Забава
Колинда со емотивен твит му посака добредојде на Макрон

Колинда Грабар-Китаровиќ се огласи на својот твитер-профил за да му посака искрено добредојде на Емануел Макрон и да му каже дека жали што не може да го види.
Поранешната хрватска претседателка сподели нивна заедничка фотографија, која најверојатно е направена во 2018 година во Русија и испрати емотивна порака до претседателот на Франција, кој синоќа пристигна во Загреб во работна посета.
Таа ја напиша посветата на француски и се потпиша: твојата пријателка Колинда.
„Драг Емануел Макрон! Добредојде! Жал ми е што не можам да те видам затоа што не сум во Хрватска. Ти посакувам пријатна и плодна посета. Сѐ најдобро за тебе и за прекрасните луѓе на Франција! Твојата пријателка Колинда“
Макрон е првиот француски претседател во официјална посета на Хрватска, пренесуваат локалните медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Најдобриот филм за Спајдермен пристига во киносалите

„Човек пајак: Ширум пајак вселената“, конечно, пристигнува во кината овој четврток.
Ова е второто продолжение на наградуваниот хит „Човек пајак: Нов свет“, кој на големото платно донесе нов пристап на најпопуларниот суперхерој и младиот Мајлс Моралес како нов човек пајак.
Според досега виденото, новото продолжение ветува уште понапната приказна, уште поголеми улоги и уште поспектакуларни анимациски подвизи.
Финалниот трејлер го прикажува Мајлс Моралес во богатиот спајдер-свет преполн со интригантни верзии на овој суперхерој во неколку прекрасни стилови на анимација.
Кога хероите ќе се судрат за тоа како да се справат со нова закана, Мајлс се наоѓа наспроти другите спајдермени и мора повторно да научи што значи да се биде херој за да може да ги спаси оние што најмногу ги сака…
Критичарите, кои го гледаа филмот во затворени претпремиери, имаат само пофални зборови. Некои ја фалат маестралната анимација, каде што секој кадар е достоен за музеј, други ги фалат емотивната длабочина и приказната за растењето на Мајлс и Гвен, а други најавуваат дека продолжението го надминало квалитетот на првиот филм.
Патувањето низ спајдерверзумот ветува голема суперхеројска авантура, а од 1 јуни ќе пристигне и во оригинална и во синхронизирана верзија.
Забава
Kели Брук, жената со најсовршено тело според научниците, долго време била аутсајдер во светот на модата

За британската манекенка и актерка Кели Брук, научниците пред неколку години заклучија дека има идеално женско тело со совршена фигура, а магазинот FHM ја прогласи за најсекси жена на светот.
Студијата ги зеде предвид висината, тежината, должината на косата и обликот на лицето. „Оваа жена е сосема природна и научно совршена“, изјавија тогаш авторите на студијата.
Според научниците, БМИ (индекс на телесна маса) од 18,85 и пропорции на телото 93-61-87 см се смета за идеален.
Кели е висока 168 сантиметри, а нејзините пропорции се 99-63-91, што ја прави најблиску до идеалот. Дополнителен плус, според авторите на студијата, е тоа што не била подложена на естетска операција.
Кели денес има 43 години, а неодамна откри дека никогаш не се чувствувала подобро во својата кожа. „Се фотографирав речиси секој ден од мојот живот и навистина можам да ги видам доказите за тие несреќни времиња. Ги гледам моите стари фотографии и велам: „Ох, тогаш бев навистина слаба“, а потоа се сеќавам дека бев слаба бидејќи тогаш нешто ми се случувало“, изјави таа за британските медиуми.
„Кога поминувате низ лош период, тоа влијае на вашата исхрана. Бев најмизерна кога бев најслаба“, додава Кели.
Таа денес е во брак со Џереми Париси, кој, како што тврди, многу ѝ помогнал со самодовербата.
„Не е случајност дека сум најсреќна во своето тело сега кога сум во брак, кога го работам она што го сакам со луѓето што ги сакам, кога сум малку постара и позрела и кога воопшто сè е добро во моето семејство и сите се здрави“, објаснува Кели.
Таа минатата година во интервју за магазинот Fabulous се пожали на проблемите што ги имала во модната индустрија поради облините. Поради својот изглед, долго време се чувствувала како аутсајдер во светот на модата и често се откажувала да оди на кастинзи.
„Отсекогаш сум сакала да работам со модни дизајнери, со модни брендови, но малкумина беа отворени за соработка со мене поради мојот изглед. Жените како мене не им одговараа“, изјави Кели и додаде: „Модната индустрија, за среќа, се промени“.
Забава
Ајрленд Болдвин го изостави тато Алек од посветата за семејството

Ќерката на поранешниот холивудски пар Алек Болдвин и Ким Бесинџер не го спомна татка си во искажувањето благодарност кон семејството.
Во објава на социјалните мрежи Ајрленд (27) искажа пофални зборови за родителите на својот партнер и за мајка си додавајќи дека придонеле во подобрување на нејзиното ментално здравје, но не го спомна 65-годишниот актер.
Манекенката се огласи на „Инстаграм“ неколку недели откако тој заборави да ја вклучи во оддавањето почит кон неговата фамилија.
Во објавата Ајрленд открива дека се борела со зголемена анксиозност во текот на неодамнешната бременост: „Секоја мисла во мојата глава се однесуваше на тоа дека правам нешто погрешно, дека можам да го повредам бебето или себеси“, Таа додаде дека била оптоварена со безброј хорор-приказни за бременост.
Но, сега се чувствува смирено по раѓањето на ќерката претходно овој месец. „Не можам да им бидам поблагодарна на родителите на мојот партнер и на мајка ми, која често ме посетуваше“, напиша таа, без да го спомне Алек.
На 4 мај Алек објави на „Инстаграм“ слајд-шоу од неговите седум деца со сопругата Хиларија Болдвин (39). Во описот напиша: „Седум причини да продолжам во овие тешки времиња. Нема да лажам, без моето семејство, не знам каков би бил мојот живот“.