на економијата...

Свет1 ден

(Видео) Над 100 починати и 4.000 повредени во експлозијата во Бејрут

Според последните информациите што ги пренесуваат медиумите, бројот на жртвите од експлозијата во Бејрут се искачи над 100, а повеќе...

Македонија1 ден

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 се лица над 60 години

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 во периодот од 27 јули до 2 август се лица над 60...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Бејрут е нападнат, тоа беше бомба

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека генерали на американската армија му пренеле оти експлозијата во Бејрут, во која загинаа најмалку...

Досие