Забава
Колку траат хороскопските знаци во врска: Бикот сака до крај, на лавот брзо му здосадува

Овен
Луѓето родени во знакот овен се многу страствени, брзо се за вљубуваат и сакаат со целото свое срце. Сепак, тие заминуваат веднаш штом страста исчезне во врската. Инаку, врската со овен е страсна и динамична, но и полна со кавги, расправии и непромисленост. Тие често знаат како да западнат во „маѓепсаниот круг“ на мирење и расправии и да останат во такви односи долго време.
Бик
Луѓето родени во знакот на бик се олицетворение на лојалност и не сакаат да оставаат. Тие не се вљубуваат лесно, но кога некој ќе влезе во нивното срце, ќе го негуваат и ќе го сакаат до крајот на животот. Сензуалноста е исклучително важна во нивната врска.
Близнаци
Не се склони да остават партнер, почесто партнерот ги остава нив. Имаат тенденција да флертуваат со други и на некој начин уживаат кога ќе предизвикаат љубомора. Длабоко во себе се многу лојални.
Рак
Луѓето родени во овој знак сакаат мирни, стабилни и долги врски, по можност до крајот на животот. Уморни се од сомнителни луѓе и чувство на несигурност во врската. Тие често го поминуваат својот живот со својата прва љубов. Не се склони кон прељуба.
Лав
Луѓето родени во знакот лав се малку претпазливи кога станува збор за влегување во врска. Тие нема да се вљубат веднаш, но кога тоа ќе се случи, влегуваат во врска речиси сонувачки. Се препуштаат на емоциите, страстите, целосно се предаваат на партнерот. Но, брзо им здосадува, па врските не траат подолго од една или две години.
Девица
Девиците уживаат најмногу на самиот почеток на врската, се додворуваат и освојуваат партнер. Подоцна тие многу го ценат чувството на сигурност во долгите врски.Тие не се склони кон флерт и прељуба затоа што не се физички типови, туку се духовни.
Вага
За припадниците на овој знак, љубовните врски се засноваат на пријателство и тие ќе влезат во долга, сериозна врска само доколку се задоволни од физичкиот изглед на нивниот партнер и неговата склоност кон дружење и доаѓање на социјални настани. Имено, вагите се вистински естети. Ценат фини, убави и луксузни работи.
Скорпија
Иако се многу страствени и водени од физичка енергија, скорпиите се многу лојални партнери. Тие се харизматични и привлечни за другите, така што врската со нив не е лесна, може да биде исполнета со чувства на љубомора и несигурност. Ова е токму причината зошто многу од нивните врски завршуваат со распад. Совршен партнер за припадниците на овој знак е некој сигурен во себе, некој на кој може да се потпрат.
Стрелец
Тие се многу неодлучни кога станува збор за избор на партнер. Имаат тенденција да анализираат, размислуваат, измерат… во сè и во љубовните врски. Кога ќе започнат врска со некого, често не се сигурни дали таа личност е вистинскиот избор. Имаат проблеми со поврзување, понекогаш се нестабилни во љубовта, а животот ќе го поминат со некој што ќе им даде слобода и пред сè е нивен пријател.
Јарец
Тие се многу неодлучни кога станува збор за избор на партнер. Имаат тенденција да анализираат, да размислуваат и мерат во љубовта. Кога ќе започнат врска со некого, често не се сигурни дали таа личност е вистинскиот избор. Имаат проблеми со врската, понекогаш се нестабилни во љубовта и ќе го поминат животот со некој што ќе им даде слобода.
Водолија
За да трае нивната љубовна врска, мора да имаат покрај себе партнер кој им е исклучително интересен и предизвикувачки, во никој случај досаден. Потребен им е некој поради кој нема да мора многу да се менуваат или прилагодуваат. Водолиите сакаат различност и се плашат од монотон брачен живот.
Риба
Припадниците на овој знак се најверните партнери на Зодијакот. Тие се олицетворение на лојалност и сонуваат да го поминат животот со еден партнер. Многу романтични и упорни. Тие можат да акумулираат фрустрации подолго време, но кога ќе достигне една граница, тогаш ги земаат работите и заминуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Тргнете им се од патот: хороскопски знаци кои се многу нервозни кога надвор е пекол

