Забава
Конери ги победи Крег и Броснан како најдобар Џејмс Бонд

Харизматичниот Шон Конери е изгласан за најдобриот Џејмс Бонд досега оставајќи ги зад себе петте други актери што се справуваа со улогата на најголемиот агент во светот со дозвола за убиства.
Фановите на иконскиот серијал гласаа за својата омилена верзија на британскиот таен агент 007. Над 14.000 фанови се изјаснија кому најдобро му прилега црниот смокинг додека пие мартини, па дури и познатата фраза со која го нарачува својот пијалок: А martini. Shaken, not stirred (протресен, неизмешан).
Според анкетата на „Радио тајмс“ (RadioTimes.com.), Конери се искачи на врвот со неверојатни 56 проценти од гласовите во првиот круг. Шкотскиот актер (89) беше првиот Бонд, а своето деби го направи во „Доктор Но“ во 1962 година кога 007 беше испратен во Јамајка да го испита исчезнувањето на својот колега. Овој филм беше голем хит на киноблагајните, кој го постави камен-темелникот за најуспешниот серијал во историјата.
Авторот Јан Флеминг – човекот што го создаде ликот Бонд во своите романи – првично не бил заинтересиран за Конери и во потесен избор влегле неколку други актери, меѓу кои и Кери Грант.
Но, јасно, Конери со својот раскошен шарм и лежерна софистицираност бил вистинскиот избор.
Тој беше 007 во седум филма: „Доктор Но“, „Се живее само два пати“, „Од Русија со љубов“, „Тандербол“, „Дијамантите се вечни“, „Голдфингер“ и „Никогаш не вели никогаш“.
Во првиот круг гласање Конери го победи Даниел Крег, кој не е само актуелен Бонд, туку и најдолго го игра легендарниот лик. Крег (52) го почна мандатот како Бонд во „Казино Ројал“ во 2006 година.
Резултатите од првиот круг ги оставија Конери, Далтон и Броснан да се натпреваруваат во последниот круг, при што првиот Бонд ја освои победата со 44 проценти, а другите двајца добија 32 % и 23 % од гласовите.
Третиот круг донесе мало изненадување, со тоа што починатиот сер Роџер Мур не влезе во финишот на натпреварот за разлика од неговиот наследник Тимоти Далтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Астролозите велат дека ова е најдобриот хороскопски знак: дали е?

Астролозите тврдат дека еден хороскопски знак буквално доминира во сите области.
Кога ќе се појави овој знак, неговата енергија и квалитети ги оставаат другите хороскопски знаци во втор план. Тоа е Вагата.
Најчувствителниот знак
Вагата има срце големо колку универзумот и секогаш е подготвена да му помогне секому кому му е потребна поддршка. Нивната емпатија ги прави исклучително грижливи пријатели и сојузници, а чувството за емоциите на другите луѓе ретко се среќава кај другите знаци.
Непобедлив оптимизам
Без оглед на предизвиците со кои се соочуваат, Вагите одржуваат весел дух и верба дека на крајот сè ќе испадне на подобро. Нивната способност да пронајдат зрно надеж и во најтешките моменти ги инспирира оние околу нив и носи доза позитивна енергија каде и да се појават.
Впиваат знаење
Високо интелигентни, Вагите имаат речиси неверојатна способност бргу да учат нови работи. Тие апсорбираат информации како сунѓери и знаат како да ги применат во вистинскиот момент, што ги прави исклучително успешни во разни области од животот.
Рационални генијалци
Додека многумина се предаваат на емоциите или импулсите, Вагите донесуваат одлуки со ладна глава. Нивниот аналитички пристап и логично размислување им овозможуваат секогаш да бидат еден чекор понапред и да донесуваат добро осмислени одлуки.
Мајстори на дипломатијата
Тие ги решаваат конфликтите на суптилен и ефикасен начин стремејќи се кон компромиси што ги задоволуваат сите страни.
Нивното владеење на уметноста на преговарање и наоѓање балансирани решенија ги издвојува од сите други хороскопски знаци.
фото: принтскрин
Забава
Ако сакате да ослабите, ова е најдобриот додаток на вашиот пијалак

