Контакт

Забава

Колегите се простуваат од Мишел Трахтенберг: „Почивај во мир, убавице“

Објавено пред

Мишел Трахтенберг ненадејно почина, а нејзината смрт одекна низ Холивуд. Бројни познати личности и оддадоа почит на Мишел откако полицијата во Њујорк ја потврди смртта на 39-годишната актерка на 26 февруари.

dobivaj vesti na viber

По веста за нејзината смрт, бројни колеги и обожаватели споделија спомени и проштални пораки на социјалните мрежи.

Актерката Мара Вилсон објави кратка, но трогателна порака на Инстаграм. „Срцето ми се кине за мојот пријател од детството“, напиша покрај фотографија од Мишел. „Твоето сеќавање ќе биде благослов, Мишел“, додаде таа.

Сочувство до колешката искажа и Ким Катрал, позната по улогата во серијата Сексот и градот. „Ова ми го скрши срцето. Толку талентирана, а отиде прерано“, напиша таа во коментар под објавата на Variety на Икс.

„Почивај во мир убавице. xo“, додаде таа.

Не долго потоа, Катрал објави уште една проштална објава на Инстаграм. Покрај фотографијата од двете од филмот Ice Princess, таа напиша: „Почивај во мир драга Мишел“.

„Таа ми беше пријателка, а сега почива во мир! Грижете се за своите луѓе“, напиша Кенан Томпсон.

Џејмс Марстерс, нејзиниот колега од Buffy the Vampire Slayer, сподели проштална порака со „Пипл“. „Денес ми е тешко во срцето. Изгубивме убава душа. Мишел беше неверојатно интелигентна, заразно смешна и многу талентирана личност. Таа замина прерано, оставајќи зад себе многумина кои ја познаваа и сакаа. Моите мисли се со нејзиното семејство, прекрасни луѓе кои сега ја доживуваат најтешката загуба. Се надевам дека сите ќе им дадат простор да се справат со оваа болка. Ќе ни недостасуваш Мишел“, рече тој.

Мелиса Џоан Харт се прости и со објавување на сцена од серијата Clarissa Explains It All, во која глумеа заедно.

Забава

(Видео) Нов конфликт меѓу Афлек и Џеј Ло: Тој сака да ја намали цената на вилата, таа се противи

Објавено пред

Бен Афлек и Џенифер Лопез не можат да се договорат за една работа по нивниот развод. Афлек сака да ја намали цената на нивната вила вредна 68 милиони долари, која се наоѓа на пазарот, но се чини дека пејачката не е среќна поради тоа.

dobivaj vesti na viber

Вилата е ставена на продажба пред девет месеци, но добро упатени извори тврдат дека засега никој не покажал интерес за неа. Агентите за недвижности наводно ѝ кажале на поранешната двојка дека треба да ја намалат цената за најмалку 15%, со што се чини дека Бен се согласува, но Лопез наводно се уште се држи до првичната цена.

Лопез и Афлек претходно тајно се обидоа заедно да го продадат својот поранешен дом, но откако тоа не успеа, тие официјално го ставија на продажба. ТМЗ објави дека на крајот на септември минатата година добиле и прифатиле понуда од 64 милиони долари за вилата, но купувачите на крајот се повлекле.

Актерот и пејачката ја купиле својата вилата во јуни 2023 година за 60,8 милиони долари и наводно ја преплатиле. Куќата содржи 12 спални соби и 24 бањи и зафаќа површина од нешто повеќе од 4.200 квадратни метри. Претходно, извори блиски до поранешната двојка изјавија дека ниту еден од нив не бил пресреќен во вилата.

„Бен никогаш не ја сакал куќата. Таа е предалеку од неговите деца“, истакнал извор во јуни минатата година.

Лопез наводно чувствувала дека имотот е „преголем за неа“. По објавувањето на разводот, пејачката се преселила во куќа вредна 18 милиони долари во близина на Лос Анџелес, додека Афлек веќе купил имот од 20 милиони долари во Пацифик Палисадес.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Наташа Беквалац го прекина настапот поради една девојка: „Ти посакувам никогаш да не ти се случи тоа што мене ми се случи“

Објавено пред

Српската пејачка Наташа Беквалац неодамна одржа концерт во едно кафуле, каде за своите верни фанови ги испеа некои од своите најголеми хитови. Вниманието на јавноста го привлече и група девојки кои се собраа поради посебна причина – моминска вечер.

dobivaj vesti na viber

Беквалац накратко го прекина концертот за да и посака се најдобро во бракот на идната невеста.

„Сакав да имам семејство, деца, маж, златен ретривер, сè што оди со тоа, три пати пробав, три пати не успеав, а знаеш што сакам за тебе? Сакам истото никогаш да не ти се случи. Сакам твојата љубов да трае вечно и ти посакувам се што сонуваш. Ти благодарам што дојде на мојот концерт иако ме сметаат за некој што не успеа, ти си многу храбра девојка“, ѝ рече таа.