Сонце и коктели за многумина значи само едно – лето. Но, додека некои хороскопски знаци уживаат во секој зрак, или барем се прилагодуваат на условите, други се претвораат во движечки бомби на раб на експлодирање.
Ако ги сретнете додека асфалтот е жежок, а климатизацијата во јавниот превоз не работи, можеби е најдобро да го свртите погледот, да се засолните во сенка и да почекате температурата да падне.
Четири хороскопски знаци кои едноставно не ја сакаат топлината.
Овен
Овните се огнени знаци, но кога температурата ќе надмине 30 степени, нивната внатрешна лава бара излез.
Овнот не може да поднесе бавност, а летото го наметнува од сите страни. Ако технологијата исто така го изневери, мобилниот телефон се прегрее или клима уредот во автомобилот одлучи да штрајкува, би можеле да бидете сведоци на кратко, но незаборавно губење нерви.
Рак
Раковите се суштества на домот и удобноста. Нивната идеја за лето вклучува затемнета соба, вентилатор и постојан проток на ладна лимонада. Кога треба да излезат и да се соочат со жештината на градот, нивното ниво на раздразливост се зголемува пропорционално со УВ индексот.
Ако сепак мора да чекаат во ред на сонце или да носат ранец што им се лепи за грбот, пасивно-агресивниот коментатор за сè и сешто може да излезе од милиот Рак. Тоа не значи дека не ве сака, само го мрази животот во моментот.
Девица
Девиците се познати по својата љубов кон редот, чистотата и организацијата. А летото? Летото е нивниот кошмар. Луѓето се потат, распоредите доцнат, панталоните се лепат за столот. Сè е лепливо, бавно и неуредно.
Кога Девица ќе види некој како влегува во климатизирана просторија и не ја затвора вратата брзо, можеби ќе почувствувате како ледениот поглед ве сече како нож. Не е дека Девицата не го сака сонцето, само кога е филтрирано низ прозорец и не ја нарушува нејзината внимателно избалансирана температура на телото и душата.
Шкорпија
Шкорпиите имаат длабоко вкоренет инстинкт за контрола, и кога е жешко, сè им бега. Пот? Не можам да го контролирам. Гужва на плажа? Не можам да ја избегнам. Луѓе што им дишат во вратот во јавниот превоз? Директно од пеколот. Сето ова води до потисната фрустрација која не треба многу за да се прелее.
Доволно е некој случајно да ги допре со влажно рамо и нивната вербална отровна стрела може да ја погоди дури и најневината жртва. Тие не се зли, само го сакаат своето место под клима уредот.
Забава
Концерт на групата „Гром“ во „Хераклеја“, специјален гостин Ален Славица

Македонската група „Гром“ со концерт на 2 јули на „Хераклеја“ ќе одбележи јубилеј, 45 години на музичката сцена.
„Гром“ се присутни на македонската музичка сцена од младинските рок гитаријади во 70-те, до Скопскиот фестивал, Мак Фест итн.
Концертот ќе почне во 21 часот, а настанот е во рамките на БИТ ФЕСТ 2025.
Специјален гостин на концертот ќе биде познатиот хрватски пејач Ален Славица.
Влезници по цена од 300 преку мкtickets, како и на билетарата на Хераклеја.
Забава
Знаци што покажуваат дека не внесувате доволно протеини

Често слушаме колку е важно да внесуваме доволно протеини, но многу луѓе сè уште се прашуваат дали ги задоволуваат своите дневни потреби.
Протеините се клучни за поправка на клетките, одржување на мускулите, хормонска функција и имунитет.
Ако не внесуваме доволно, може да се појават разни симптоми, кои често се игнорираат или им се припишуваат на други причини. Препорачаното дневно внесување е 0,8 грама на килограм телесна тежина, но вистинските потреби зависат од возраста, нивото на активност и од здравјето.
Луѓето во одредени животни фази, како што е перименопаузата, честопати имаат потреба од поголемо внесување. Нутриционистите Ребека Блејк, Тамар Самуелс и Даниел Пашко објаснуваат кои знаци може да укажуваат на недостиг на протеини.
Постојан глад
Ако не внесуваме доволно протеини, можеме да се чувствуваме како постојано да сме гладни, вели Самуелс.
„Зголемениот апетит може да биде природен начин на телото да се обиде да го зголеми внесувањето протеини за да ги задоволи своите нутритивни потреби“, објаснува таа за Параде.
Глад може да се појави и ако внесуваме доволно калории, но не доволно протеини.
Проблеми со косата, ноктите и со кожата
Бидејќи косата, ноктите и кожата се направени од протеинот кератин, недостигот може да предизвика видливи промени. Пашко истакнува дека недостигот на протеини може да доведе до опаѓање на косата и кршливи нокти, а Блејк додава дека кожата може да стане сува.
Според „УКЛА хелт“, сето ова се индикатори за недостиг на оваа важна хранлива материја.
Ненамерно губење тежина
Кога на телото му недостигаат градежните блокови за одржување на мускулната маса и на ткивото, може да се случи ненамерно губење тежина.
„Луѓето што јадат малку протеини често губат тежина иако не сакаат, што укажува на недоволно внесување“, истакнува Самуелс.
Блејк додава дека ниските нивоа на протеини исто така може да предизвикаат губење на мускулите, што дополнително влијае на телесната тежина.
(Фото: ЕПА)