Контакт

Забава

Коментарите на Пирс Морган за Меган го соборија рекордот на поплаки во „Офком“

Објавено пред

Коментарите на Пирс Морган за војвотката од Сасекс во емисијата „Добро утро, Британија“ предизвикаа рекорден број поплаки до британскиот регулатор за електронси медиуми „Офком“.

dobivaj vesti na viber

Поднесени се околу 57.000 поплаки или приговори во врска со емисијата за интервјуто кај Опра Винфри на 8 и 9 март, пренесува Би-би-си.

На 9 март водителот Морган рече дека „не верува ниту збор од она што Меган го кажа“ во интервуто. Тој ја напушти програмата на Ај-ти-ви подоцна тој ден.

Вкупно 57.121 приговор е за 12.600 повеќе од оние направени во текот на ТВ-шоуто Celebrity Big Brother во 2007 година.

И војвотката е меѓу оние што се пожалиле до надзорното тело.

„Офком“, кој ја регулира британската телевизија од 2003 година, веќе почна истрага за „Добро утро, Британија“. Во средата портпаролот рече дека истрагата е во тек.

Забава

Ким Кардашијан плати казна од 1.3 милиони долари за рекламирање криптовалута

Објавено пред

Ким Кардашијан рекламираше сè, од лижавчиња што го сузбиваат апетитот до ликер со вкус на диња и тоалетна хартија, но нејзиното упаѓање во матниот свет на криптовалути ја стави во неазвидна ситуација.

dobivaj vesti na viber

Реалити ѕвездата и претприемач прифати да ја реши тужбата за незаконско рекламирање на крипто-хартии од вредност и да плати 1.26 милиони долари казна и оштета, соопшти американската Комисија за хартии од вредност во понеделникот.

Кардашијан, која има 330 милиони следачи на „Инстаграм“ и 73.7 милиони следбеници на „Твитер“, не откри дека крипто компанијата EthereumMax ѝ платила 250.000 долари за да сподели објава на „Инстаграм“ за своите EMAX токени, соопшти Комисијата.

Комисијата во ноември 2017 година ги предупреди познатите личности кои сакаат да заработат на просторот на дигитален имот дека правилата на САД бараат да обелоденат кога им се плаќа да поддржат криптотокени.

Оттогаш, гонеше неколку други познати личности, вклучително и акционата ѕвезда Стивен Сигал, музичкиот продуцент Диџеј Калед и боксерот Флојд Мејведер Џуниор поради кршење на тоа правило, но Кардашијан е веројатно една од најистакнатите.

Прикажи повеќе...

Забава

„Еманципација“, прв филм на Вил Смит по оскаровската шлаканица, излегува во декември

Објавено пред

Првиот филм на Вил Смит откако му удри шлаканица на Крис Рок на доделувањето „Оскари“ ќе дебитира во кината во декември, потег што го прави филмот прифатлив за златната статуетка следната година.

dobivaj vesti na viber

Дистрибутерот „Епл инк“ го најави тајмингот во понеделникот, а истиот ден беше објавен и трејлер за претстојниот филм.

Историскиот трилер со наслов „Еманципација“ е приказна за човек кој бега од ропство. Филмот е снимен пред Смит да го нападне Рок на сцената минатиот февруари, но датумот на неговото објавување беше неизвесен.

На Смит му е забрането да присуствува на церемонијата на доделување „Оскари“ следните 10 години, но сепак има право да биде номиниран и да победи.

Актерот јавно му се извини на Рок, на филмската академија и јавноста за тоа што му удри шлаканица на комичарот поради шегата за изгледот на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит. Неполн час подоцна, Смит ја доби статуетката за најдобар актер за улогата во филмот „Крал Ричард“, каде го потретира таткото на тениските легенди Венера и Серена Вилијамс.

„Еманципација“ ќе се прикажува исклучиво во киносали една недела почнувајќи од 2 декември, а ќе дебитира на стриминг-платформата „Епл ТВ-плус“ на 9 декември, соопшти „Епл“.

 

Прикажи повеќе...

Забава

ФБИ ја шпионирало Арета Френклин цели 40 години

Објавено пред

Федералното истражно биро (ФБИ) имало досие од 270 страници за покојната Арета Френклин по 40-годишното шпионирање.

dobivaj vesti na viber

Кралицата на соулот, која почина од рак во август 2018 година на 76-годишна возраст, била цел на надзор и на лажни телефонски повици, па дури имало и инфилтрирани шпиони во нејзиниот внатрешен круг, според документи до кои дојде магазинот „Ролинг стоун“.

Во долгото досие, кое е во голема мера преработено, има фрази, како што се „црни екстремисти“, „прокомунистички“, „ја мрази Америка“, „радикално“, „расно насилство“ и „милитантна црнечка моќ“. Документот е исполнет со сомнеж за пејачката, нејзината работа, активистите и забавувачите со кои се дружела.