Експертите нагласуваат дека клучот не е само што пиете, туку и како го подготвувате пијалокот ако сакате да ослабете.
Смутијата можат да бидат здрав појадок или ужина, но гладот често се враќа брзо. Според нутриционистите, една од најдобрите состојки што можете да ја додадете во смути за да ви помогне да ослабете е семето од чиа. Тоа е практично без вкус, лесно за додавање во блендер и е полно со здрави масти, влакна и протеини кои ви помагаат да се чувствувате сити подолго време.
Влакна што ве одржуваат сити подолго време
Две лажици семки од чиа содржат огромни 10 грама диететски влакна, што е реткост во толку мала порција. „Влакната го забавуваат варењето и ви помагаат да се чувствувате сити подолго време, што може да го намали грицкањето и вкупниот внес на калории“, вели нутриционистката Елиза Витакер.
Тие се особено богати со растворливи влакна, кои апсорбираат вода и се шират во желудникот, создавајќи чувство на ситост. Нутриционистката Ешли Хоук додава дека ова помага да се намали прејадувањето и безгрижното допирање на храна. Студиите покажаа дека редовната консумација на семки од чиа може да го намали обемот на половината и нивото на Ц-реактивен протеин, маркер на хронично воспаление во телото.
Извор на здрави омега-3 масти
Семето од чиа е одличен растителен извор на омега-3 масни киселини. Една лажица содржи околу 1,3 грама, што е речиси целата дневна потреба за жените и поголемиот дел за мажите. „Омега-3 мастите го забавуваат варењето, го продолжуваат чувството на ситост и можат да го забрзаат метаболизмот“, објаснува Витакер.
Некои истражувања покажуваат дека омега-3 масните киселини можат да ја зголемат вашата базална метаболичка стапка, што значи дека вашето тело согорува повеќе калории дури и кога сте во мирување.
Протеини од растителна основа за стабилна енергија
Две лажици семе од чиа обезбедуваат речиси пет грама протеини. Комбинацијата од влакна, протеини и здрави масти го одржува нивото на шеќер во крвта стабилно, спречувајќи скокови на енергија и напади на глад. „Стабилниот шеќер во крвта е клучен за контролирање на апетитот во текот на денот“, забележува Ховк.
Нискокалорични, богати со хранливи материи
Покрај тоа што се богати со хранливи материи, семето од чиа е исто така нискокалорично – околу 140 калории на две лажици. Тие содржат протеини, омега-3 масти, витамини и минерали, а воедно се достапни и долготрајни. „Една кесичка трае долго време, а поради нивната мала порција, лесно се вклопуваат во вашата исхрана“, додава нутриционистот Рајан Гајгер.
Како да ги додадете во вашето смути?
Семето од чиа е неверојатно лесно за употреба. Препорачливо е да започнете со една до две лажици дневно и постепено да ја зголемувате количината како што вашето тело се навикнува на поголемиот внес на влакна. За покремаста текстура, можете да ги потопите околу десет минути пред блендирање, или за погусто смути, додадете ги непосредно пред тоа и оставете ги да се згуснат. Тие се достапни и во мелена форма за оние кои претпочитаат целосно мазни пијалоци.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Маникирот на Џесика Алба стана опсесија за жените во светот

Познатата актерка Џесика Алба ужива во периодот по разводот од Кеш Ворен, но и во новата љубов со актерот Дени Рамирез, кој е 11 години помлад од неа.
Сето ова ја направи Џесика повторно главна тема каде и да се појави, а едно од нештата за кои е неоспорна, дефинитивно, се модата и чувството за стил.
View this post on Instagram
Таа е поактивна на „Инстаграм“ од кога и да било, а токму таму сподели фотографија која привлече внимание поради нејзиниот модерен маникир.
Популарниот фанцуски маникир никогаш не излегува од мода, а се чини дека оваа година е позастапен од кога било. Ноктите на Џесика имаат облик на бадем и изгледаат повеќе од софистицирано со овој класичен дизајн.
фото: принтскрин