Фотографии и видеа се раширија низ мрежите, а како изгледаше овој емотивен момент погледнете во продолжение:

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Сега е јасно зошто е најзгодната жена на светот: снимка го урна интернетот

Објавено пред

Прекрасната Никол Шерцингер не престанува да воодушевува со својот изглед. Без разлика дали станува збор за црвениот тепих или лежерното кафе со пријателите, оваа жена е секогаш на висина на задачата на модата.

dobivaj vesti na viber

Сега покажа и како изгледа нејзиниот вообичаен ден во теретана, благодарение на што има толку згодно тело.

Објавите за вежбање привлекоа големо внимание, најмногу поради згодната пејачка која ги покажа своите вежби во тесни хеланки.

Таа покажа вежби за нозете и задникот, додека луѓето ја опсипуваа со комплименти во коментарите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

Еден загинат по удар на гром во Прилепско

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира, дека преку 112 во ЦУК во 17.39 часот, била добиена пријава...

Македонија2 часа

ДУИ: Она што порано доаѓаше однадвор, денес се спроведува одвнатре – со Албанци кои молчат или соработуваат на штета на колективните права на сопствениот народ

„Претставниците на коалицијата ЛЕН, кои со само 9 пратеници (1.3% ) тврдат дека ги претставуваат над 29% од Албанците во...

Свет2 часа

(Видео) Трамп до американски ветеран без нозе: Значи те погодија, прекрасно

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера во Овалната соба се сретна со група ранети американски ветерани, каде потпиша голем број нови...

Регион2 часа

Вучиќ оди во Русија на прославата на Денот на победата, ќе се сретне со Путин

Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека на 9 мај ќе отпатува за Москва, каде ќе присуствува на парадата за Денот...

Европа2 часа

(Видео) Експлозии во Киев и Харков, дел од населението заробено под урнатините

Украинската воздушна одбрана дејствуваше рано утринава во украинскиот главен град Киев против комбиниран руски напад со беспилотни летала и ракети....

Свет3 часа

Шефот на дипломатијата на Трамп го предупреди Иран да не збогатува ураниум

Иран, според каков било договор со САД, ќе мора да престане со збогатување ураниум и би можел да го увезува...

Македонија3 часа

Привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино – Тетово

Од денес (24.04.2025) ќе има привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино – Тетово,...

Свет4 часа

Трамп вели дека би можел да се сретне со Путин следниот месец

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти Русија е подготвена да стави крај на војната, додавајќи: „Мораме да се...

Македонија17 часа

Пресудата е политички мотивирана, рече Јакимовски кој е осуден на три и пол години затвор

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски е изненаден од пресудата со која е осуден на затворска казна од три и...

Македонија19 часа

Работниците што не добиле покачување на платата за март од 4.000 денари може да тужат, ССМ обезбедува и бесплатна правна помош

Тужби до работодавците може да поднесат сите работници кои со мартовската плата не добиле покачување од 12,6 % колку што...

Македонија20 часа

Не е време за пиво и скара, туку за протест за 500 евра минимална плата и 100 евра зголемување на другите плати, повика ССМ

Овој Први мај, место марш, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави протест оти платите се мизерни, најниски во регионот,...

Македонија22 часа

Пет пациенти денеска се враќаат од Србија, во странство хоспитализирани уште 38

Министерството за здравство информира дека денеска пет пациенти од повредените во трагедијата во Кочани ќе се вратат од лекување од...

Македонија22 часа

Таравари не може и да соработува со ДУИ и да биде дел од Владата, вели Меџити

Министерот за животна средина и вицепремиер Изет Меџити очекува министерот за здравство Арбен Таравари и лидер на Алијансата за Албанците,...

Македонија22 часа

Мицкоски: Реформите во правосудниот сектор се најитни

Реформите во правосудниот сектор се најитни. Без нив, сите други реформи се безвредни, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Според него, нема...

Македонија23 часа

Голема полициска акција на повеќе локации: сомнение за кривични дела на штета на Фондот за здравство

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, МВР спроведува координирана акција на повеќе локации во државата. Како што извести...

Македонија23 часа

Скопјанец обвинет за демнење: ја следел својата поранешна сопруга, психички ја вознемирувал и ја застрашувал

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 44-годишен скопјанец кој се товари дека сторил кривично дело – Демнење од...

Топ24 часа

Кривична против директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид: ја оштетил установата за 150 илјади денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишниот Г.С. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно...

Македонија1 ден

(Фото) Спречени обиди за шверцување парфеми, тутун, облека со потпис на познати модни брендови

На Меѓународен Аеродром Скопје државјанин на Обединети Арапски Емирати родум од Индија се обидел да криумчари во државата 76 парфеми....

Македонија1 ден

Колку милиони евра однесоа Заев и Филипче во Дубаи, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„И по неколку дена сè уште молк од СДС дали Филипче исто како и Заев поседува златна виза во Дубаи...

Македонија1 ден

„Љутков ги гази колективниот договорот и правата на културните работници“, велат од СДСМ

„Вчерашното интервју на министерот Љутков, во кое без срам го нарече колективниот договор за култура „незаконски“, е директен напад врз...