ФБИ редовно ги следел адресите и телефонските броеви на пејачката и се чини дека бил особено заинтересиран за нејзината работа за граѓански права и поврзаноста со Мартин Лутер Кинг Јуниор (MLK) и Анџела Дејвис.

Меѓу документите добиени од публикацијата – од кои некои се декласифицирани – има извештај од 1968 година за плановите за погреб на Мартин Лутер Кинг Јуниор, кој го опишале како расна ситуација.

Бирото не успеало во обидите да ја поврзе со Black Liberation Army и други таканаречени радикални групи, со еден документ, кој детаљно го опишува нејзиниот договор со „Атлантик рекордс“ во случај нејзините деловни зделки да се поврзани со Партијата на Црниот Пантер (БПП).

Синот на Арета, Кекалф Френклин, не е сигурен дали пејачката знаела дека е под надзор, но смета дека е губење време да се потрошат толку години следејќи го секој нејзин потег откако бирото не успеа да ја поврзе мајка му со каков било вид екстремистичка активност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Обвинителство: Зеќири го оштетил буџетот за скоро 1,5 милиони евра, парите завршиле во приватни фирми

Обвинителката Катерина Коларевиќ поднесе обвинение против ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Тој се гони за злоупотреба на службена положба...

Економија1 час

Еврокомесар за управување со кризи: Реална закана од прекин на струја во Европа

Европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со кризи, Јанез Ленарчиќ, ја смета за реална заканата од прекин на струја...

Свет2 часа

Бербок го обвини Путин за терор

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека не е подготвен за мировни...

Свет2 часа

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

Кина предупреди дека САД би можеле да се соочат со тешки последици, вклучително и нуклеарна војна, доколку на Украина ѝ...

Свет4 часа

Азербејџан ја гранатира Ерменија, нови судири на граничниот премин меѓу двете земји

Азербејџанските војници синоќа со минофрлачи и мало оружје ги гранатираа граничните позиции на Ерменија, соопшти Министерството за одбрана на Ерменија....

Свет4 часа

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на украинските територии

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на четири украински региони, изјави денеска севернокорејскиот министер за надворешни работи Ко Сон Хуи...

Свет4 часа

(Видео) Повеќе од 100 луѓе загинаа од ураганот Ијан кој ги погоди Флорида и Северна Каролина

Бројот на загинати од ураганот Ијан во Флорида и Северна Каролина се искачи на 103, а спасувачките тимови по втор...

Свет5 часа

Трамп го тужи Си-Ен-Ен за клевета, бара отштета од 475 милиони долари

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во понеделникот го тужеше Си-Ен-Ен за клевета, барајќи отштета од 475 милиони долари. Во својата...

Свет5 часа

Јапонија подигна борбени авиони откако Северна Кореја лансираше проектил

Откако Северна Кореја лансираше ракета со среден дострел што прелета дел од северна Јапонија, а властите во Токио наредија евакуација...

Свет5 часа

(Видео) Северна Кореја лансираше проектил во Јапонија, во Токио издадена наредба за евакуација

Северна Кореја истрела балистичка ракета која утринава прелета над Јапонија за прв пат по пет години, што предизвика предупредување до...

Регион17 часа

Радев не ја поддржа декларацијата за членство на Украина во НАТО

Бугарското претседателство објави официјален став за одбивањето на шефот на државата Румен Радев да ја поддржи декларацијата на деветмина негови...

Европа19 часа

Украинските сили со голема брзина ги пробија руските линии на југот на земјата

Украинските сили го постигнаа најголемиот успех на југот на земјата од почетокот на војната со пробивање на линијата на фронтот...

Свет20 часа

(Видео) Нов испад на Бајден, ја погреши насоката за движење

Еден ден по гафот на кој ја повика починатата конгресменка обраќајќи и се како да е сè уште жива, американскиот...

Македонија22 часа

(Видео) Ако не се извинат, Ковачевски најави тужба за ВМРО-ДПМНЕ: Јас сум веќе две недели под константни напади

Најдолни лаги, според премиерот Димитар Ковачевски, се обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека го избегнал служењето војска правејќи се неспособен...

Регион22 часа

(Видео) Вучиќ од Будимпешта: Србија нема да биде паркинг за мигрантите

Денеска, во Будимпешта се одржува трилатералниот самит на Унгарија, Србија и Австрија за мигрантската криза. Се работи за заедничка акција...

Македонија23 часа

Обвинетите за убиството на Тот имале гризење на совеста и чувство на вина, сведочеше психијатарот Марцикиќ

Дваесет и еден ден по убиството на ракометарот Денис Тот, сега обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска и Андреј Костовски имале...

Економија24 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 0,50 денари/л. Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се...

Македонија24 часа

Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете!

Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На идните студенти им...

Економија24 часа

Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата

Вработените во Германија ќе може да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно...

Свет1 ден

Рамзан Кадиров ги испраќа своите малолетни синови во војна

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, најави дека тројца негови малолетни синови набргу ќе заминат на фронтот во Украина. „Тоа што...